Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ја гледа човек оваа игра на Јуве во последниве 10тина утакмици во Сериа А може само да се изначуди како не успеавме да се пласираме понатаму во ЛШ. Уште не можам да сфатам, али тоа е, стојат 3 други трофеи на дофат, сезоната е далеку од пропадната.:)
Одлична игра и на Маркизио во последните утакмици, и иако е Погба звер, сепак мислам дека жално е играч како Маркизио да ја грее клупата, барем засега.
 
Кога го гледаш како игра на терен, знаеш дека не дава 100% од своите сили... си игра лежерно на теренот, и пак го прави тоа со многу стил... :drk:

 
Момци читам на ТутоЈуве и се зборува за смена на релација Интер-Јуве (Гуарин-Вучинич). Интер го барале Вучко а нашите во тој случај сакале смена со Гуарин.
 
Ако направат таква глупост Вучиниќ за Гуарин ќе зажалиме многу. Барем нека го продадат во Англија.
 
Grazie MIRKO !!!

A za Guarin Juve go barase pred 2 sezoni , i koga otide vo Inter , ne znam sto rece za nas nesto , i so doagjanjeto na Guaro vo leto Pogba si zaminuva?
 
Sky Sport јваува дека Вучиниќ дошол во Виново и ги испразнил своите плакарчиња и се поздравил со своите соиграчи - не е објавена дестинацијата...Милано (замена со интер за Гуарин - ова штотуку се појави) или Лондон (Арсенал, Тотенхем).
 
Готова е работата , Мрзата замина.. сепак фала му на се што направи за Јуве, доста важни голови даде, асистенции... но во овој Јуве нема место за него во стартните 11, а на клупа не му се дреме... нека игра во интер и тоа е... Сега Гуарин каде е у плановите на Конте .... љута замена?
 
Ми се чини дека рано е уште да му заблагодаруваме, мислам дека Интер(колку и да се неспособни) не би направиле ваква замена, освен ако не доплатиме 30 милиони или повеќе. А претпоставувам сумата ке биде околу 10тина милиони...
А за Гуарин ке има место, само со една класа замена во тим што игра формација со 3 СМ не бива. Можда сега ви се чини дека нема место дури ни за Маркисио, ама ке видите кога ке дојде вториот дел од сезоната, ЕЛ, купот...
Ако идеме до крај во сите такмичења ке се фатат 30-35 утакмици за 4 месеци, и тоа како ке ни требаат замени.
Да не збориме за наредна сезона и ЛШ.
 
Не ми е логична некако трампава ама ај... дали се спремаат за продажба на Погба?
 
Незнам зошто сите мислите дека се спремаат Погба да го шиткаат, мора да имаме асални замени за среден ред.
 
Па реално Гуарин не на нивото на Маркизио и Асамоа а не ми личи и на играч кој би сакал да биде замена. Јас се надевам дека во последен момент Марота може да му го земе Ковачиќ.:D
 
Според Ди Марцио утре треба да се сретнат клубовите и да ги до завршат деталите околу трампата, како што пишува тој утре Гуарин треба да биде подложен на медицински тестови.
 
Ги читам вестиве за трампава, и ја слушам песнава...
devils-horn-smiley-emoticon.gif



Yeah, Гуарин... бесна замена, 100000... пати подобро одколку Падоин, сега само ме интересира кој ќе донесе Марота како замена за Мирко, мислам дека ако ни се повреди некој од напаѓачите, ќе имаме тенка клупа во тој дел од екипата.
Мрзо фала ти за се што направи за Јувентус, за головите, изгубените нерви и оштетениот вид
 
Незнам зошто сите мислите дека се спремаат Погба да го шиткаат, мора да имаме асални замени за среден ред.
Точно, барем зимава мислам дека Погба нема шанса да замине.

А реалноста е таа дека Погба кога-тогаш ќе си оди од Јуве. Ќе се загнат по него Реал,Барса,ПСЖ, ќе кешираат, а кога ќе се додаде фактот што песот Раиола му е агент тогаш треба да се случи чудо Погба да остани во Јуве долго време. Е сега, Јуве примарна цел треба да му биде продолжување на договорот на Погба со клаузула 50+ милиони, и да искешираат од него, а после да ги реинвестираат парите во играчи. Доволно е да се посочи случајот со парите од Зидан, кога се доведоа Буфон, Недвед и Турам.

Вучинич веројатно сам си барал трансфер, увидувајќи дека покрај Љоренте е Тевез нема да има простор за играње. Штета е што оди во Интер, но што е тука е. Гуарин рака на срце им е најдобриот средишен играч на Интер, и сметам дека под водство на Конте ќе биде уште подобар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom