Дали учењето може да ги оглупавува и разболува учениците?

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
^Баш па американците ги зема за репер на поговорки во образование. Ма дај молим те!
Да бидеш професор, наставник, педагог е најтешката професија на светот. Тој педагог, секое едно дете кое го учи и подучува, треба да знае да го процени, да знае да му ги открие способностите и талентите и кон истите тие да го насочува да се развива и да ги совладува.
Е сега кај нас што педагошките факултети се факултети со најниска вредност е друг муабет.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ако го земеме у предвид фактот дека луѓето кои се умствено активни, а под тоа се подразбира читање и логичко размислување, не покажуваат симптоми на мозочно пропаѓање т.е. Алцхајмер, иако мозочното пропаѓање се случува кај скоро секој, тогаш не, од учење не се оглупавува. Пошто нашите мозоци нели се создаде како машини за учење. И плус, фактот дека процесот на учење бил тој што еволутивно не издигнал на волку високо ниво. Like for example, ако требало да конзумираме храна која е отровна, и на нашата DNA би и требале неколку милиони години да не прилагоди таквата храна да не биде штетна за нас, а учењето и логичкото резонирање направило за една до две животни генерации да се прилагодиме со тоа што сме научиле да ја готвиме таа одредена храна ... дефинитивно од учење не се оглупавува и разболува. It saved our lives and still is. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знам што да ти кажам тогаш. Moже Џон Клиз ќе помогне.
Џони Клиз е комичар
А реалноста е сосема друго
Дали некогаш си слушнал некој да се пожали дека е глуп или дека нема памет?
Има луѓе кои се жалат, немаат пари, други се жалат немаат среќа, некои се жалат немаат здравје, трети се жалат дека немаат школо, или немаат партиски врски и многу други работи им недостасуваат,,,
Но дали некогаш си слушнал дека некој се жалел дека нема памет?
 
D

Daedalus

Гостин
Па токму тоа учење е со цел за да инвидуата изгради поглед на свет, да има свои ставови, откако нели ке учи преку генерализација,апстракција,синтеза,анализа и како врв на се критичкото размислување а не она класично учење на памет, па тука се и искуствата, од нив најмногу се учи, никој не се родил паметен да било така како прост пример ке го дадам малото бебе кое со самото раѓање ги учи основните правила и принципи на однесување, ако се раѓаше паметен тогаш зошто уште одма од раѓање плачи за глупости а потоа со време ги губи тие навики и се навикнува сам да стои на свои нозе...тука станува збор за еден развиток, развој, човекот можеби има генетски препозиции побрзо да ги сфќа нештата од другите но поголема улога играат искуствата и самата ангажираност на оно кој учи и цело време ги прекројува когнитивните структури со самото асимилирање на нови информации...
Точно, али постои и генетска компонента, никој не се раѓа табула раса.
Некои луѓе имаат мозоци кои се склони да произведуваат повеќе допамин, побрзо генерираат синаптички мрежи итн.... Не дека тоа не е променливо со околината, но не сите го имаме мозокот на Ајнштајн или Стивен Хокинг. Не го оспорувам околинскиот фактор, но не го негирам и генетскиот исто така.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Пред 500 години учењето дека земјата има тркалезен облик разболело извесен број луѓе и резултирало со неочекувано висока температура и задушување. Сите обиди некако да се залечат овие болни не дале долгорочни резултати, па светот денес е полн со нив.
 
D

Daedalus

Гостин
Пред 500 години учењето дека земјата има тркалезен облик разболело извесен број луѓе и резултирало со неочекувано висока температура и задушување. Сите обиди некако да се залечат овие болни не дале долгорочни резултати, па светот денес е полн со нив.
Дали ова важи и за тие кои мислат дека има елиптичен облик?
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Се разбира дека има. Си чул ли ти за Монтезори или за Валдорф училиштата?

И тоа како! :)


.

