Одлично поставена игра, но имам замерки за замените.
Кејхил - оваа сезона е играчот со временски најточните лизгачки стартови во ПЛ што имам гледано и многу се има подобрено од лани во секој поглед.
Луиз - одличен

. Покажа дека може да се контролира и според мене потребни се такви дуели во граници на дозволеното.
Вилиан - многу слабо денес. Требаше да биде заменет од
Мата во второ (55-та +).
Оскар - за притисок и покривање одличен денес за врзување многу слабо-никаде го немаше.
Ето - сите не изненади. Човекот има голема среќа дополнета со она што го има старото во него лукавоста. (за споредба,
Торес нема ни малку среќа да го подигне на високо ниво)
Мурињо - одличен за да постави игра, но истовремено и плашлив. Плашлив во смисла да вметне во игра еден играч кој би направил разлика особено кога не некој не му оди.
Значи водиш од 50-та минута 3-0, противникот тотално неутрализиран и да не пуштиш играч којшто би се мотивирал повеќе ако „не е“ во форма.
Сигурно е во форма да добива 1 минута да изигра барем како замена...
Не вреди да го измачува вака играч со такви квалитети. Четири натпревари од кои 2 „дерби“, една во купот против Дерби и една против Хул. Да не замениш 1 играч на позиција каде имаш 100 играчи на располагање, барем во купот е крајно понижувачки и пичкарски.
Мата се загреваше со Хул пред да се отвори натпреварот што влеваше надеж (и
Мурињо изјави дека планирал да го пушта во игра доколку резултатот не се променил) но одлучи да не го пушти.
Што доколку немаше успех во неговата замисла? Ризик постои и вака и онака, но секогаш Мурињо го одбира она единственото, што честопати сезонава резултираше со губење на бодови.
Денес особено го забележав тоа речиси тотална неповрзаност. Ако нема контра тогаш ништо. За тоа и бира играчи кои располагаат со брзина, но не секогаш е клучна.
Реши го противникот доколку имаш можност, шутирај надвор од 16, пробувај да играш незапирливо...
Заборавив да искоментирам за натпреварот со Саутемптон 01.01 кога беше
Мата повлечен од игра и оправдано изреагира така. Го гледав на снимка натпреварот (подетално зошто не го гледав на начин како што сакам да изгледам натпревар) и беше најдобриот во прво полувреме, а читав коментари не само тука дека бил тотално отсечен, го немало никаде и сл. Значи играше на ниво од лани и преклани, а сепак беше заменет. Ретко кога играч со карактер на
Мата би изреагирал така. Овојпат замената со
Оскар резултираше перфектно. Со таа игра која ја прикажа ако не си купи минути за наредните натпревари ја не знам што треба да се очекува од него.
Пак со клише реченица ќе го завршам изнесувањето, а тоа е дека се надевам дека ќе добива постепено минутажа за да се докажува, ако не е така нека не го измачува и него и нас фановите на неговата игра, нека го продадат некаде (иако не сакам)
