- Член од
- 30 јуни 2008
- Мислења
- 1.983
- Поени од реакции
- 1.264
Па ајде да ја започнеме и оваа тема. Греењето со пелети е тренд кое постепено ја зафаќа и нашата држава, сакале да го признаеме тоа или не. Се уште луѓето се скептици за овој вид на греење барем во Македонија, заради високата цена на печките и котлите на пелети, како и на самиот енергенс. Пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг и цената се движи од 170 денари до 260 денари, зависно од квалитетот т.е.од калоричната вредност на енергенсот. Јас прва година се греам на пелети и можам да го споделам моето искуство. Имам печка Солара 6 кв од Екошпар која е предвидена за околу 40 м2. Со оглед дека мојата просторија која ја загревам е 50 м2, без никаква изолација со стара дограма, успевам да ја затоплам до 23-24 степени при што потрошувам една вреќа за период од 10 часа. Со оглед дека сум од Гевгелија, а во овој период од зимата температурите се превисоки, можеби затоа се справувам засега со температурите. За поладно ќе пишеме во наредна прилика.
За работата на печката е потребно пред палење да се исчисти пепелта од горилникот, бидејќи грејачот ќе нема допир со пелетите кои паѓаат, па затоа оваа постапка е задолжителна пред палење. Пепелта ја чистам со правосмукалка која треба секое утро да ја влечам од соба во соба али кога ќе размислам дека ми се избацени дрвата,веднаш добивам чуство на среќа Одкако ќе биде спремна печката за палење се притиска копчето за старт и печката автоматски се пали во период од 5 -10 минути. На вас останува да ја полните со пелети која е многу полесна постапка за разлика од дрвата, но и цената е повисока. Засега толку, а за повеќе повелете Вие со вашите искуства.