Пеце
Пелистер-Битола
- Член од
- 16 септември 2009
- Мислења
- 4.453
- Поени од реакции
- 5.699

Пак ќе кажам сите шо јадевте трици, да му го издудлате сега !
Кога ги одбрани сите пенали со Данска ви беше најјак, еден ден лош и одма јадење трици аххх македонче, македонче...
Инфаркт завршница, заслуживме да ги тепаме, ЦЕЛТА е оправдана, со 2 бода да се влези во следната рунда и тоа се случи !
Борко маестрален 18/19 одбрани ! Исто и Лазаров добар

Миркуловски колку само ќотек има јадено ова дете, па толку не јади некој на бокс меч

Бранче просечен, знај распали некоја, ете затоа сакав да игра Бранче пред Јоновски во напад ! Бранче во напад е Хансен за Јоновски

Пецако знај да блески со некој удар, ама прв пат игра на Европско плус како и да не е залечена повредата зато можеби и повеќе го одмара Обрван !
Манасков незнам само кој му даде пеналот да го изведи тој?????
Па 100% бев сигурен дека ќе го промаши и го промаши !
Од кај му иди таја храброст во клучен момент тој пенал да изведи кога Лазаров го нема на терен! Шо демек пеналот дека беше над него мора тој да шутира ???
Абе селанец еден уште си недораснат ти, имав голема надеж во него, си реков ќе биди некоја јако крило и после Лазаров тој ќе ни биди носител на репрезентацијата, тој наместо во нагорна линија да му оди кариерата тој тапка во место ! Истата грешка ја напрај и со Чешка, пресече топка и тргна сам да заврши и напрај пробивање

За последниот напад на Австрија, гледам уште 5 секунди до крај тие уште комбинират кружи топката ааа си реков ништо не прат овие и веќе ко подаде на крило веќе помина времето ! Како да немаа ориентација уште колку има до крај....
Многу сумливо ми беше за последниот пенал над Миркуловски, тука да бев судија чисто пробивање ќе судев

Па и тој голманот Мариновиќ одбрани се шо можеше, голманите на високо ниво денес !
Кога ќе примевме гол со играч повеќе ми идеше да се обесам ! Па како можи бе само нашата репрезентација така, не е битно дали играме со Чешка, Црна Гора, Србија, Австрија кога имаме играч плус стално примаме голој, онај Шлингер не отепа само тој шутираше ко ќе беа тие со играч помалку...
Сега за во другата рунда со Прибак ќе бидиме барем на бековската линија подобри !