Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој што има на англиски на испит :)?
глупости, десетка се вади ептен лесно :) јас не извадив, имав 9 оти имав минуси кај таа што ни беше на нас ради смеење.

не се замарај со тоа, не ми ни текнува што имаше точно од што беше смејурија :)
 
Прашање... Физика 1 кај Верка. На испит има услов за да положиш слушнав 50% теорија 50% задачи... со оглед на тоа дека имаме нели +поени од домашни и др. Мене ми се потребни
40 поени на испит кои трансформирани даваат 24 за вкупно и ке имам 50 за да поминам?
 
Лихнида мене ми кажа кога полагав, колку треба да имаш од задачи и ми рече 18-20. Е за теорија не знам , доста ти се 25-30 негде.
 
мене ми треба збирка
види да не е оваа книга
Основи на електротехниката 2 ЕЛЕКТРОМАГНЕТИЗАМ од Панчо Врангалов? хаха панчо :р
ако е таа ја имам дома неотворена никогаш.

друго што имам од книги:
- лабараториски практикум за електротехника 2, кој мислам дека е за сите профероси, види коа ке почнеш пиши ми ако ти врши работа ќе ти го дадам.
- Збирка на решени задачи по основи на електротехника 1 (скрипта)
- Основи на електротехника 1 Леонид Грчев
- Физика 1, Михаил Толев
- Збирка одбрани решени задачи за Физика 1, од Верка Георгиева, Христина Спасевска, Маргарита Христова.
- Англиски книга неотворена никогаш. (скрипта)

ако на некој му требаат, нека ми пише, ќе излеземе во пресрет, ќе му ги дадам на користење, ама под услов да ги части сите членови од странава кога ќе положи :)
Мене ми треба збирката решени задачи Физика 1
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 19:03 ---
мене ми треба збирка
Мене ми треба збирката решени задачи Физика 1

До вторник нај касно пиши да се договориме
 
Практикум по копјутерски вештини и алатки
Практикум по MATLAB
Комуникациски и презентациски вештини
Електротехнички материјали
Pros and cons за овие предмети ако може некој да каже, и кој е подобро да биде изберен, дека ни се ставени во изборни предмети. :)
 
Има ли некој од ЕРПС од мајка роден што ги слушал предметите Оптоелектроника или Дигитално процесирање на слика, па да сподели искуство? :) Благодарам однапред
 
Прашање... Физика 1 кај Верка. На испит има услов за да положиш слушнав 50% теорија 50% задачи... со оглед на тоа дека имаме нели +поени од домашни и др. Мене ми се потребни
40 поени на испит кои трансформирани даваат 24 за вкупно и ке имам 50 за да поминам?
Лани на испит со 20 бода задачи мислам пуштаа, а теорија кај Верка глеј бар 25 да имаш.

Практикум по копјутерски вештини и алатки
Практикум по MATLAB
Комуникациски и презентациски вештини
Електротехнички материјали
Pros and cons за овие предмети ако може некој да каже, и кој е подобро да биде изберен, дека ни се ставени во изборни предмети. :)
1.2 саата лабараториски неделно, се учи MS Office и Linux команди. На 2-3 недели се праат тестови нема колоквиуми освен ако не собереш поени од тестовиве.
2.MATLAB замарање е не би ти го препорачал.
3. Се учи однесување и комуникација, прв колоквиум 20 прашања/втор ќе треба да презентирате пред него.
4. Незнам баш што се учи, али дава професоркава прашања за колоквиум.
 
Некој што слушал Компјутерски компоненти и периферии, да каже што се прави на лабараториските?
 
Некој што слушал Компјутерски компоненти и периферии, да каже што се прави на лабараториските?

Се користи некој софтвер за хардверско анализирање на PC-то, ти листа што и како имаш од хардвер на него, и треба да го напишеш тоа истото во лабораториските. Имаше и некои пресметки, али некоја проста математика беше у прашање. Јас го земав предметот мислејки дека ќе научам нешто, а испадна дека за 90% од луѓето предметот беше сфатен како стихотворба што треба да се научи на памет, уствари и таков сличен пристап имаа професорката и асистентката.
 
Јосиф Ќосев арен е? :)

На Машински сум меѓутоа имам предмет Применета Електроника кај него.
 
Нека сподели некој искуство за озогласениот МПС :D Што е толку проблематично околу предметов?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom