Греење со пелети

Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Па ајде да ја започнеме и оваа тема. Греењето со пелети е тренд кое постепено ја зафаќа и нашата држава, сакале да го признаеме тоа или не. Се уште луѓето се скептици за овој вид на греење барем во Македонија, заради високата цена на печките и котлите на пелети, како и на самиот енергенс. Пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг и цената се движи од 170 денари до 260 денари, зависно од квалитетот т.е.од калоричната вредност на енергенсот. Јас прва година се греам на пелети и можам да го споделам моето искуство. Имам печка Солара 6 кв од Екошпар која е предвидена за околу 40 м2. Со оглед дека мојата просторија која ја загревам е 50 м2, без никаква изолација со стара дограма, успевам да ја затоплам до 23-24 степени при што потрошувам една вреќа за период од 10 часа. Со оглед дека сум од Гевгелија, а во овој период од зимата температурите се превисоки, можеби затоа се справувам засега со температурите. За поладно ќе пишеме во наредна прилика.
За работата на печката е потребно пред палење да се исчисти пепелта од горилникот, бидејќи грејачот ќе нема допир со пелетите кои паѓаат, па затоа оваа постапка е задолжителна пред палење. Пепелта ја чистам со правосмукалка која треба секое утро да ја влечам од соба во соба :) али кога ќе размислам дека ми се избацени дрвата,веднаш добивам чуство на среќа :icon_mrgr: Одкако ќе биде спремна печката за палење се притиска копчето за старт и печката автоматски се пали во период од 5 -10 минути. На вас останува да ја полните со пелети која е многу полесна постапка за разлика од дрвата, но и цената е повисока. Засега толку, а за повеќе повелете Вие со вашите искуства.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Колку трошиш месечно за палети? Според ова што го кажа ти дека на секои 10 часа трошиш по една вреќа (170-260 ден.), тебе денот од 24 часа ќе те кошта некаде околу 250-300 денари, месечно тоа е 7.500-9.000 денари само за греење кое што е премногу.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Како тема тешко дека ќе опстои...ама и јас сум за дискусија на оваа тема.

Во моментот имам котел на дрва.
Грејам простор од 120м2 (плус имам 40м2 под мене кои сега не се релевантни)

Инстлацијата на парното е од пред некои 3-4 месеци.
Сега за сега имам стар котел...мислам дека е Бујановац кој во никој случај не ме задоволува на дрва.

Мојата дилема е дали да инвестирам некои 1000 евра во горилник кој би го монтирал на постоечкиот котел, или 2000 евра во нов котел на пелети.

Инаку досега што сум читал по секакви форуми сваќам дека Хрватите и покрај тоа што се далеку пред нас со пелетите , тие сеуште се во мањак од сервисери и стручни лица кои би можеле да ги подесат параметрите кои се и те како важни при инсталирање на било какво грејно тело на пелети, посебно на горилник или како што некои други го викаат...Бренер.

Подесувањето многу зависи од просторот кој го загрејувате и секако највеќе од Квалитетот на пелетите.

Би сакал да прочитам ваше мислење (на оние кои се греат на пелети) во врска со оваа тема.

Што се однесува до форумите кои ги споменав еден од најдискутираните е овој!
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Па ајде да ја започнеме и оваа тема. Греењето со пелети е тренд кое постепено ја зафаќа и нашата држава, сакале да го признаеме тоа или не. Се уште луѓето се скептици за овој вид на греење барем во Македонија, заради високата цена на печките и котлите на пелети, како и на самиот енергенс. Пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг и цената се движи од 170 денари до 260 денари, зависно од квалитетот т.е.од калоричната вредност на енергенсот. Јас прва година се греам на пелети и можам да го споделам моето искуство. Имам печка Солара 6 кв од Екошпар која е предвидена за околу 40 м2. Со оглед дека мојата просторија која ја загревам е 50 м2, без никаква изолација со стара дограма, успевам да ја затоплам до 23-24 степени при што потрошувам една вреќа за период од 10 часа. Со оглед дека сум од Гевгелија, а во овој период од зимата температурите се превисоки, можеби затоа се справувам засега со температурите. За поладно ќе пишеме во наредна прилика.
За работата на печката е потребно пред палење да се исчисти пепелта од горилникот, бидејќи грејачот ќе нема допир со пелетите кои паѓаат, па затоа оваа постапка е задолжителна пред палење. Пепелта ја чистам со правосмукалка која треба секое утро да ја влечам од соба во соба :) али кога ќе размислам дека ми се избацени дрвата,веднаш добивам чуство на среќа :icon_mrgr: Одкако ќе биде спремна печката за палење се притиска копчето за старт и печката автоматски се пали во период од 5 -10 минути. На вас останува да ја полните со пелети која е многу полесна постапка за разлика од дрвата, но и цената е повисока. Засега толку, а за повеќе повелете Вие со вашите искуства.
Колку пари ја имаш купено печката? Зошто мислам дека печките за пелети не се обични... :)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Мојата печка е купена 760 евра, од македонски прозиводител. На нашиот пазар можат да се најдат покрај овие нашиве и од србски и босански производители.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Мојата печка е купена 760 евра, од македонски прозиводител. На нашиот пазар можат да се најдат покрај овие нашиве и од србски и босански производители.

Сега ги има секакви.... итаљански и германски имам сретнато!
Избор има... нема сервисер за истите или поточно кажано стручно лице кое би ги подесило параметрите на работа!
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.082
Поени од реакции
23.545

Има има како нема стручно лице.
Прашањето е колку знај да ја наштелова или колку сака да губи време да ја штелова.
Пред неколку години ги штеловав, но тогаш беа други времиња и други програматори, така да сега неможам многу да ви поможам околу тоа.
 
Сервисер за нив треба да има лицето кое ти го продава производот. Јас ја купив од Делчево, ми ја донесоја во Гевгелија, наместија и тоа е тоа. Е сега проблем ќе биде доколку има некој дефект, но има 1 година гаранција за електрониката и 2 години гаранција за печката. Ти си многу поблиску па мислам дека не би било проблем за сервисер.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Има има како нема стручно лице.
Прашањето е колку знај да ја наштелова или колку сака да губи време да ја штелова.
Пред неколку години ги штеловав, но тогаш беа други времиња и други програматори, така да сега неможам многу да ви поможам околу тоа.

Доколку се бавиш со таква работа а и веќе си штелувал стар тип.... тогаш со овие не би требало да имаш проблем.(Нормално малку ќе тупеш глава додека му влезеш во штос)
Сега според тоа што го читам.... сите котли и печки доааѓаат со посебен проспект за секој параметар.

Треба човек што ја разбира таа математика!
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 14:25 ---
Сервисер за нив треба да има лицето кое ти го продава производот. Јас ја купив од Делчево, ми ја донесоја во Гевгелија, наместија и тоа е тоа. Е сега проблем ќе биде доколку има некој дефект, но има 1 година гаранција за електрониката и 2 години гаранција за печката. Ти си многу поблиску па мислам дека не би било проблем за сервисер.

Делчево имаат само камини.... немаат Котел дизајниран за пелети или само горилник.
Не ми е јасно со таа фирма... едни од најголемите кога станува збор за пелети...а само 3 печки во понуда.

Сега има еден куп што прават котли на пелети како овие ...а тие немаат ништо...освен пелети!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ами случајно снемува пелети на пазарот некоја тешка зима?

При масовно користење на овие чуда луѓе има како глувци да измрзнат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.082
Поени од реакции
23.545
Доколку се бавиш со таква работа а и веќе си штелувал стар тип.... тогаш со овие не би требало да имаш проблем.(Нормално малку ќе тупеш глава додека му влезеш во штос)
Сега според тоа што го читам.... сите котли и печки доааѓаат со посебен проспект за секој параметар.

Треба човек што ја разбира таа математика!
Незнам како одат во Хрватска, но тука доаѓаат со најобично упатство за употреба, што според мене е сосем нормална работа.
Проблемот со новите програматори е во тоа што немам пристап ( нити пак сум се потрудил на најдам) за сервисно мени нити пак кој параметар за што служи, затоа што барем тука не е како порано и си има овластен сервисер кој наплатува одредена сума при самото штеловање и ја верифицира гаранцијата. Тоа значи ако гиба некој кој не е овластен и настани било каков дефект ја губиш гаранцијата, така да нити јас нити купувачите не се нафаќаат на такви егзебиции.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Соседите се греат на пелети, и ги чини многу помалку отколку членот во првиот пост. Тие ја земаа печката околу 900 евра пред една година, загреваат внатрешност на куќа со 80+ квадрати со алуминиумска столарија на 24 степени и притоа не трошат повеќе од една вреќа пелети на ден (15кг). Куќата нема некоја голема изолација, само е изолирана на 2 страни од каде што имаше влага со стиродур од 2цм, воопшто не ја гасат печката, 24/7 работи и ја гасат колку да изчистат од пепел и да го избришаат стаклото.. Не ми е јасно како може да троши толку многу пелети печката од првиот пост.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Можеби затоа што е направена за помала површина, а загрева поголема и нон стоп е пуштена на максимум.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 17:04 ---
Колку трошиш месечно за палети? Според ова што го кажа ти дека на секои 10 часа трошиш по една вреќа (170-260 ден.), тебе денот од 24 часа ќе те кошта некаде околу 250-300 денари, месечно тоа е 7.500-9.000 денари само за греење кое што е премногу.

Кога сум дома цел ден, ја трошам една вреќа од 200 денари, нормално кажав дека греам поголема површина од предвидената за печката, па за различна површина би била различна и потрошувачката.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Можеби затоа што е направена за помала површина, а загрева поголема и нон стоп е пуштена на максимум.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 17:04 ---

Користат SOLARA 6kw , тие грејат 80+кв. со една вреќа дневно оваа зима, ланската бидејќи беше постудено ја започнуваа и втората вреќа, но уклучена е 24/7 и никогаш не се лади просторот.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Користат SOLARA 6kw , тие грејат 80+кв. со една вреќа дневно оваа зима, ланската бидејќи беше постудено ја започнуваа и втората вреќа, но уклучена е 24/7 и никогаш не се лади просторот.

Кај мене значи е никаква изолацијата, кога не греам температурата паѓа до 10 степени, па додека да ја зазгрее просторијата до потребните 22-3 степени мора да се форсира максимум на 5ка, иначе не сум пробал да ја работам нон - стоп зошто не сум дома цело време. Во другата куќа во која живеев температурата не паѓаше под 16 степени без греење, така да и тоа игра голема улога.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom