Лажиран изборот на Голф за автомобил на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.104
Поени од реакции
11.523
Локација
Sydney
Скандал: Најголемиот европски автоклуб го лажирал гласањето за автомобил на годината!

Германскиот автоклуб АДАК (ADAC) се извинил откако првите луѓе на клубот признале дека манипулирале со податоците од истражувањето за омилениот автомобил на Германците, пренесува Индипендент.

mkd-103104.jpg

Тие минатата недела жестоко го демантирале написот на Зидојче цајтунг во кој било откриено дека гласањето на читателите за омилените автомобили во Германија во месечното списание на АДАК било наместено.
Но, потоа шефот на Одделот за комуникација на АДАК, Михаел Рамштетер ја потврдил манипулацијата со гласањето и дал отказ. Тој кажал дека прикажале поголем број гласови на читателите отколку што добиле, но дека редоследот на автомобилите не бил изменет. Тој инсистира дека голфот на Фолксваген бил победник во последното гласање.
Рамштетер признал дека „на неверојатно дрзок начин се манипулирало со бројот на гласовите од читателите годинава, но и во претходните години“, изјавил генералниот директор на АДАК Карл Обермер на конференцијата за новинари во Минхен.
 
И ти поверува на ова? :cautious:
„Ако баба лаже, трап не лаже“ (или како веќе беше изразот...) - Голфот е сепак убедливо најпродаван автомобил во Германија - тоа само по себе доволно зборува.
 
Сега ти верувам дека си од Гостивар

А кој би требало да биде правиот победник ?
Резултати ?
Не си дочитал убаво... Наводно, пласманот на автомобилите не бил менуван, единствено го зголемиле бројот на гласови за секој автомобил бидејќи многу малку луѓе реално гласале.
 
Не си дочитал убаво... Наводно, пласманот на автомобилите не бил менуван, единствено го зголемиле бројот на гласови за секој автомобил бидејќи многу малку луѓе реално гласале.

Тој така тврди, но не знам која би му била целта со манипулацијава ако пласманот останува непроменет.

Иако не ми е чудно Голфот да е на врвот. Речиси секоја година е сериозен кандидат за најпродаван автомобил.

Ќе може Топ 3, 5, 10 листа ?
Напорно ми е да гуглам од телефон (крш е) :)
 
Целта му била да го одржи кредибилитетот на наградата - ако гласале многу малку луѓе, тогаш значењето на признанието опаѓа.

Инаку, листа не можам да најдам... Излегуваат само вести за лажирањето.
 
„Ако баба лаже, трап не лаже“ (или како веќе беше изразот...) - Голфот е сепак убедливо најпродаван автомобил во Германија - тоа само по себе доволно зборува.
Вака изгледа побарувачката и потрошувачката на возила во Германија и останатиот свет
1.Mercedes
2.BMW.
3.AUDI
4.GOLF
5.FORD
Во Македонија лепат билборди со лажна реклама дека гољф 40 години е најпродавано возилo
 
Откаде ти се па тебе овие инсајдерски податоци :icon_lol: Барем Тојота да ја ставеше негде, кога веќе рачунаш цел свет :icon_lol:

Еве податоци за најпродавани возила во Германија: http://bestsellingcarsblog.com/2014...n-audi-a3-and-skoda-octavia-reach-new-heights
 
Вака изгледа побарувачката и потрошувачката на возила во Германија и останатиот свет
1.Mercedes
2.BMW.
3.AUDI
4.GOLF
5.FORD
Во Македонија лепат билборди со лажна реклама дека гољф 40 години е најпродавано возилo
Ти бе да не си правел листа на омилени возила.
 
Вака изгледа побарувачката и потрошувачката на возила во Германија и останатиот свет
1.Mercedes
2.BMW.
3.AUDI
4.GOLF
5.FORD
Во Македонија лепат билборди со лажна реклама дека гољф 40 години е најпродавано возилo

Оваа е твоја замисла ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom