24.октомври.1997: Убиен Зоран Тодоровиќ во Београд , тогаш директор на Беопетрол и генерален сектретар на Југословенската левица. Тешко повреден и Синиша Миленковиќ.
10-11 април 1997: Убиен Радован Стојчиќ-Баџа, началник на Јавна Безбедност, убиен е во ресторан полн со гости. Баџа важел за близок човек на Милошевиќ. Не се знае кој и зошто го уби.
9 октомври 1999: Четирикратно убиство на Ибарската магистрала. Убиени: Веселин Бошковиќ, Вушур Ракочевиќ, Драган Вушуревиќ и Звонко Осмајлиќ.
Камион во сопственост на Државна Безбедност намерно предизвикал сообраќајка.
Во 2007ма за оваа дело се осудени бившите припадници на Државна безбедност како и Улемек Легија.
7 февруари 2000: Атентат врз министерот за одбрана Павле Булатовиќ. Неговите убијци и ден денеска не се познати. И Булатовиќ бил убиен во ресторан.
25 април 2000: Убиен генералниот директор на Југословенскиот аеротранспорт Живорад Петровиќ во Београд. Наводно Петровиќ изнесувал пари надвор од Србија по налог на Милошевиќ.
13 мај 2000: Убиен Бошко Перошевиќ, висок преставник на СПС , иако беше уапсен обезбедувачот на саемот во Нови Сад , сепак истрагата не беше завршена до крај.
15 јуни 2000: Истата група од Државна Безбедност и Легија изврши атентат врз Вук Драшковиќ , но тој преживеа и покрај тоа што беше погоден со два куршума во пределот на левото уво и десната слепоочница. Учениците беа осудени во 2007ма.
25 август 2000: Исчезна поранешниот претседател на република Србија , Иван Стамболиќ. Неговото тело беше пронајдено во 2003 година , а осудени се неговите убијци на чело со Легија.
3 август 2001: Убиен е Момир Гавриловиќ, помошник началник на ДБ , пред неговиот стан во Нови Сад. Изнесувал детали за криминалот на власта.
10 јуни 2002: Убиен Бошко Буха , помошник началник во Јавна Безбедност. Он ја составувал белата книга на МВР за организираниот криминал. Неговиот осомничен убиец не е достапен.
26 ноември 2002: Убиен Ненад Баточанин , заменик началник во СУП, заедно со Желко Скрба, кој требало да биде клучен сведок против организираниот криминал. Убиецот Владимир Милисавлјевиќ-Будала е осуден на 40 години.
12. март 2003: Во дворот на Владата на Србија е убиен Зоран Ѓинѓиќ, премиер.
Дело на Легија и потполковликот на Државна Безбедност Звездан Јовановиќ.
Според денешните српски политичари (парадоксално, истите тие во тоа време биле на власт), има и многу други горчливи ствари да се обелоденат.
Најшокирачкото признавање беше дека убиството на 6 српски тинејџери и други 15 повредени во Пеќ е дело на Државната Безбедност и ЈСО (на Легија).
Постоела група задолжена за вакви ликвидации, влегување во ресторани и професионално ликвидирање, не им било проблем.
Не се набројани мафијашките пресметки , и Аркан беше убиен во полн ресторан, исто како децата во Пеќ.