leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Ама таму кај што го ценат Кире знаеш зошто го ценат? Зошто не се праи дека е над сите, зошто има многу луѓе што се над него и зошто они му го даваат лебот, па несмее многу многу да паламуди. Си ја работи работата како што ке му кажат и крај.
Тука незнам што изиграва, играч, капитен, тренер, директор на репрезентација, све у едно.
Мислам дека нема човек што не му е благодарен за се што напраил за ракометов и општо државава, и од овие тројца што ги спомна он е на некој начин ''најчист'' и многу ретко се гледа да се плука по него.
АМА, се запрашил ли некој досега за што го користи авторитетот?
За бркање на тренери и бутање на батиња во репрезентација?
Што не го искористил за да побара подобри услови за репрезентативците на пример, подобри припреми и слично, нешто на што сите национални тимови се жалат одкога знам за себе.
П.С. Не ме мешајте со идиотите што коментираа на утакмиците дека без Кире сме биле подобри, бесмислено е тоа воопшто да се коментира.
Ова е само едно мое согледување на работите од еден друг агол.
Јас за тоа ја обвинувам РФМ и трењер. Толку им е авторитетот. Неможе да не се создаде 10 години бек во Македонија, Кире иде само за репрезентација и си оди. Овие што прават да не везат? Кире е најдобар играч, како што судиите му гледаат низ прсти така и трењерот гледа. Авторитетот на Кире е појак од оној на трењерот. И тоа не е проблем на Кире. Тоа е исто како јас идам у своја фирма и вработените ми кажуваат јас што да правам. Ебате авторитетот нели. И потоа авторитет не се добива туку се стекнува. Кога некој ќе го проценат дека знае да го води тимот, авторитетот сам ќе се создаде. Неможеш ти со сила да ги тераш нешто да прават кога гледаат дека не иде. Борко не го извади 5 минути, Манасков беше директно за на гилотиња и упорно го држи во игра цел натпревар. И за каков авторитет ние овде треба да зборуваме?
Јас разбирам дека Кире треба да се исконтролира од некој трењер, али овој сигурно тоа нема да го направи. Тоа ќе го направи некој кој ќе го разбере тимот и ќе исчисти се. Или ќе биде Русин

И ова натурализирањево ми е глупо да го коментирам. Кога немаш играч ќе си купиш, не гледам што е чудно. Женска репрезентација цела ни беше купена, па тие девојки играа десет пати со срце на терен одколку нашите принцези. Оти нашиве се Митков, а Митков нема шо да игра во репрезентација. Дрво.
И ако ги пцуеме или вака критикуваме тоа не значи дека не ги сакаме. Манасков има дрскост, млад е и не е за бркање на таа крилна позиција. Али бре кога не му оди ќе седи на клупа. Гледаме ние дали некој е за репрезентација или не, нели не сме слепи. Исто и Боро знае да направи одлични партии, али да тргнеш со еден голман на Европско? Мислам лудо е да коментирам. И после Кире не го слушал, како да го слуша кога он трча, дава голови се труди, лета Манасков кечер стил и за 2 минути го гледа пак на терен. Боро иде у напад, а Кире не го слушал трењерот, мислам кој би го слушал
