Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
И така сте во политика дел западнати, Вачно Каргов си дал оставка варум бе? Човекот кој залепи безброј казни и санкции, пријавен е за мобинг, тотален лудак у движење си дал оставка? Да не несакал да дила дрога :D
http://www.maxim.mk/vancho-kargov-vekje-ne-e-direktor-na-carina

Го удрил крекот у глава :D
 
И јас мислам дека има многу политика во дискусијава
Но ајде јас да Ве замолам нешто:
Како да ги натерам политичариве, барем еден, да ветат дека ќе се укине зонско и злоупотреба на пајациве?
Никако неможеш да ги натераш. Посвети се само на себе си, крени раце не вреди да се мачиш и буткаш ѕид со глава. А и за кого е прашањето? :)
 
Остај ти унапредување, чим лудакот ја напушти жешката столица во царина се дешава нешто таму :D

Таму директорот си останува ист. :D Овој само го префрлија да врши тортура врз инспекторите. Огромни надлежности ќе има тоа тело. Ништо чудно за брзо Горан Трајковски да не биде најозогласеното име во финансии. :D
 
Остај ти унапредување, чим лудакот ја напушти жешката столица во царина се дешава нешто таму :D

Јас се си мислев од ДУИ ке стават прв човек таму, на така ми мирисаше цела работа.
 
Јас се си мислев од ДУИ ке стават прв човек таму, на така ми мирисаше цела работа.
Е ќе свршеа работа :D
Каргов лудакот ќе каже за некое време нешто, ќе си ја олесни душата :D
 
Е ќе свршеа работа :D
Каргов лудакот ќе каже за некое време нешто, ќе си ја олесни душата :D

Не за тоа туку избори се ближат па во стил на пеглање на односите помеѓу коалиционите партнери. Натиго дајмиго стил, само нашиот стил е повеќе натиго отколку дајмиго:(
 
Е ќе свршеа работа :D
Каргов лудакот ќе каже за некое време нешто, ќе си ја олесни душата :D
http://www.novini.mk/read/590839/kargov-premesten-zatoa-shto-bil-kvalitet
Квалитетот, способноста и знаењата на Ванчо Каргов биле пресудни за тој да биде преместен од позицијата директор на Царинската Управа и да биде именуван за претседател на Инспекцискиот совет, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Одлуката била донесена на вчерашната владина седница затоа што Владата била задоволна од резултатите што Каргов ги постигнал во Царината и од бројните меѓународни признанија што ги добил.
„Токму поради овие причини, поради квалитетот во работата на Каргов и неговите способности, неговите знаења, Владата одлучи во идниот период тој да биде претседател на Инспекцискиот совет, тело кое што ќе биде централен столб на една од најзначајните суштински реформи што ги преземаме во целокупниот наш мандат, а тоа е реформата на инспекциските служби. Позитивните резултати кои Каргов ги направи во Царината очекуваме да бидат пресликани во рамките на Инспекцискиот совет“, рече Ѓорѓиев.
Владата на вчерашната седница именувала и уште четворица од предвидените шест члена на Испекцискиот совет – Војислав Димитровски од областа на земјоделството, шумарството, ветеринарството и безбедноста на храната, Иринка Ќосева од областа на градежништвото, урбанизмот и транспортот, Марина Поповска Домазетовска од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето и Александар Брезовски од областа на надзорот на пазарот, работните односи и безбедност и здравјето при работа.
На местото на Каргов, за нов директор на Царинската управа е назначена Наташа Радевска Крстевска која доаѓа од Министерството за финансии.
 
Квалитетот, способноста и знаењата на Ванчо Каргов биле пресудни за тој да биде преместен од позицијата директор на Царинската Управа и да биде именуван за претседател на Инспекцискиот совет, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
.
WOW, затоа ли ? :pos:

А овој ? Што квалитети има за амбасадор ?



Ветеринар стана амбасадор во Будимпешта

Игор Есмеров е експерт за ДНК на шарпланинци и за биологија на клетка, но и донатор на ВМРО-ДПМНЕ со 200.000 денари на изборите во 2011 година

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0F0E889A93FE1E4DAD07350D33C56660
 
Никако неможеш да ги натераш. Посвети се само на себе си, крени раце не вреди да се мачиш и буткаш ѕид со глава. А и за кого е прашањето? :)

Не може човек кој незаконски казнува, за да од тие казни примаат плати негови приврзаници и роднини, биде лидер
Сите кој гласаат за такви самите себе се понижуваат. Јас постојано тврдам политичариве нас обичните граѓани не третираат како стока.
 
И така сте во политика дел западнати, Вачно Каргов си дал оставка варум бе? Човекот кој залепи безброј казни и санкции, пријавен е за мобинг, тотален лудак у движење си дал оставка? Да не несакал да дила дрога :D
http://www.maxim.mk/vancho-kargov-vekje-ne-e-direktor-na-carina


Бегаат Глувците први од бродот што тоне

ЕКСКЛУЗИВНО: Ставревски го напушта Груевски и заминува на гурбет во Америка

http://libertas.mk/екслузивно-ставревски-го-напушта-гру/
 
Квалитетот, способноста и знаењата на Ванчо Каргов

Се вундеркинди по нашиве институции со IQ > 160, а да му дадеш фирма со 3 кокошки, ќе изгуби 4 од нив.
Тешко било да бидеш директор на царина :facepalm: , тури му пепел на тој квалитет.
 
Не се нормални овие што прават.. КВАЛИТЕТОТ! Многу битен момент.. мааа ние секако сме у к**** отидени. Не е ништо ново, ништо чудно што " човекот од доверба на Груевски " е баш овој КВАЛИТЕТЕН човек. Секоја чест, браво за неговото унапредување! Браво!
 
И што има врска ова со тоа што јас го напишав или предложив.
Дека тој купил машини и развил бизнис затоа ке зема пример 10 пати повеќе плата од најдолниот во хијерархијата. Малце му се.
Само знаеш зошто тоа никогаш нема да заживее нити тука нити било каде? Затоа што законот за минимална плата не го ограничува газдата колку тој ке се богати. Тој може да дава пример 10000 денари плата а самиот тој да зема 100000 евра плата, додека со ова ке го мани онаму каде што најповеќе ке го здоболи. За да земи тој 100000 евра ке треба спрема тоа и да ги крени платите на другите под него. Па така ако фирмата е богата а газдата сака да се курчи со своето богатство ке треба и дел од тоа богатсво да го сподели со луѓето кои му овозможиле толкав профит. Ако фирмата реално е сиромашка тогаш пак платите би оделе во некој сооднос со тоа.
А моментално фирмата е сиромашка, платите ограничени со закон за минималец а газдата со пари да незнае што да прави со нив.

Океј еве, чистачката ако зема 8к, некој инженер зема 60к, малце е нефер да се скоро изедначени платите на газдата и на инженерот, кога газдата влага во целата работа со огромен ризик.

Бтв не сум економиста, само правам муабет од гледна точка на газдата, лаички.
 
За да земи тој 100000 евра ке треба спрема тоа и да ги крени платите на другите под него. Па така ако фирмата е богата а газдата сака да се курчи со своето богатство ке треба и дел од тоа богатсво да го сподели со луѓето кои му овозможиле толкав профит.


Ако подразбираш бонуси, да, ако подразбираш цел профит за делење, не.

На крај краева, сите ги потценуваме менаџерите, ама тие ја имаат најголемата одговорност во една компанија (ако ги исклучиме овие македонските wannabe менаџерчиња).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom