Да го произнесам и мојот став околу евентуалното заминување на Мата...
Значи освен размена Мата - Руни што нема логика да се деси, друго ништо не би прифатил. Значи и за 50 милиони да го дадеме преодниов рок, и колку Ман Утд да нема шанса да ни се замеша во трката за титула сезоната, тоа, ако не за оваа, за следната сезона би било самоубиство на некој начин. Да го гледаш својот најдобар играч изминативе две сезони, како ти шиба голови, па макар и да асистира, за мене ни малку нема да е сеедно.
Го читав линкот погоре од Стандард, и овој новинарот кој вели дека тоа Мурињо демек го прави со причина за да им кинат бодови на конкурентите, и полесно да стигнеме до титулата сезонава, но што потоа, што е со следниве сезони понатаму, знаејки сите колку само квалитетен играч е Мата. Да го засилуваш директно главниот конкурент изминативе неколку сезони? Ако веќе толку е сигурен дека ваквиот потег би му помогнал токму оваа сезона, за освојување на титулата, дај го на позајмица, па на лето кога ќе се врати, продај го надвор од Англија, ако толку не сметаш на неговите услуги. Не дека Јунајтед би се согласиле на ваков потег, но главен губитник во ситуацијава би биле ние.
Од друга страна кога ќе видиш, 40 милиони за играч кој повеќе време помина на клупата отколку на теренот, е премија, но знаејќи каков играч е Мата, што е до мене, во никој случај не би го продал во Англија, а не пак во Јунајтед. Кога не сакаа да ни го дадат Руни, зошто пак ние да им го даваме Мата?!
И како што наведоа повеќе медиуми, демек работава е скоро готова, ако се деси такво нешто нека се е**т сите од управата...
