- Член од
- 12 јули 2011
- Мислења
- 858
- Поени од реакции
- 412
Незнам дали е место тука ама јаке си прашам ...
ВО план сум да земам Suzuki GSR 2007 год. со 99 кс со Лео Винчи ауспух , дали како машина , во забрзување и стабилност се има покажано ... ?
И колку би коштало регистрација за истиот ?
Или пак Kawasaki Z750 со околу 120 кс ... предлог (нормално kawasaki - то е поскапо )
Епа види сега, очигледно си се решил за голиштарец... И тоа и тоа е убаво. Кавасакито е малце полично, а и појако. Сузукито се има докажано во секој поглед, посебно како машина. Негде некогаш имам прочитано дека е избран како најдобар модел во таа класа. Секако и двете ти се градски мотори, за низ градска гужва, ни тоа ни тоа не е за брзина поголема од 200 км/ч ( иако можат многу повеќе од ова ) затоа што се голи, нема кај да се скриеш, ќе те крене ветерот од него. И ако не ти значат 20 коња плус, ја на твое место би избрал Сузуки. Кај моторите регистрацијате иде на кубикажа, така што 600ка има нешто помала регистрација од 750ка. Ако се сеќавам добро за 600 кубика изнесуваше некаде околу 8 000 и нешто ситно денари, за 750 незнам, за 1 000 кубика некаде накај 11 000 идеше ( ова немора да биде 100%, ти кажувам од прилика, ако се сеќавам добро ). Јас сакав исто GSR да земам, ама ми нема логика за кај мене у град ( Куманово ) да регистрирам и одржавам 600 кубика и 100 коња, имаме 2 булевара на кои нон стоп има радари и 5-6 улици кај што возам, цел ден гужва и заради возењето прва - втора, тргни застани не се решив за такво нешто и останав на скутер...