Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

Етапно зголемување на минималната загарантирана плата од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари до март 2016 година, најави во понеделникот премиерот Никола Груевски.

Тој во обраќањето пред синдикалните движења во Македонија најави дека покачувањето ќе започне во март годинава, кога минималната плата ќе се зголеми на 8.800 денари, во март наредната година предвидено е загарантираната минимална плата да се зголеми на 9.500 денари, за да во март 2016 година се стигне до 10.080 денари.

Со поинаква динамика ќе се зголемува платата за вработените во текстилната и кожарската индустрија, каде што и сега минималната загарантираната плата отстапува и изнесува 6.859 денари

Предвидено е во овие гранки минималната загарантирана плата да се изедначи со останатите во март 2018 година, со тоа што во 2014 година ќе се зголеми на 7.500, во 2015 на 8.050, во 2016 година на 9.000, а во 2017 на 9.590 денари.

Груевски потсети дека минималната загарантирана плата беше воведена за прв пат во Македонија во на почетокот на 2012 и тоа без никаков притисок или штрајкови.

Загарантираната минимална плата од 8.050 денари се применуваше во сите гранки на стопанството, освен во текстилната и кожарската индустрија, каде заради спецификацијата на дејноста, минималната плата беше утврдена на
6.226 денари.

„Со оваа мерка ќе се зголемат примањата на околу 65.000 работници во државата“, изјави премиерот Груевски.

Тој информираше дека за оваа мерка биле извршени неформални консултации со раководството на коморите, работодавачите и со раководствата на синдикатите и подвлече дека ова е голем успех на синдикалното движење.

Мерката треба да помине на владина седница за десет дена, по што би влегла во собраниска процедура.

Груевски, пред раководството и дел од членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Конфигурацијата на слободни синдикати (КСС), потврди дека сите вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување на платите од пет отсто, кое ќе започне да се применува со септемвриската плата.

Во подолгото обраќање, Груевски се осврна на низа мерки кои владата ги презела во изминатиот период за подобрување на работничките права, но истакна дека остануваат уште проблеми и предизвици кои треба да бидат решени и за кои владата е подготвена да соработува.

Груевски изрази уверување и дека новиот закон за вработени во јавниот сектор и државни службеници, со кој ќе бидат опфатени и здравствениот сектор, културата и образованието, ќе придонесе Македонија да стане помодерна, понапредна и поефикасна држава.

Претседателите на ССМ, Живко Митревски и на КСС Виолета Спасова изразија задоволство од начинот на кој што се води социјалниот дијалог во Македонија во последните години. /крај/
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Пошо темата за миљонот на TheRitchBitch замина во вечноста, нека иде и овој политички маркетинг....
Претседателите на ССМ, Живко Митревски и на КСС Виолета Спасова изразија задоволство од начинот на кој што се води социјалниот дијалог во Македонија во последните години.
- ова мизерно, патетично „синдикално“ фелацио....

Барем миљончето на грдата е реално, а ова е само научна фантастика, ма колку и се мизерни тоа минималците....
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Ќе се зголеми..... супер, сега ги покачија плативе и со една плата џип ќе купуваме.

На некој многу ќе му значи покачувањево, но веќе кога сме тргнале на пат Европа да глумиме, минимална плата не треба да биде 10.000 денари ;)
 
Ф

Флеш

Гостин

бро , не знам шо очекуваш преку ноќ да имаш плата од 1000 евра , ќе ти рикне и економија и се , ќе имаш небаланс .... за една работа е потребно долго време раст, а уништување само една секунда ... не ми е логично како и повеќето од старата генерација , се научиле преку погача леб плата .... знаеш дека ни беше лоша економијата ,сега се враќа во нормала кон позитива .... не е можно за еден ден плата од 1000 евра , можно е со нафта само .... ако се најде , знам дека Овче Поле врие со нафта :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

А ко демек ние па ја имаме и вака би рикнала? :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ова е предвесник на ново поскапување од ЕВН или некоја друга комуналија.
Енергенсите или додадена моќност како и да беше тоа измисленото срање од 33% ќе отиде на 77% :rolleyes:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Загарантираната минимална плата од 8.050 денари се применуваше во сите гранки на стопанството, освен во текстилната и кожарската индустрија, каде заради спецификацијата на дејноста, минималната плата беше утврдена на 6.226 денари.

Да нема забуни, болдираното кажува дека илјадници вработени ќе останат без тој минималец. Другото е се политички Епп пред избори.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Ова е (би требало да е) природно покачување на минималецот ради инфлацијата. Реалното зголемување ќе биде рамно на нула, ако не и во минус.

Ама, ај ќе го искористиме како маркетинг - ВМРО.

И по кој знае кој пат, со вакви вести се забошотуваат скандалите.

By the way, НА ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВЕРУВА! :tapp:
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

Со поинаква динамика ќе се зголемува платата за вработените во текстилната и кожарската индустрија, каде што и сега минималната загарантираната плата отстапува и изнесува 6.859 денари

Предвидено е во овие гранки минималната загарантирана плата да се изедначи со останатите во март 2018 година, со тоа што во 2014 година ќе се зголеми на 7.500, во 2015 на 8.050, во 2016 година на 9.000, а во 2017 на 9.590 денари.
Онаму каде најмногу се експлоатирани работниците, најмалку...едно големо ништо. За македонски услови 3г се многу...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.524
па би ја дотепала ,докрајчи кажано и тоа веќе подобреното .... -5-4-3-2-1 0 +1+2+3+4+5 .... (y)
Кое пусто подобрено и едните и другите крадат лево десно кај ќе стигнат се натпреваруваат кој може повеќе, само за тоа ги бива. :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom