Дали е дозволено човек да се ожени со разведена жена?
Не е препорачливо, но е дозволено. Треба да се разгледа конкретен случај и случајот ги запази условите кои се одредени од Црквата. Како и да е‘, потребно е советување со свештенството, кое треба да расуди, а согласно одредбите од Црквата.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 23:46 ---
150 денови! Ајде кажи ми како може месојадни и тревопасни животни прегладнети да стојат на едно место!? Притоа сите тие животни се наразлични страни на светот т.е. во тоа време не биле достапни бидејќи немале добри транспортни средства. Пр. континетните Австралија и Америка имаат свој маршути кои ги нема во Европа, Азија или Африка.
А кој вели дека животните биле прегладнети? Одредувајќи ги димензиите од арката, упатени до Ное, Бог точно промислил дека арката треба да биде толкава и толкава, за да можат и животните и Ное и неговото семејство да преживеат таква катастрофа во тек од 5 месеци.
Америка, Австралија или било кој друг континент, немаат своја форма како денешнава од секогаш, туку се оформени после Потопот.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 23:47 ---
И прашањето не го разбрав, мислиш на некоја Библиска приказна или било која???
Секако дека мислам на Библиските, а не на Снежана и 7-те џуџиња.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 23:57 ---
- Вербата и фактите се дијаметрално спротивни концепти.....а не взаемно поврзани. Што ќе ти е верба, ако имаш факт кој потврдува или демантира нешто? Ако имаш факти, тогаш знаеш, нема потреба да веруваш.
- Сакам кажам незнам речам - ако верата била вистинска ја дијагностицирала отпаднатата човекова природа...а доказ за отпаднатата човекова природа што е? Верба дека човековата природа е отпадната.....Циркуларна логика.
- Како ја правиш ти таа лична проверка? Како го проверуваш твоето искуство со тоа на црквата? Постои ли метод за тоа и ако постои кој е тој метод?
- Адам имал слобода да одбере, но немал репер за тоа што е добро а што зло, така да џабе вртоломии правиш.
- Вербата е својство на човековиот дух (и демоните веруваат, но и знаат...) и како постоечко својство, духот има свој предмет на интерес-тоа е тежнеењето кон вечноста. Фактите од материјалнитов Свет се предмет на човековиот ум, односно предмет на овосветовно знаење.
- Доказ за отпадната човекова природа се делата од таа (отпадната) природа, а тие дела се сублимираат во еден израз: грев и последично, смрт. Житовните и растенијата не се склони кон гревовно однесување и битисување.
- Провераката е проста: со споредување на состојбата од своето битие со искуствата кои се забележани/запишани од Црквата.
- Адам имал слобода и да одбере и да одлучи. Адам имал совршен репер за тоа што е добро: тоа е самиот Бог и амбиентот во кој Адам битисувал, а ја имал и Божјата опомена за последиците од непослушноста и погрешниот избор и погрешната одлука. Со својата простодушност и недоволното време поминато во „искуствено„ разликување на доброто од злото, Адам ја оплеска работата.