- Член од
- 7 јануари 2008
- Мислења
- 5.366
- Поени од реакции
- 804
na ETF
Некако чудно ми падна да си на некаков информатички факултет а да несакаш да се насочиш на програмирањето...
Во врска со задачата, нема да ти ја решам но ќе ти дадам насока што мислам дека ќе ти биде доволна за решавање на задачата.
Најпрво, постави да се внесе број на редици и колони (во твојот случај ќе биде 2х2). Потоа, креирај дводимензионална низа со број на редови 2 и број на колони исто така 2. Следно, со 2 фор циклуси измини ги должините на редиците и колоните и внеси ги 4те елементи.Ако ти е полесно, можеш да иницијализираш 4 променливи (a,b,c,d) и на секоја од нив да им ја доделиш соодветната вредност од низата (00, 01, 10,11).
Потоа, потребно ти е да ја решиш матрицата. Тоа ќе го направиш со наоѓање на детерминантата, а таа се наоѓа со множење на (d*a) - (-c*-b).
Тој резултат зачувај го во некоја променлива (пример rezMatrica). Па во некоја друга променлива (rezPrvDel) пресметај го количникот од 1/ad-bc.
Веќе кога ќе ги имаш пресметано овие 2 резултати, во некоја трета променлива (дури и немора во променлива може право да се печати) едноставно помножи ги rezPrvDel * rezMatrica и ете ти го решението