Извадете пасош за станот ако сакате да го продадете

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Новите, но и старите станови за две-три години не ќе може да се продаваат и да се издаваат ако немаат сертификат за енергетска ефикасност. Недвижностите без енергетски пасош не ќе смеат ни да се огласат за продажба без овој документ.

Истото ќе важи и за издавањето простор на државни институции, како и за зградите што се во сопственост на државата. Обврската на сопствениците на недвижности да поседуваат енергетски пасоши за зградите е дел од законодавството на ЕУ, кон кое и Македонија ги приспособува своите регулативи.

Во правилниците што ја регулираат оваа област не е наведен рокот до кога треба да се извадат енергетски сертификати за градбите. Сепак, владини извори за „Дневник“ велат дека во правилниците првично било наведено дека обврската за задолжително поседување ваков сертификат при огласувањето на недвижностите треба да почне од 2016 година. Но, наведениот рок бил избришан откако надлежните сфатиле дека речиси никој не ќе може да го испочитува. Иако во сегашните правилници не стои никаков рок, нашите извори велат дека 2016 година с` уште се зема како првична одредница од кога треба да профункционира новата практика.

Комплетен текст:
http://dnevnik.mk/?ItemID=AC259E3B60A7F747815A5E707D2ECDEF

Народе, коментари? Како и дали ќе се спроведе ова кај нас? Невозможна мисија или лека полека ќе си легнеме на брашното? Што ќе прават оние кои не извадиле ваков пасош, на црно ли ќе ги продаваат старите станови?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Уште една глупост...уште еден начин да се полни некоја каса:(
Ова само за станови важи?
После елаборати,сега ова,што следува...:(
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Уште една глупост...уште еден начин да се полни некоја каса:(
Ова само за станови важи?
После елаборати,сега ова,што следува...:(
Ова е барање од ЕУ сакате у ЕУ плаќајте сега и трошите време. Најверојатно цената ќе биде помеѓу 150-300 евра и ќе важат 10 години.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Јас мислам ќе си легнеме на брашното, а од тоа некој ДЕБЕЛО ќе профитира...
Сликиве се од мало градче (село) во Франција...
IMAG0428.jpg
 

Attachments

Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Според мене ова не е глупост. Баш е добро да се воведе ова но да биде функционално не ефикасност од ракав да стават. Кога некој ќе купува стан може одприлика да види каде ќе троши повеќе за ладење и греење а каде помалку што е супер да се знае и ќе го земе и тоа во предвид не само цената на станот.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ќе важело и за деловни простории...... до кај стигна светов -.-
 
F

FARANG

Гостин
Новите, но и старите станови за две-три години не ќе може да се продаваат и да се издаваат ако немаат сертификат за енергетска ефикасност. Недвижностите без енергетски пасош не ќе смеат ни да се огласат за продажба без овој документ.

Истото ќе важи и за издавањето простор на државни институции, како и за зградите што се во сопственост на државата. Обврската на сопствениците на недвижности да поседуваат енергетски пасоши за зградите е дел од законодавството на ЕУ, кон кое и Македонија ги приспособува своите регулативи.

Во правилниците што ја регулираат оваа област не е наведен рокот до кога треба да се извадат енергетски сертификати за градбите. Сепак, владини извори за „Дневник“ велат дека во правилниците првично било наведено дека обврската за задолжително поседување ваков сертификат при огласувањето на недвижностите треба да почне од 2016 година. Но, наведениот рок бил избришан откако надлежните сфатиле дека речиси никој не ќе може да го испочитува. Иако во сегашните правилници не стои никаков рок, нашите извори велат дека 2016 година с` уште се зема како првична одредница од кога треба да профункционира новата практика.

Комплетен текст:
http://dnevnik.mk/?ItemID=AC259E3B60A7F747815A5E707D2ECDEF

Народе, коментари? Како и дали ќе се спроведе ова кај нас? Невозможна мисија или лека полека ќе си легнеме на брашното? Што ќе прават оние кои не извадиле ваков пасош, на црно ли ќе ги продаваат старите станови?


Тој што ќе влезе во бизнисот да издава пасоши има да се нафатира на големо. Лесна работа е, се со софтвер (поготво за поновите згради) каде само една пресметка ти дадава горе доле резултат за цела зграда. Овде знам луге што прават и по 5000 долари чист профит дневно...
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
За ова била крива ЕУ :tapp: па ЕУ бара и името да го смениме па нели ``името не го даваме``.
Сигурно пиштол на глава не ни ставиле за ова да се спроведе.
Имаше и некој ЕУ закон за пазарите па си се побунија жестоко луѓето и законот се повлече и сега сваќате ли што е поентата.

А енергетски пасош да имат новите објекти нема ништо лошо тоа е многу добра работа.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.691
Поени од реакции
4.439
А мрчите поради? Лошо е да се знае енергетската ефикасност на станот што го купуваш/изнајмуваш? Настрана од тоа што ќе има мучки ова е позитивна работа. Не може некој со инсталација од време на Тито да форсира иста цена со новоизграден стан.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.087
Поени од реакции
11.489
ова е позитивна работа.
Идејава е одлична, само што проценката наместо да чини 20-30 евра ќе чини 200-300 евра. А знаеме чии фирми ќе се офајдат од ова.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Европски закони, Африкански плати... Hell yeah, I love this shit!
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.691
Поени од реакции
4.439
Идејава е одлична, само што проценката наместо да чини 20-30 евра ќе чини 200-300 евра. А знаеме чии фирми ќе се офајдат од ова.
Океј за тоа се согласуваме. Како и се друго ако не смислиле начин да извадат пари ич немаше да го имплементираат. Туку дај некако ние бизнис да направиме од ова :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom