- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
Новите, но и старите станови за две-три години не ќе може да се продаваат и да се издаваат ако немаат сертификат за енергетска ефикасност. Недвижностите без енергетски пасош не ќе смеат ни да се огласат за продажба без овој документ.
Истото ќе важи и за издавањето простор на државни институции, како и за зградите што се во сопственост на државата. Обврската на сопствениците на недвижности да поседуваат енергетски пасоши за зградите е дел од законодавството на ЕУ, кон кое и Македонија ги приспособува своите регулативи.
Во правилниците што ја регулираат оваа област не е наведен рокот до кога треба да се извадат енергетски сертификати за градбите. Сепак, владини извори за „Дневник“ велат дека во правилниците првично било наведено дека обврската за задолжително поседување ваков сертификат при огласувањето на недвижностите треба да почне од 2016 година. Но, наведениот рок бил избришан откако надлежните сфатиле дека речиси никој не ќе може да го испочитува. Иако во сегашните правилници не стои никаков рок, нашите извори велат дека 2016 година с` уште се зема како првична одредница од кога треба да профункционира новата практика.
Комплетен текст:
http://dnevnik.mk/?ItemID=AC259E3B60A7F747815A5E707D2ECDEF
Народе, коментари? Како и дали ќе се спроведе ова кај нас? Невозможна мисија или лека полека ќе си легнеме на брашното? Што ќе прават оние кои не извадиле ваков пасош, на црно ли ќе ги продаваат старите станови?