Македонија - Унгарија [ 18.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 80 66,7%
  • нерешено

    Гласови: 15 12,5%
  • Унгарија

    Гласови: 25 20,8%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Олјески грч го фатило:facepalm: Изгледа премногу се исфорсира за овие 5мин. што играше
 
Најозбилно, барем вака кога е ненапнато ја глеам со „поотворени очи“.

Во споредба со претходните мечеви и општо со нашата игра во напад, денеска во првото полувреме пробувавме да одиграме некои акции. Проблемот е што Жути, Георгиевски и пикерите промашиа зицери, Манасков два пати ја испушти од рака а Кире се исшутира нерезонски.

Ние секогаш се засноваме на одбраната, а одбраната денеска е мизерија, и Бугарија би ни учукала 30 гола со ваква одбрана... После тоа, нормално се распаднавме. И би што би сеа...

Проблемот е што Лазаров нема воопшто храброст да шутне , додавањата кон бековите му се очај , а единствени кои влегуваат на пробив на 6м се Пецаковски и Миркуловски . Катастрофални сме , ме потсетува овој натпревар на тој со Португалија на гости во квалификациите.
 
Следно споминање на фаланга и Александар Македонски само за да се омаловажи репрезентацијата ќе резултира со бан од тема. Крај на приказната.
 
Се ги сфаќам ама како може да не ги фане инат да изиграат малце одбрана. Да го фанат некој да го мавнат од земја да им дадат 2 минути барем да знаат дека не ги поминал. Бруки едни брукосани. Па и вој Обрван мртов ладен, да беше некој посалам имаше да ги тепа на тајм аутот.
 
Кире Лазаров = пораз.
3 пенали промашени незнам дали некогаш во кариера му се десило, имаше многу промашувања, не трча за колеѓите, со еден збор не сакаше да игра.
 
Маџариве до крај да играат со играч мање пак ке изгубиме
 
Aјде, тогаш со Исланд ќе отворам тема за тие што навиваат за Исланд.

Проблемот со вас е и што не знаете да губите. А да беше друг, ќе научеше, од толаква честина. Ама тоа е. :D

Не станува збор за тоа дека не се знае да се губи, сите тука се сложни дека лошо играме. Ама нема потреба од омаловажување, што во суштина цело време се обидувате да го направите со некои иронични и цинични коментари. Пишуј и критикуј, ама не омаловажувај, многу едноставно.
 
Мешаш поими ептен. Едно е да се вреѓаат играчи, друго е да се вреѓа држава. Ако вреѓаш држава - следува бан секаде на форумов и тоа е тоа. Ак не ти се свиѓа... :D


Навреди кон играчи и кон репрезентација and all имаше од многумина, само од мене не. :D
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 17:20 ---
Не станува збор за тоа дека не се знае да се губи, сите тука се сложни дека лошо играме. Ама нема потреба од омаловажување, што во суштина цело време се обидувате да го направите со некои иронични и цинични коментари. Пишуј и критикуј, ама не омаловажувај, многу едноставно.


Нема потреба ни од преувеличување.
 
Aјде, тогаш со Исланд ќе отворам тема за тие што навиваат за Исланд.

Проблемот со вас е и што не знаете да губите. А да беше друг, ќе научеше, од толаква честина. Ама тоа е. :D


Среќна Нова година тебе и на Ставро, осеќам таква ви е еуфоријата. :нинџ:
 
Не се карајте бе, ќе има и други Европски првенства, ќе победиме...
 
Како можеше Борко од ваков агол да прими и тоа од крило. Цел меч смирено гледам како губиме, ама после овој гол ми идеше телевизорот да го фрлам низ прозор. КАКО???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom