Македонија - Австрија [ 16.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 79 60,8%
  • нерешено

    Гласови: 6 4,6%
  • Австрија

    Гласови: 45 34,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
кој ни одговара повеќе? Норвешка или Унгарија? Да знам за кого да навивам, сега гледам на livestream

Во однос на бодовите на почетната табела, повеќе ни одговара да оди Унгарија затоа што ќе стартуваме со бод повеќе од нив. Е сега според мое мислење ако одиме на тоа дека бараме една победа во вториот круг ( да речеме дека од Исланд и Шпанија скоро сигурно губиме), мислам дека полесно ќе ја победиме Норвешка отколку Унгарија ( пред се поради негативната традиција со нив).
 
Уште Вугринец и Мојсо ни требат за мн мн поубав ракомет, криво ми е шо не му одобрија на Вугринец ке беше ОГРОМНО засилување ама јбг то е зздравје др година
 
За Унгарија навивајте, така ќе бидеме трети у новата група. Ако победи Норвешка ќе бидеме на делба на третото место со Исланд. Така да, Унгарија пошто и во директен судир повеќе би ни одговарале од Норвешка. :D
 
немав прилика да видам реприза од последниот шут нивни од крило, ама ми се чини дека судијата мафташе нешто пред шутот, т.е. пред одбраната на борко, дали имаше престап, не знам, дел од секунда беше, или истечено беше времето... сум на мислење дека голот немаше да важи во случај да беше постигнат.
голем аматеризам е на 20 секунди за напад да им дозволиш таков зицер без два-три прекина и убивање на времето. тоа е невидливо сеа, бидејќи тепавме, инаку страшен пропуст.
кире немаше некоја добра реализација од игра, ама погоди кога најмногу требаше и пеналите. голманот нивни мислам имаше 22, борко 19 одбрани.
кај ние спори, австрициве бетер, како да се боревме кој поспоро ќе игра и помалку контри ќе има.
1 контра имавме во 60 мин, исто и они. крилата нивни апсолутно неприметливи, а читав овде анализи како се преку нив се игра.
се испостави правилото - голман ти е 70 посто во ракометот.
добро комбинираа ангеловски миркуловски и лазаров, ипак ми се чини дека немаа продадена топка, на толку додавања.. премногу се искусни и добро се познаваат. колку фали еден како алушевски на крило, ладна рака со два-три клучи гола од втор план да ја реши утакицата, дали од крило дали од контра.
судиите се ...не знам што да кажам. уште ли е комесар овој нашиот? беа наклонети на нас, реално. миркуловски е супер, вади максимум од неговите можносоти, ама имаше 2-3 ситуации пробивање чисто како солза. посебно голот кога го даде стоилов, претходно имавме две пробивања за 2 секунди, од кое второто беше дупло пробивање :) двајца собра :) али добро ајде, супер...на вакви тесни утакмици судиите и тоа како знаат да ја решат.

инаку ми беше смешно какви бевме кога кире беше исклучен, еј...„има ли пилот во авионот„ беше работата...
како и да е, кире нема да игра вечно, ќе дојдат нови деца, реално свесни сме дека не можеме да играме на медал (таа шанса на оваа генерација избега во србија) ама битно е да се одржи континуитетот, да играме на највисоко ниво константно, има иднина, посебно кога кире ќе биде селектор на некоја нова генерација.
цела чешка, и цела австрија игра во бундес лига. германија не ни учествува. ние одиме понатака со играчи од металург и вардар плус кире. мора да бидеме задоволни!
 
Мислев дека ќе не декласираат австрициве, ама сепак нашиве ги натераа да играат наш стил на игра, што австрициве го кошташе пораз, голманите у пм и двјацата со над 50% одбрани. Браво за нашиве, остварена е целта, сега ќе играат без товар на грб, дека мора да се победи, ќе имаме плус уште еден добар играч во напад, што дава можност пак да бидеме во топ 6, сигурен сум дека со една победа ако помине Унгарија ќе бидеме 3то место, што ќе биде одлично успех. Свака им част. Кире Лазаров дефинтивно најдобриот спортист што излегол од Макеоднија, секоја чест на Пандев, Антиќ, Гечевски, Илиевски ама Кире е светска класа, и му посакувам да стигне до што подобра позција ос Макеоднија на Европсково и со Барса да осовие се што може да се осови, за конечно да ја добие наградата најдобар играч во светот.
 
Јас очекувам медал, за вас незнам :D

Значи Австрија е научна фантастика да тепа две.
Данска ништо чудно се да тепа до крај.

Дај ми математика ние да ја тепаме Унгарија.
И уште една и Исланд да го тепаме :)

Ако ги рокниме Унгарија и Исланд,со Шпанците после директно ќе решаваме за плуфинале.. :D
Најпозитивна можна прогноза хаха
 
Јас очекувам медал, за вас незнам :D

Значи Австрија е научна фантастика да тепа две.
Данска ништо чудно се да тепа до крај.

Дај ми математика ние да ја тепаме Унгарија.
И уште една и Исланд да го тепаме :)
Како што кажа би биле 3ти и би играле за 5то место, Шпанија е тука и не би требало да имаат проблем заедно со Данска, ама се е можно бе, не треба од никого да се плашиме, не играме прв пат на првенствава.
 
Јас очекувам медал, за вас незнам :D

Значи Австрија е научна фантастика да тепа две.
Данска ништо чудно се да тепа до крај.

Дај ми математика ние да ја тепаме Унгарија.
И уште една и Исланд да го тепаме :)
Второ место во групава кое би ни донело полуфинале е скоро невозможно да се случи.
Ќе ни треба победа над Шпанија пред се.
Со три победи сигурно сме втори, а за второ место можеме да се избориме и ако ја тепаме Шпанија, Данска да ја тепа Шпанија истотака (научна фантазија е Австрија да ја тепа Шпанија) и ние да го тепаме Исланд, па од Норвешка може и да си изгубиме :D
Има милион комбинации тука, али првенствено ние треба да ја тепаме Шпанија, Данска да ги тепа и Шпанија и Исланд.

Уствари прво нека завршат мечевите од другата група, оа ќе правиме пресметки, вака упште не знаеме кој ќе оди понатаму и со колку бодови :)
 
немав прилика да видам реприза од последниот шут нивни од крило, ама ми се чини дека судијата мафташе нешто пред шутот, т.е. пред одбраната на борко, дали имаше престап, не знам, дел од секунда беше, или истечено беше времето... сум на мислење дека голот немаше да важи во случај да беше постигнат.
голем аматеризам е на 20 секунди за напад да им дозволиш таков зицер без два-три прекина и убивање на времето. тоа е невидливо сеа, бидејќи тепавме, инаку страшен пропуст.
кире немаше некоја добра реализација од игра, ама погоди кога најмногу требаше и пеналите. голманот нивни мислам имаше 22, борко 19 одбрани.
кај ние спори, австрициве бетер, како да се боревме кој поспоро ќе игра и помалку контри ќе има.
1 контра имавме во 60 мин, исто и они. крилата нивни апсолутно неприметливи, а читав овде анализи како се преку нив се игра.
се испостави правилото - голман ти е 70 посто во ракометот.
добро комбинираа ангеловски миркуловски и лазаров, ипак ми се чини дека немаа продадена топка, на толку додавања.. премногу се искусни и добро се познаваат. колку фали еден како алушевски на крило, ладна рака со два-три клучи гола од втор план да ја реши утакицата, дали од крило дали од контра.
судиите се ...не знам што да кажам. уште ли е комесар овој нашиот? беа наклонети на нас, реално. миркуловски е супер, вади максимум од неговите можносоти, ама имаше 2-3 ситуации пробивање чисто како солза. посебно голот кога го даде стоилов, претходно имавме две пробивања за 2 секунди, од кое второто беше дупло пробивање :) двајца собра :) али добро ајде, супер...на вакви тесни утакмици судиите и тоа како знаат да ја решат.

инаку ми беше смешно какви бевме кога кире беше исклучен, еј...„има ли пилот во авионот„ беше работата...
како и да е, кире нема да игра вечно, ќе дојдат нови деца, реално свесни сме дека не можеме да играме на медал (таа шанса на оваа генерација избега во србија) ама битно е да се одржи континуитетот, да играме на највисоко ниво константно, има иднина, посебно кога кире ќе биде селектор на некоја нова генерација.
цела чешка, и цела австрија игра во бундес лига. германија не ни учествува. ние одиме понатака со играчи од металург и вардар плус кире. мора да бидеме задоволни!


Истечено беше времето затоа и мавтање на судијата.
Металург и Вардар се поквалитетни од повеќе од половина екипи од Бундес Лига.
 
Кај ќе ги тепаме Шпанија, не си правете екскурзии на мозокот :D 5то или 6то место е премија со овој состав...
 
Унгарија како што прочитав дека играат ептен лошо со исклучувања и со картони, ќе не пореметат од мавање, ги жалам уште сега нашиве ракометари...Во случај ако се во наша група наравно.
 
инаку ми беше смешно какви бевме кога кире беше исклучен, еј...„има ли пилот во авионот„ беше работата...
како и да е, кире нема да игра вечно, ќе дојдат нови деца, реално свесни сме дека не можеме да играме на медал (таа шанса на оваа генерација избега во србија) ама битно е да се одржи континуитетот, да играме на највисоко ниво константно, има иднина, посебно кога кире ќе биде селектор на некоја нова генерација.
цела чешка, и цела австрија игра во бундес лига. германија не ни учествува. ние одиме понатака со играчи од металург и вардар плус кире. мора да бидеме задоволни!

Па што ти е чудно, овие два клуба се 70% подобри од германските клубови. Јас се калдам да играат приемр еве на Борко клубот да го земем Гумерсбах, дека во Скопје ќе губи убедливо, во Германија би имале каква таква шанса за победа.
 
Кај ќе ги тепаме Шпанија, не си правете екскурзии на мозокот :D 5то или 6то место е премија со овој состав...

Во нареднава група или на првенствово?:).
Јас мислам дека во групава ќе завршиме петти или евентуално четврти ако победиме еден меч и тоа со некој кој ќе влезе со помалку бодови од нас.
 
Унгарија како што прочитав дека играат ептен лошо со исклучувања и со картони, ќе не пореметат од мавање, ги жалам уште сега нашиве ракометари...Во случај ако се во наша група наравно.

Затоа ич не ги сакам , додека против скандинавски стил на ракомет ни одговара . Против унгарските крила немаме шанса .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom