Xibalba
Господин Господин
Скандал: Најголемиот европски автоклуб го лажирал гласањето за автомобил на годината!
Германскиот автоклуб АДАК (ADAC) се извинил откако првите луѓе на клубот признале дека манипулирале со податоците од истражувањето за омилениот автомобил на Германците, пренесува Индипендент.
Тие минатата недела жестоко го демантирале написот на Зидојче цајтунг во кој било откриено дека гласањето на читателите за омилените автомобили во Германија во месечното списание на АДАК било наместено.
Но, потоа шефот на Одделот за комуникација на АДАК, Михаел Рамштетер ја потврдил манипулацијата со гласањето и дал отказ. Тој кажал дека прикажале поголем број гласови на читателите отколку што добиле, но дека редоследот на автомобилите не бил изменет. Тој инсистира дека голфот на Фолксваген бил победник во последното гласање.
Рамштетер признал дека „на неверојатно дрзок начин се манипулирало со бројот на гласовите од читателите годинава, но и во претходните години“, изјавил генералниот директор на АДАК Карл Обермер на конференцијата за новинари во Минхен.