Европско првенство за мажи - Данска 2014 | Франција шампион! |

Статус
Затворена за нови мислења.
Вие стварно мислевте дека Бошко има некој капацитет да развие некоја дебата:pos::pos:.А Бошко а Игорче исто ти се фаќа,не се рекло за џабе крушата под круша паѓа.
Vol pod vol mislis
 
Петиција за Доне да биде стручен коментатор на сите натпревари!!! Конечно некој што разбира ракомет да коментира а не Радиќ, Магдинчев и кој се уште не...


Доне беше денес? Пред крај ја фатив утакмицата, не го слушав многу, али тие работи што ги кажа, се гледа дека разбира кој што и колку игра. Тоа треба, а не историја за успесите на Кометал...
 
Доне беше денес? Пред крај ја фатив утакмицата, не го слушав многу, али тие работи што ги кажа, се гледа дека разбира кој што и колку игра. Тоа треба, а не историја за успесите на Кометал...


Да да ги знаеше сите играчи, каде играле порано, со кого играле, каков стил на игра имаат и играчите и екипите... Исто годеше пред време какви промени ќе пробаат тренерите, објаснуваше кои се добри кои се лоши акции.... Гласот не му беше баш милозвучен и дишењето беше комедија, ама радо тоа ќе го преживееме, само да има некој кој разбира што зборува. Светлосни години поарен од останатите кои сум ги слушал последно време. Едино Алушевски на ЛШ ако добро се сеќавам беше ок.
 
На првенствово овие странскиве коментатори цело време ги слушам: macedonia, metalurg, vardar.....од уста не не вадат, ептен популарни сме станале :icon_lol:
 
Лазаров најдобар стрелец моментално, Миркуловски најдобар асистент, а Македонија со математика ќе се обиде да се пласира во втората рунда.
 
Лазаров најдобар стрелец моментално, Миркуловски најдобар асистент, а Македонија со математика ќе се обиде да се пласира во втората рунда.


А што друго да се очекува кога крилата се некорисни освен во контра па и тогаш промашуваат, на лев бек играме колку да покрие некој, на пикер само на Столе можеме да сметаме а и он не може цела утакмица нормално, а Борко е топло ладно? :) Факт е дека целата игра ни зависи од Кире и Миркуловски, со Прибак подруго ќе биде во следната фаза (ако поминеме) мене најмногу ми е криво што крилата ни се ужас...:( Се научивме во Вардар, Дибиров по 10 гола да дава и Брумен по 5-6 :icon_lol:
 
Па крилата не се користат, како сакаш од нив да се има корист, се на се немаат ни десет удари упатено кон голот крилните играчи. Играч репрезентација сме, тоа е повеќе од јасно, ма да и на Лазаров головите ќе немаат корист ако некој друг не е расположен за игра.
 
И на џинџерот слабо му додаваат, а не е така лош, има солидна реализација, ама тоа е...Сега со Австрија очекувам добро да го затворат Кире :cenzura:
 
Точно крилата не се користат инаку Георгиевски имаше 2 /2 во позиционен напад на негова позиција Ојлески 1/1 а Манасков 2/3 (1 промашување од контра , 1 гол од бековска позиција) .Севкупно многу сме згуснати на средината бидејќи и крилата одат на позиција пикер а тоа воопшто не ми се допаѓа , нема ефект бековите шутираат од неизградена позиција. За натпреварот со Австрија очекувам проигрување на Георгиески и Ојлески/Манасков бидејќи не можат да бидат полоши од статистиките на Пецакоски 1/5 и Ангеловски 1/5 .
 
Па бар третина од тие напади коа шутиравме колку да се шутне и промашувавме, ни бранеа или ја губевме топката пошто сами си сметавме и немавме идеја, третина од тие напади да идеа преку крила мислам дека ќе тепавме.
Многу малце ги користевме крилата на крај, на крај краева да им се подавше барем ќе се разретчеше и раширеше одбраната на Чешка. Во повеќето напади многу наши играчи се згуснуваа на мал простор и сами на себе си сметаа. Некогаш топката страшно споро ја движевме.

Мора да се користат крилата подобро, пошто ако не му беше денес денот на Лазаров сигурно ќе изгубевме.
Миркуловски борбен како и секад но некогаш ќе се избута ќе повлече играчи од одбраната кон него и место да подаде на слободни наши он ќе шутне некој неизграден шут кој лесно ни го бранеше голманот. Исто и на крајот на двете полувремиња во клучен напад за водство шутна 2 пати избрзано. На крајот на прво Чесите не казнија за тоа среќа на крај не. Треба малце попаметно да се игра.

Австријциве глеам им дале 29 гола на Данска. Данциве се опуштија или Австрициве стварно се добри ? А и ваљгда ќе проработат голманиве на другава утакмица, коа не му иде на Борко треба да го повелече малце. Не ми е јасно денес како можеше цела утакмица да го остави.
 
1558405_1459550364264624_1628472574_n.png
ѓ

Најдобар досега!
 
Ај допуни слика,за Австријците дека имаат 3 играчи у топ 10 ... џабе е се коа само еден игра ...


незнам од кој сајт е, ја најдов овде и ја постирав. ако најдам цела ќе ти пратам пп.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom