Само што не постои ниту еден дефинитивен критериум за тоа што е глупав, а што паметен човек.
Сем, ментално хендикепирани секако.
Дали ќе ја оцениш интелигенцијата на некого според неговите вербални, логички, просторни, интро/интра способности, емотивна интелигенција, критичко размислување, знаења, ставови???
Не постои некој унифициран глупав/паметен феномен. Различни луѓе имаат различни способности во различни сфери и сеуште не постои дефинитивен одговор за тоа дали тие способности се вродени, развиени или се комплексна комбинација од двете.
Што знаеме е дека околината го менува мозокот исто како што и генетиката го менува и дека луѓето покажуваат различни интелектуални способности и меморија низ годините (покачени/опаднати). Рекреациони дроги како марихуаната ги менуваат когнитивните способности исто како што стимуланти и константна ментална работа ги качуваат когнитивните способности.
Луѓето учат критичко размислување, развиваат нови способности во животот и нивниот мозок практично се моделира.
Така да како ќе одделиш интелигентен од глуп човек?
Според кој критериум? Некој кој е вербално флуентен може да е катастрофален при решавање на математички проблеми и обратно....Некој може да ги развие своите знаења и способности во различни полиња и сфери, да ги смени своите ставови итн...
Премногу симплифицирано е да го оцениш и окарактеризираш феноменот на интелигенција во глупи/паметни луѓе. Дури и ставот сам по себе е глупав и не зима мнгоубројни фактори во предвид.
Настрана од тоа што повеќето луѓе ја оценуваат својата интелигенција и интелигенцијата на другите согласно со самодовербата и убеденоста за тоа колку се паметни, (буквално ако земеме повеќе луѓе да те убедуваме дека си глуп/глупа и почнеш да веруваш во тоа, ќе се осеќаш така, ќе се понашаш така и целиот перформанс ќе ти падне, додека пак ако си сигурен/на во себе, ќе зборуваш и ќе се однесуваш поопуштено и поинтелигентно, што укажува на тоа дека самодовербата игра некоја улога во "интелектуалноста")
90% од луѓето имаат нормални интелектуални способности, а меѓусебно се набедуваат и нарекуваат паметни и глупави поради тоа што делат различни ставови. Некои луѓе може да имаат поирационални ставови, глупави и необмислени ставови како овој дека луѓето кои се глупи се глупи цел живот итн....Али нивните ставови и глупавоста/издржаноста на ставовите не кажуваат буквално ништо за интелигенцијата на тој што ги има, само укажуваат на тоа дека погрешно ја користи.
Многу генијалци имаат глупави ставови за некои работи и многу просечни луѓе имаат издржани ставови. Емоциите, образованието, достапноста на инфо, влијанијата од дома/пријателите и други компоненти влијаат на нашето секојдневно расудување, а не тоа колку сме паметни или глупави. Повеќе од сигурен сум дека повеќето тука, почнувајќи од "најглупавите" на форумов, до најголемите "мудреци" и филозофи, се наоѓаме во нормалниот рејнџ на когнитивни способности и интелигенција.
Тоа што не прави различни се нашите ставови и знаења, ништо повеќе.