Извадете пасош за станот ако сакате да го продадете

Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ајде сега бугарски пасоши и за становите :) Има да потпишувате дека и подрумот и се што е у него е бугарско.
 
F

FARANG

Гостин
сеа наредно ако сакате да купите или продадете кола на пример ке треба да ја носите на технички шо ке кошта само 2000/3000 за нели да биде се нормално да се уверат дека е исправо возилото инаку нема шиткање...


Па нормално така е секад во свет. Се издава ROAD WORTHY CERTIFICATE
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Често се случува, го купувам станот со намера да го реновирам или ( ако е куќа ) да ја срушам и направам нова
Каква е смислата, во овие случаји да се вади сертификат.
Ова се работи по измените од Законот за енергетика кои потекнуваат од мај 2013,
Инаку зад ова стои еден представник на енергетската мафија
http://www.ea.gov.mk/images/stories/E_Izdanija/Izmeni_na_zakonot_za_energetika.pdf
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Дали воопшто ќе може да се извади сертификат ако е станот стар 20 години, нема парно и има слаба изолација?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали воопшто ќе може да се извади сертификат ако е станот стар 20 години, нема парно и има слаба изолација?
Најверојатно ќе може. Цел на ова е да се отворат работни места за инспектори и што ти знам друго кои ќе ги издаваат овие сертификати.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Зголемени трошоци за идавање или купопродажба незнам на кого ќе му направат добро. Најверојатно само за фирмите кој ќе се бават со оваа новокомпонирна дејност.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Најверојатно ќе може. Цел на ова е да се отворат работни места за инспектори и што ти знам друго кои ќе ги издаваат овие сертификати.
Јас сфатив дека нема да може, инаку зашто би морал некој да менува прозори?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас сфатив дека нема да може, инаку зашто би морал некој да менува прозори?
http://www.erc.org.mk/odluki/SLUZB.VES.BR. 164-2013.11.27-ZAKON IZMENA ZAKON ENERGETIKA.pdf
Еве ги дополнувањата на Законот за енергетика.
Можеш да погледаш дека се воспоставени некакви „ енергетски контролори “ и пропишано е како ќе полагаат испит, пред кого ќе полагаат и тн.
Но не е пропишано врз основ кои критериуми ќе бидат издавани тие енергетски сертификати и кои степени ќе ги имаат, за што ќе се користат. Тоа веројатно ќе биде пропишано со подзаконски акт
Да не должиме многу, ова е се направено за да постојат такви контролори, односно да се отворат работни места, за „ енергетска ефикасност “
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Проблемот не е во сертификатот. А што ако твојот објект не е енергетски ефикасен? Или како и сите други „реформи“ и оваа реформа е да се извлечат пари од луѓето и да се зголеми наплатата на ДДВ. Фискална во рака-награда без мака :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom