Тарантули

  • Креатор на темата Креатор на темата sl808
  • Време на започнување Време на започнување
...... го удрив и се спасив од него...... од тогаш од пајаците трауми си набив :)

.....Пајаци неможам да смислам :)
Незнам дали било тарантула или не, ама чудото ми беше над кревет...
Битно ова огромен црн пајак беше..... не викам дека беше тарантула ;):)
јас овие суштества неможам да ги смислам........

[quote="Sungerot Bob, post: 6375823, member: 59107"..... 10 минути го тепав и едвај го убив.
Од тогаш трауми ми се набија од тоа пајаците :D[/quote]
Од цела тема со едвај 20 мислења,половина се твои. Како некој да отвори тема, дали си видел или убил пајак.Што го тупиш и форсираш со тоа твое искусво со пајаци дали си сакал,неќел,убил или чувал пајак?Никој верувај не го заинтересира за твојот приватен живот. Темата нели е за пајаци и за љубители на ова хоби?
 
sl808, зошто не му направиш поголем терариум,гледам дека го чуваш во доста мало место. Не е скапо нити тешко да спремиш терариум за тарантула.Ти треба еден аквариум, супстрат и декорација по твој избор,али природна - камења, дрва , кокос или ако не можеш да се снајдиш и лејка пресечена брка работа. На првата слика мовта е вистинска онаква како што расти по карпи или дрва.Доволно и е влажна средина да живее нормално.

4468071014_d941f32cea_o.jpg

Complex-terrarium.jpg

2931d1288637898-spider-web-looking-fungis-terrarium-dsc01789.jpg

et_arboreal_terrarium.jpg
 
Затоа што ако го мојата е мала и со секое нејзино менување на кожата ја преместувам во поголем терариум. Големината на терариумот не треба да биде 3 пати од тарантулата. Инаку сега е преместена во поголемо живеалиште а и го спремам терариумот за кога ќе стане возрасна. :icon_lol:
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 19:34 ---
Со шо го раниш?
И ме интересира дали имаш физички контакт со него, да го галиш или да го земаш в раце?
Го ранам со штурци и со лебарки, инаку да некогаш е неопходно да го фатиш во рака за да го пренесеш во друго живеалиште
 
Еднаш како помал и јас чував повеќе се занесував ама од оние обичните ке ги кажам домаќинските пајаци што ги има во секоја куќа.Секој ден летоска фаќав муви и ги ставав на кактусот горе на боцките а тој фино како готован ке си дојдеше и ке се хранеше ми стана домашно милениче го гледав и проучував секој ден интересно ми беше ама јеби ти такво животинче што не можеш да го погалиш и што не осеќа ништо труп мртвак само инстикти го водат.
 
Девојками има иста. За почеток ја храни само со посебни црвчиња. Каде може да набави штурци? Не сум сигурен дека ќе се осмели да чува лебарки за неа. Кажи ми агресивна е твојата? Ја пушташ на рака? Неа и кажаа додека е сеуште мала да не си игра многу со неа, али јас знам дека се питоми.
Еднаш фатив црна вдовица(ОМИЛЕН) кај пријател во гаража и ја ставив во кутивче од кибрит. По пат накај дома некако сум го изгубил кутивчето и покрај сиот напор не успеав да ја најдам. Пукнав од мака...
 
Па јас ја купив тарантулата од Зоо Вивариув одма до руска амбасада во скопје, таму има и лебарки и црвци и штурци. И мојата е малце агресивна, особено кога е гладна. Инаку ако сте активен на fb има една страница е за љубители на Арахниди но и иницијатива за нивното идентификување на територијата на РМ, ако ви треба било каква помош слободно пишете му на админот на страната. Инаку браво за вдовицата јас никогаш немам видено тука кај нас вдовица :)
 
Инаку браво за вдовицата јас никогаш немам видено тука кај нас вдовица :)
Не би требало ни црни вдовици да има кај нас, ама памтам пред години беше тоа, во весник пишуваше како преку лето во жештините, биле забележани некаде (Мариово ли беше, не се сеќавам). Како и да е, исклучително ретки се кај нас во природа да начекаш, попрво тигар ќе начекаш. :D
 
Gi ima kaj nas najchesti se na krivolak, ama I tamu gi nema mnogu
 
пајаците немаат мозок, не размислуваат ни он незнае дали ќе те укаса
 
пази го јунаков го ставил во кутивче од кибрит и на крај мистериозно исчезнува :LOL:
Да ставиш црна вдовица во кутивче кибрит и вџеб да го ставиш е глупава постапка, рачунајќи на фактот што се доста отровни пајаци. Иако во многу малку случаи каснувањето од нив е смртоносно, сигурно нема да имаш пријатно искуство доколку те искаса.
 
Другар на сестра ми чуваше тарантула пред 10 години.Јас баш пријатно се осеќав кога ке ме однесеше она кај него на гости.Никогаш сум немала ни страв ни одбојност од овие суштества ,напротив може звучи чудно ама смирувачки ми делуваат,башка на изглед ми се убави и елегантни.Епосле она му купи тарантула на бившиот дечко мислам од кај еден дечко Војо се вика,не беше нешто скапа и требаше да се храни со мадагаскарски лебарки.Арно ама му избегала поим немам како и не ја најде.Првата слика на Чај прекраснотии.
 
Не би требало ни црни вдовици да има кај нас, ама памтам пред години беше тоа, во весник пишуваше како преку лето во жештините, биле забележани некаде (Мариово ли беше, не се сеќавам). Како и да е, исклучително ретки се кај нас во природа да начекаш, попрво тигар ќе начекаш. :D

Во Прилеп за време на берење тутун го касна тутуноберачот мутирана африканска црна вдовица за која претпоставија дека овде дошла преку ветровите со прашина од африка од пред повеќе години, демек јајца од истата биле кренати со ветровите и донесени овде па се прилагодиле на условите. После тоа имаше акција во околината на Прилеп и нашле околу десетина гнезда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom