Довичински -
Довичински П.
- Член од
- 26 ноември 2009
- Мислења
- 1.205
- Поени од реакции
- 674
Да не има некој направено 3Д модел на Dastun 1600 (Dastun 510, P510 ?
Првпат слушам за DastunДа не има некој направено 3Д модел на Dastun 1600 (Dastun 510, P510 ?
Me чуди како може да го постигнат и одржуваат тој квалитет по кој што се познати со толку ниски плати, па по фирми има чистачки кои не се испод 15 000 плата. Велиш "платите се ниски затоа што се работи..." па баш дека се работи треба да бидат високи, затоа што има работа, не знам која логика е ова, а да не се работи платите повисоки ќе бидат?Гледам многу се крева прашина околу Fx3x.. па ајде да разоткријам како навистина се одвиваат работите кај нас...
Јас сум вработен веќе година дена во фирмава..
Значи има многу за пишување... од кај да почнам..
Има 3 главни департмени а тоа се- 2Д, 3Д и MatchMove
Под 2Д спаѓа - roto, paint, comp - 3Д моделиранје анимација и боење
Ако сакате да се спремате за работа у Fx3x еве кој софтвери ги користиме..
Sillhuette za Rotoscoping (Понекогаш и Fusion), Sillhuette исто така за рачен paint, а воглавно и најмногу барано е да имаш познавање од Nuke кој се користи за compositing и paint.
AfterEffects... hehhehe НИКОЈ не знае да работи АЕ кај нас.. имаше еднаш потреба од АЕ и сите не собраа да се консултираме кој шо знае да склопопиме нешто шо ни треба... значи наместо АЕ се користи Nuke.. ПРЕТЕЖНО. Во 3Д деп. најмногу се бара да знаеш maya modeliranje rig i animacija... isto golem plus e zbrush i za texturi se koristi mari..
Јас сум во 2Д департментот така да не знам баш шо се случува таму...
MatchMove departmentot претежно користат 3DEqualizer
Ако идете без работно искуство првин следува обука.. неколку месеци.. (знае да трае и до 7-8 месеци).. Во 2Д даваат 4600денари месечно додека си на обука.. додека во 3Д департментот не даваат воопшто.. генерално 3Д имаат полоши услови од 2Д но тоа е тоа...
Инаку не очекувајте не знам ти каква обука.. ќе ви се даде компјуер и сервер полн со туторјали .. другото останува на вас.. да гледаш тут... да замараш поискусни вработени да се распитуваш и да си го избуткаш патот нагоре.. но верувајте ми има силна компетиција...
Во фирмата ќе имате можност да работите на блокбастер филмови fx3x.com и ќе видите на што се се работи...
Значи ќе имате можност да работите директно на кадри на некој од вашите омилени филмови хехе...
Се учи многу ако сакаш да научиш но и ти треба малку среќа... дека ако влезеш како роташ и претпостаените ти ја одредат иднината на самиот почеток како роташ дџабе некако.. ке помине многу време додека ти дадат да работиш нешто друго...
На фирмата моментално и треба роташи паинтери и компери исто така има потреба и од мечмувери.. за 3Д департментот не знам... таму има луѓе што се на обука по повеке од 8 месеци и абер си немаат за вработување сеуште..
Воглавно работните услови се добри.. немаш типични шефови да ти стојат над главата и да ти серат цело време.. имаме 2 годишни одмори во годината еден е летниот и зимскиот по 15 дена.. (платени)... не прават проблеми ако ти треба слободен ден инаку сабота и недела не се работат.. НО додека има работа.. се работи прекувремено и од тебе бараат да остануваш.. овертимеот ти е платен.. но се бара да си таму кога им требаш.. а кога има многу работа се работи редовно и сабота а прекувремено сум идел и недела.. еднаш останав 22 саати на работа.. деадлинес.. то ти је то..
но претешно ова се случува одкај октомври до март и после е опуштено...
Во фирмата воглавно работат млади луѓе.. не постои кодекс на облекување, може да си излезеш кога сакаш да испушип една две три цигари... итн.. значи опуштено... имаме и пинг понг маса и мини теретана..
Е сега платите.. не експлоатираат како и сите други фирми во Македонија...
Стартувачка плата во 2Д е 13 илјади.. као демек на секој 2-3 месеци ке ти ја накачуваат за 2-3 илјади но.. ова не е вистина.. кога ќе дојде да ти ја накачат ке ти кажат немаш доволно сработено ај ќе им кажам на одговорните да ти даваат повеќе работа за наредниот месец да те ставиме на 15 илјади... а знам луге шо повеќе од година дена се на 13 илјади и тоа добро си ја работат работата.... значи платата е индивидуална во фирмава.. како ке се договориш како ке се избориш.. а има луге кои земаат и над 30 илјади.. но многу малце...
За пари.. заебано е... хех... за жал...
Главно мислење.. Многу добри услови за работа.. во споредба со другите компании во МК... платите се ниски за тоа што се работи.. инаку може многу да научиш додека си таму... но не очекувај некој да ти посвети внимание.. сам треба да крадеш и учиш..
Ако имате уште прашања повелете... се надевам ќе можам да ви одговорам
Се согласувам со artweb. Без разлика кој колку е добар и во што е добар таму, ако имаат прилика да прошират знаења, никој (според мене) со здрав разум, нема да седи толку долго време со иста плата, кога може да формира портфолио / reel и да го презентира во странство кај друга компанија која подобро ќе го плаќа за помалку напор од тој вложен овде. Прениски плати за луѓе кои работат на блокбастери и низа други одлични проекти од областа на ентертејнмент индустријата. Колективно треба да се изјасните до надлежните дека премалку ве плаќаат. Ваљда не си единствениот кој смета дека имате прениски плати?Гледам многу се крева прашина околу Fx3x.. па ајде да разоткријам како навистина се одвиваат работите кај нас...
Јас сум вработен веќе година дена во фирмава..
Значи има многу за пишување... од кај да почнам..
Така може, се работи квалитетно и имаат многу познати проекти сработено... чудно е но еве функционираMe чуди како може да го постигнат и одржуваат тој квалитет по кој што се познати со толку ниски плати, па по фирми има чистачки кои не се испод 15 000 плата. Велиш "платите се ниски затоа што се работи..." па баш дека се работи треба да бидат високи, затоа што има работа, не знам која логика е ова, а да не се работи платите повисоки ќе бидат?
За да извадиш такво портофолио треба да набиеш работно искуство.. а fx3x е баш тоа место... Инаку кога те примат на обука потпишуваш договор дека се согласуваш дека во наредните 2 години нема да работиш односно не смееш да работиш било што поврзано со визуелни ефекти итн.. за друга компанија освен fx3x..Се согласувам со artweb. Без разлика кој колку е добар и во што е добар таму, ако имаат прилика да прошират знаења, никој (според мене) со здрав разум, нема да седи толку долго време со иста плата, кога може да формира портфолио / reel и да го презентира во странство кај друга компанија која подобро ќе го плаќа за помалку напор од тој вложен овде. Прениски плати за луѓе кои работат на блокбастери и низа други одлични проекти од областа на ентертејнмент индустријата. Колективно треба да се изјасните до надлежните дека премалку ве плаќаат. Ваљда не си единствениот кој смета дека имате прениски плати?
Друго, логички повеќе ќе имаше смисла да пишеше дека од Октомври до Март работите и викенди, а после тоа ден или цел викенд може да си дозволите да ви бидат слободни. Прво, затоа што така и изгледа дека стојат работите според твоето напишано, друго, затоа што и знам дека така стојат работите (имам другар кој работи во Fx3x
, човекот ретко кога има слободна недела, за сабота па да не зборам, а се убива од работење таму).
зависи кој на кој проект-кадар работи...
Ако си пејнтер саботите не ти бегаат.. ако има многу гужва се работи и недела..
Баш така е ... само не ми е јасно зошто е така...Видете доколку сакате да имате добро портфолио и скил, зашто не се обидете во Видео Хаус или Вертиго. И двете се исто, што разликата ја прави Видео хаус каде се подобро. Во фх3х, во 2Д, работат само на блокбастери, ако сакаш да работиш надвор како рото, паинт, компо или matchmover тогаш собери искуство во фх3х и пушти надвор. Но во 3Д-то, работат на карактери со картун стил. нема нешто реалистично.
Во фх3х, некако луѓето ми се чудни, нема комуникација.во 3Д оделот зборам. Кога бев на пракса, и многу пати ми требаше помош, и прашував како ова како она, место да ми кажат, ми викаат, неможам сега, види на туторијали. Тие туторијали се од мДигитал Туторс. Што ако еве на пример се каже како да се направи? Демек ќе му го украда знаењето и следен пат нема да знае да го направи? Со ваков потег, во странска филма, каде што тимска работа е број еден, те бркаат надвор. Посебно ако не кажеш на тие што се на пракса или јуниор моделер или аниматор.
Лол тоа ти е типично македонче... некој странец да беше шеф да видам како ќе беше... Работат на холивудски филмови... а работниците ги плаќаат исто како оние што дремат у кладилница и куцаат ливчиња.. а у странство провери колку е плата за оваа професија... да ти се мочам у фирмата (извинете за сите што работат таму)Точно е дека се платите ниски на почеток, сум зборел со вработен и истото ми го кажа. Се работи турбо кога има проект и јасно дека нема да си одиш за викенд ако сте врзани со рок.
Точно е дека добиваш ПДФ туторијали кои можеш и сам да ги најдеш на нет ако не исти тогаш слични така да праксата е практично самоучење. Точно е и дека бараат договор на две години да не работиш за друг.
Ако си ептен профи секако ќе добиеш и подобри услови ама тоа важи за секаде. Нашиот пазар е мал, конкуренција е слаба, понуда исто така, така да многу јасно дека даваат мали плати, зашто да зголемат ако немаат потреба, од нивен аспект е сѐ многу логично.
Те разбирам убаво ама секој газда (секаде во свет) плаќа на минимум а работниците и фирмата да му прават профит. Кај нас имаме несреќа да немаме разработен пазар на труд, две без три фирми се во оваа бранша, 3XFX се веќе бренд, вработени имаат по таа минимална плата и тоа е тоа.Лол тоа ти е типично македонче... некој странец да беше шеф да видам како ќе беше... Работат на холивудски филмови... а работниците ги плаќаат исто како оние што дремат у кладилница и куцаат ливчиња.. а у странство провери колку е плата за оваа професија... да ти се мочам у фирмата (извинете за сите што работат таму)
Ќе треба да се појави некој да каже за Video House и таа другата фирма (Vertigo).. ако не, фриленс му е мајакта..Те разбирам убаво ама секој газда (секаде во свет) плаќа на минимум а работниците и фирмата да му прават профит. Кај нас имаме несреќа да немаме разработен пазар на труд, две без три фирми се во оваа бранша, 3XFX се веќе бренд, вработени имаат по таа минимална плата и тоа е тоа.
Имав прилика да почнам на пракса ама не ми се допаднаа условите и се откажав.
ПС. Не сме странство, Македонија сме.