Зависи кое учење, дали се мисли на само на меморирањето на податоци, факти за светот кои можат во секое време некаде да се прочитаат и најдат или на она учење кое станува вистинско знаење и ни помага во одредена ситуација да го примениме и да се снајдеме.... Јас мислам дека нема потреба од присилено меморирање на некои рандом поими туку да го учиме само она што не интересира и навистина ќе ни притреба или ќе придонесе во нашиот развој и некои навистина општи работи да знаеме да ги разликуваме за да не треснеме некаде некоја глупост па да ни се смее светот, како не пример една школска моја тресна дека парамециумот имал желудник кога ја праша наставникот дали имал:vozbud: а инаку му го раскажа цел учебник...Значи не да се учи само текст и да го меморира туку и да знае што учи, да си има престава за нештата за кои што слушнал или прочитал нешто.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 08:47 ---

Hier verstehen wir alle alles auf Deutsch :) Könnten wir vielleicht in Deutsch unterhalten :) ?(y)


Das wäre gegen die Regeln dieses Forums. :)

.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1979 Pinck Floyd, го издаде двојниот албум The Wall.
http://en.wikipedia.org/wiki/The_Wall
Tоа е всушност рок-опера, по кој е снимен и филм, а и самата група ја изведуваше во живо
Насловната песна е Another Brick in the Wall
Еве како звучи:
http://www.youtube.com/watch?v=xhgE5bfcFTU
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
За жал или за среќа морам да кажам оти се слагам со Спирос за оваа негова изјава.

А за тоа дека учењето ги оглупавува учениците, не. Глупавоста не е нешто што се учи. Ако некој си ја има, од раѓање си ја има. :) Па и во нajдобрите школи нека учел и не знам колку книги да прочитал, глупав човек е глупав човек.

.

За жал секој го носи семето на глупавоста во себе, но за наша среќа тоа не вирее во сите поднебја и под сите услови, еднакво.

За тоа всушност и се работи. Школството несмее да биде скаменета и животонепријатна институција, која ќе “продуцира“ за животонепријатниот систем, туку животопријатна институција која служи на животот, а предсе’ на најмалите и најмилите во него!

Децата не се создадени за школството, туку школството за децата.

Да го бараме најнапред опшеството на Љубовта и Неговата праведност, а се’ останато (инклузивно Семето на Мудроста) ќе ни се придаде!(y)

.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 19:35 ---
Кој начин е најдобар да се откријат индивидуалните способности кај една личност?
Дали откривање и развивање на индивидуалните способности се дел од целите на задолжителното образование, или се резултат на лична иницијатива?

.

Зошто би требало едното да го исклучува другото?

.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 19:43 ---
Само што не постои ниту еден дефинитивен критериум за тоа што е глупав, а што паметен човек. :) Сем, ментално хендикепирани секако.
Дали ќе ја оцениш интелигенцијата на некого според неговите вербални, логички, просторни, интро/интра способности, емотивна интелигенција, критичко размислување, знаења, ставови???

Не постои некој унифициран глупав/паметен феномен. Различни луѓе имаат различни способности во различни сфери и сеуште не постои дефинитивен одговор за тоа дали тие способности се вродени, развиени или се комплексна комбинација од двете.

Што знаеме е дека околината го менува мозокот исто како што и генетиката го менува и дека луѓето покажуваат различни интелектуални способности и меморија низ годините (покачени/опаднати). Рекреациони дроги како марихуаната ги менуваат когнитивните способности исто како што стимуланти и константна ментална работа ги качуваат когнитивните способности.
Луѓето учат критичко размислување, развиваат нови способности во животот и нивниот мозок практично се моделира.
Така да како ќе одделиш интелигентен од глуп човек?
Според кој критериум? Некој кој е вербално флуентен може да е катастрофален при решавање на математички проблеми и обратно....Некој може да ги развие своите знаења и способности во различни полиња и сфери, да ги смени своите ставови итн...

Премногу симплифицирано е да го оцениш и окарактеризираш феноменот на интелигенција во глупи/паметни луѓе. Дури и ставот сам по себе е глупав и не зима мнгоубројни фактори во предвид. :X3:

Настрана од тоа што повеќето луѓе ја оценуваат својата интелигенција и интелигенцијата на другите согласно со самодовербата и убеденоста за тоа колку се паметни, (буквално ако земеме повеќе луѓе да те убедуваме дека си глуп/глупа и почнеш да веруваш во тоа, ќе се осеќаш така, ќе се понашаш така и целиот перформанс ќе ти падне, додека пак ако си сигурен/на во себе, ќе зборуваш и ќе се однесуваш поопуштено и поинтелигентно, што укажува на тоа дека самодовербата игра некоја улога во "интелектуалноста")
90% од луѓето имаат нормални интелектуални способности, а меѓусебно се набедуваат и нарекуваат паметни и глупави поради тоа што делат различни ставови. Некои луѓе може да имаат поирационални ставови, глупави и необмислени ставови како овој дека луѓето кои се глупи се глупи цел живот итн....Али нивните ставови и глупавоста/издржаноста на ставовите не кажуваат буквално ништо за интелигенцијата на тој што ги има, само укажуваат на тоа дека погрешно ја користи.

Многу генијалци имаат глупави ставови за некои работи и многу просечни луѓе имаат издржани ставови. Емоциите, образованието, достапноста на инфо, влијанијата од дома/пријателите и други компоненти влијаат на нашето секојдневно расудување, а не тоа колку сме паметни или глупави. Повеќе од сигурен сум дека повеќето тука, почнувајќи од "најглупавите" на форумов, до најголемите "мудреци" и филозофи, се наоѓаме во нормалниот рејнџ на когнитивни способности и интелигенција.
Тоа што не прави различни се нашите ставови и знаења, ништо повеќе.


.
Како можам трипати да го лајкнам овој пост? ..(y)


.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 19:59 ---
То второто делува уште понегативно на човековата интелегенција. Масовно перење на мозоците!

.
И тоа е до перцепцијата. Goethe вели дека таа е Книгата над книгите, со чија помош некои ги прават најдобрите нешта, додека другите најлошите. За тебе е нешто лошо, додека за Immanuel Kant на пример - кој е еден од основоположниците на хуманистичкото образование (Aufklärung) - нешто најсвето, како што вели: ... без Неа јас би бил само еден јадник! ..

Sapere aude!
Биди храбар и послужисе со сопствениот ум!;)

.
.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
И тоа како! :)


.





Das wäre gegen die Regeln dieses Forums. :)

.
Das war doch nicht mein Ernst :).
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 20:22 ---
Точно, али постои и генетска компонента, никој не се раѓа табула раса.
Некои луѓе имаат мозоци кои се склони да произведуваат повеќе допамин, побрзо генерираат синаптички мрежи итн.... Не дека тоа не е променливо со околината, но не сите го имаме мозокот на Ајнштајн или Стивен Хокинг. Не го оспорувам околинскиот фактор, но не го негирам и генетскиот исто така.
Точно така, ебисе Џон Лок и твојата глупава теорија.
 
D

Daedalus

Гостин
Das war doch nicht mein Ernst :).
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 20:22 ---

Точно така, ебисе Џон Лок и твојата глупава теорија.
Не е ни теорија тоа. Верување е. :) Али Менгеле е после Џон Лок, така да му се прашта на Џон :P .
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Не е ни теорија тоа. Верување е. :) Али Менгеле е после Џон Лок, така да му се прашта на Џон :P .
Менгеле? онај шо,истио доктор од Хитлер?

Јас мислам дека тој други теории си спроведувал во пракса...т.е верувања
 
D

Daedalus

Гостин
Менгеле? онај шо,истио доктор од Хитлер?

Јас мислам дека тој други теории си спроведувал во пракса...т.е верувања
Мех, коментарот беше со преносно значење. У време на Менгеле почнува да се развива генетиката и да се зима во обѕир генетскиот фактор многу повеќе од пред тоа. Дарвинизмот станува популарен итн. Повеќето филозофи и слично пред тоа, не ги зимале генетските фактори кога го анализирале карактерот и темпераментот.

Затоа го спомнав Менгеле. Што сакав да кажам, индиректно, е дека Џон Лок не бил свесен за генетиката и нејзиното влијание на фенотипот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom