Македонија - Австрија [ 16.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 79 60,8%
  • нерешено

    Гласови: 6 4,6%
  • Австрија

    Гласови: 45 34,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Дај пратете видео од последните 10 минути ако има, или колку било, фала. :mad:
 
За Миркуловски лаже статистиката, се изнапромаши стандард, али стандард и со Столе ги изнудија сите седмерци и исклучувања.

Бранко се здиве! :vozbud: Ама на Сител не смеат да го спомнат името Бранко во позитивна конотација, па затоа Ников не го пофали. :icon_lol:

Свесен си дека дека Миркуловски е клучен играч!! можи испромаши многу топки , ама колку пати ги исклучи по 2 мин? ( ама немаше кој да искористи) колку пенали ни донесе?
За Миркуловски да нема збор , секој натрепвар Миркуловски дава се од себе, и сами знаеме дека ни треба играч како Миркуловски
 
Првенствово испадна дека најслаби сме по крила, а не на лев бек. Па еден Ангеловски повеќе се покажа од Манасков и Георгиевски. Од наредната Ојлевски мора прва да игра, полошо од ова не може да биде. Кој е тој авторитет на Манасков што он зема да шутира пенал??

Во напад Кире и Стоилов беа одлично чувани затоа и помалку топки имаше до пикер отколку другите натпревари. Тоа требаше да го искористат крилата како што во прво искористи Ангеловски неколку шута, ама ајде, пак Кире, Столе и Миркуловски го решија мечот.

Во одбрана бевме подобри од претходните натпревари. Стоилов многу поагресивен како што треба, Јоновски имаше некои пропусти, ама пак беше солиден, али Марковски беше многу слаб. Првенствово му е слабо, а и цела сезона во Металург не е на ниво како што треба да биде. Плус срамота е да бидеме последни од сите екипи во направени блокови при шут, а имаме волови во одбрана кои играат во Металург што практикува одбрана. Добро е што Силаѓи комплетно го отсековме, а и крилата исто. Георгиевски и Лазаров очекувано го губеа дуелот со Фолсер, ама затоа Сантош беше комплетно отсечен по таа страна. Единствено Шлингер беше на ниво во Австрија. Гледајќи го против Чешка, а и според нашите шутеви во зицер позиции, очекував Мариновиќ да се разбрани, али ова што го направи денес беше врв. Секоја чест и за него.

Врв над све беше изданието на Борко. Еден од најдобрите натпревари во неговата кариера и клучен играч за нашата одлична позиција во наредна фаза. Тешко некој наш играч да повтори вакво издание во текот на првенствово. Колку што си ги заслужи сите критики против Чешка, така сеа си заслужи и дупло повеќе пофалби. А кога ќе ми текне дека на првиот натпревар против Австрија за квалификациите Борко се испокара со цела клупа и неќеше да влезе да брани..

Во наредна фаза ќе бидеме значително појачани со Прибак, а се надевам и со играњето на Ојлевски. Очекувам подобра игра иако играме против репрезентации со кои не ни иде и ќе бидеме тотални аутсајдери.
 
Боже од кај излагаат овие пациенти... Глејте за што ме цитирал и што пишал после... :pos:

За Миркуловски лаже статистиката, се изнапромаши стандард, али стандард и со Столе ги изнудија сите седмерци и исклучувања.


Свесен си дека дека Миркуловски е клучен играч!! можи испромаши многу топки , ама колку пати ги исклучи по 2 мин? ( ама немаше кој да искористи) колку пенали ни донесе?
За Миркуловски да нема збор , секој натрепвар Миркуловски дава се од себе, и сами знаеме дека ни треба играч како миркуловски


Цреп еден, глеаш дека си го пишал истото што ја сум го пишал у постот кој си ми го цитирал?

Или не те учеле да читаш до крај?
 
Читам пишите и за наумче како фали во репрезентацијата ( и тоа го прочитав од човек кој до вчера на секој можен начин го плукаше Мојсо)

- Како тоа ви фали , а до вчера на секој можен начин го понижувавте и фрлавте со столови со предмити и сл??? а свесни дека ги брани боите на македонија и игра за репрезентација? како тоа ви фали сега?
- Ни грам мозок немате, мака ми е да го барам постот кај шо напишав дека ке пиштите по наумче за месец дена !!
- И сами сте свесни дека сега испаднавте најголемите пички !! , ама ве разбирам мора да се покажите во маало и пред своите другари дека сте големи "ХУЛИГАНИ'' .....



:tapp: Тоа што е плукан и навредуван на натпреварите помеѓу Вардар и Металург затоа што се продаде за некое евро плус и покрај тоа што Вардар сезоната беше шампион отиде во ривалски клуб, не значи дека го сметаме за небитен играч и дека нема придонес за репрезентацијата. Ти си тој што нема грам мозок во случајов, не мешај клубски ривалитет со репрезентација
 
Многу сум среќен за победата! :)
3 работи ми бодеа очи на утакмицава т.е до сега за одиграното, прва фаза.

1 - Манасков несмее да игра по 40/50 минути!!! НЕ СМЕЕЕЕЕЕ!
2 - Пецаковски ко да е на тренинг, тој има ли некаква страст за ракомет или онака??????? Страшно ме нервира неговото немање желба за надигрување, да покаже ОГАН,СТРАСТ,ДРСКОСТ!
3 - Обрван се заборава некогаш.

Овие три работи да се сменат, тогаш да речам толку ни се силите, толку можеме.

Честито победа!:cuc: Одам да прославам саглам вечер!:)
 
Него сеа ако тепа Унгарија со Норвешка, уствари ни Унгарија ни Исланд нема бодови да носат, што значи табелата ќе биде
1. Шпанија - 4 бода
2. Данска - 4 бода
3. Македонија - 2 бода
4. Австрија - 0 бода
5. Унгарија - 0 бода
6. Исланд - 0 бода

Така?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom