Македонија - Австрија [ 16.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 79 60,8%
  • нерешено

    Гласови: 6 4,6%
  • Австрија

    Гласови: 45 34,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
v2v8.jpg


Пак ќе кажам сите шо јадевте трици, да му го издудлате сега !
Кога ги одбрани сите пенали со Данска ви беше најјак, еден ден лош и одма јадење трици аххх македонче, македонче...

Инфаркт завршница, заслуживме да ги тепаме, ЦЕЛТА е оправдана, со 2 бода да се влези во следната рунда и тоа се случи !
Борко маестрален 18/19 одбрани ! Исто и Лазаров добар(y)
Миркуловски колку само ќотек има јадено ова дете, па толку не јади некој на бокс меч :D Сите пенали се над него направени, Столе конечно и од него добар меч 4/4 реализира!
Бранче просечен, знај распали некоја, ете затоа сакав да игра Бранче пред Јоновски во напад ! Бранче во напад е Хансен за Јоновски :D Нека си седи Јоновски во одбрана само, џабе ќе се троши во напад кога не го бива...
Пецако знај да блески со некој удар, ама прв пат игра на Европско плус како и да не е залечена повредата зато можеби и повеќе го одмара Обрван !

Манасков незнам само кој му даде пеналот да го изведи тој?????
Па 100% бев сигурен дека ќе го промаши и го промаши !
Од кај му иди таја храброст во клучен момент тој пенал да изведи кога Лазаров го нема на терен! Шо демек пеналот дека беше над него мора тој да шутира ???
Абе селанец еден уште си недораснат ти, имав голема надеж во него, си реков ќе биди некоја јако крило и после Лазаров тој ќе ни биди носител на репрезентацијата, тој наместо во нагорна линија да му оди кариерата тој тапка во место ! Истата грешка ја напрај и со Чешка, пресече топка и тргна сам да заврши и напрај пробивање :facepalm:

За последниот напад на Австрија, гледам уште 5 секунди до крај тие уште комбинират кружи топката ааа си реков ништо не прат овие и веќе ко подаде на крило веќе помина времето ! Како да немаа ориентација уште колку има до крај....
Многу сумливо ми беше за последниот пенал над Миркуловски, тука да бев судија чисто пробивање ќе судев :LOL: Чисто пробивање ми гледаше ама ни судија пенал за нас....

Па и тој голманот Мариновиќ одбрани се шо можеше, голманите на високо ниво денес !
Кога ќе примевме гол со играч повеќе ми идеше да се обесам ! Па како можи бе само нашата репрезентација така, не е битно дали играме со Чешка, Црна Гора, Србија, Австрија кога имаме играч плус стално примаме голој, онај Шлингер не отепа само тој шутираше ко ќе беа тие со играч помалку...

Сега за во другата рунда со Прибак ќе бидиме барем на бековската линија подобри !
 
Зошто аплаудиравте и му се смеевте кога ја повреди ногата , знааејки дека нема да игра за репрезентација? а сега го барате зошто?


:tapp: Никој не аплаудирал и се смеел, имаше на почеток свирење мислејки дека фолира, кога се виде дека е сериозна повредата прекинаа свирежите и на крај беше испратен со аплауз во знак на поддршка. Предметите беа фрлани кон Миркуловски кој тргна да се објаснува со навивачите на Вардар и да провоцира, не го одобрувам тоа ама далеку од спортски потег на репрезентативец кој потоа од истите тие навивачи добива поддршка во репрезентативниот дрес. Вие како сакате извртувајте ја приказната и пишувајте дека со камења го гаѓале Мојсовски, ни еден предмет не беше фрлен кон него. За репрезентација нормално пожелно е да игра затоа што неговиот придонес е голем
 
Него сеа ако тепа Унгарија со Норвешка, уствари ни Унгарија ни Исланд нема бодови да носат, што значи табелата ќе биде
1. Шпанија - 4 бода
2. Данска - 4 бода
3. Македонија - 2 бода
4. Австрија - 0 бода
5. Унгарија - 0 бода
6. Исланд - 0 бода

Така?

Исланд и Унгарија ќе имаат по 1 бод.
 
1. Шпанија - 4 бода
2. Данска - 4 бода
3. Македонија - 2 бода
4. Унгарија - 1 бода
5. Исланд - 1 бода
6. Австрија - 0 бода

Да ја добиеме Унгарија убаво ќе биде а уште поубаво да се задржиме на воа место, Шпанија и Исланд не тепаат 100%.

Реално да гледаме доколку ја добиеме Унгарија тогаш 4тото место не ни бега. Реално е следново:
1. Шпанија
2. Исланд
3. Данска
4. Македонија
5. Унгарија
6. Австрија
 
Ајде прај ги математиките, те чекам :)
Рано е за математики :D
Најдобро е за нас Данска сите да ги победи во вториот круг :D

Е сега зависи за кое место имате аспирации, ќе ги правиме математиките :D

За да бидеме последни треба Австрија да тепа две екипи, или победа и нерешено што е научна фантастика за нив :D
Така да борбата за 9-то место (со завршено 5-то во втора рунда) ни е сигурна, секоја друга победа ќе не однесе погоре :)
 
кој ни одговара повеќе? Норвешка или Унгарија? Да знам за кого да навивам, сега гледам на livestream
 
Во ритамот на публиката :vozbud:

Сега со пролазов во втора фаза носители сме на квалификации за светско или има и некој друг услов?
 
кој ни одговара повеќе? Норвешка или Унгарија? Да знам за кого да навивам, сега гледам на livestream
Унгарија :)
Не знам зошто ама мислам дека можеме да се носиме со нив, иако и едните и другите ми се преку тасета.
Ако одат они тогаш табелата ќе биде:

Данска 4
Шпанија 4
Македонија 2
Исланд 1
Унгарија 1
Австрија 0

Ако тепа Норвешка ќе биде:

Данска 4
Шпанија 4
Македонија 2
Исланд 2
Австрија 0
Норвешка 0
 
Рано е за математики :D
Најдобро е за нас Данска сите да ги победи во вториот круг :D

Е сега зависи за кое место имате аспирации, ќе ги правиме математиките :D

За да бидеме последни треба Австрија да тепа две екипи, или победа и нерешено што е научна фантастика за нив :D
Така да борбата за 9-то место (со завршено 5-то во втора рунда) ни е сигурна, секоја друга победа ќе не однесе погоре :)

Јас очекувам медал, за вас незнам :D

Значи Австрија е научна фантастика да тепа две.
Данска ништо чудно се да тепа до крај.

Дај ми математика ние да ја тепаме Унгарија.
И уште една и Исланд да го тепаме :)
 
Браво Борко, браво Кире. Толку. Сеа каснам со коментариве, шо да праам...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom