Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
:facepalm:
Колку време пловела арката?

150 денови.
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 18:29 ---
Тоа се вика здрав разум - логика. .

Верата во Бога е надлогична-не е производ од човековото телесно мудрување, туку е од Бога објавена вистина.
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 18:36 ---
И прашањето го поставив од чиста заитересираност, и без тоа приказната нема логика.

Во ред: ајде кажи ми една приказна, која има логика.
 
Верата во Бога е надлогична-не е производ од човековото телесно мудрување, туку е од Бога објавена вистина.
За верување не ти треба логика, логика ти треба за знаење. Децата веруваат во дедо мраз и за тоа не им треба логика, им треба фантазија и убеденост дека нивната фантазија е вистина, исто како и случајот со тебе.
А за вистината, ти треба далеку повеќе од само верување, во спротивно, ќе си го потрошиш животот во илузија, како што веќе и си го трошиш.
Ниедна ментална гимнастика неможе да ја испере глупоста според која можеш да бараш одговорност од некој што ти самиот си го создал без сознание за добро и зло.

П.С. Не ми го сецкај постот и не го цитирај по сто пати.
 
- Верата, како својство од човековиот разум, и логиката како својство од човековиот ум, немаат многу заедничко, исто како што оносветовнотот е битно различно од овосветовното.
- Верувањето во Дедо Мраз е производ од човековата фантазија, која пак е последица од човековата Богоотпаднатост. Прв кој фантазираше, беше лукавиот. Фантазијата не може да прејде во старност или вистина, оти нема своја суштина-не е од Бога Творецот створена, туку е производ од отпаднатоста човекова.
- Ако верувам, значи и дека знам. Вер(б)ата му претходи на знаењето. Така е во духовноста, а делумно, така е во природните науки.
- Бог на Адама му даде повеќе работи: разум, слободна волја, благодат, знаења, комфор Едемски и конечно, предупредување. Не можеш да ја префрлиш својата кривица со тоа што ќе речеш:„...Не бе, јас не знаев што е дборо а што зло...„ а претходно си бил ем поткован ем опоменат.
 
- Фантазијата е одлика на интелегенцијата а не на човековата отпаднатост од Бог, и таа е нераздвоива со верувањето. Токму затоа децата имаат најбујна фантазија и во исто време најлесно може да поверуваат во било што.
- Ако верувањето значело дека знаеш, тогаш поверувај и кажи ми каде сум лоциран во моментов.
- Во приказната е многу јасно нагласено дека на Адам му било ускратено сознанието за добро и зло, бесмислено е да бараш одговорност од некој што ти самиот си го создал без сознание за добро и зло.
 
- Фантазијата е одлика замо на отпаданиот човек, но и одлика од демоните. Ниту едно друго битие не фантазира. Децата имаат бујна фантазија, која не раѓа гревовно однесување, но и нема блага врска со реалноста.
- На погрешно прашање, се дава погрешен одговор. Зборувам за вер(б)ата во Бога и во Неговата наука, а не за вер(б)ата во смртни луѓе и нивното мудрување. Во секој случај, еве, верувам дека сега си лоциран на вистинското место...
- На Адама му беа дадени многу нешта, пред да ја утне работата. Адам не беше створен како безумен робот со вграден софтвер, туку како разумно битие, кое може да одлучува и да одбира.
 
- Фантазијата е одлика замо на отпаданиот човек, но и одлика од демоните. Ниту едно друго битие не фантазира. Децата имаат бујна фантазија, која не раѓа гревовно однесување, но и нема блага врска со реалноста.
- На погрешно прашање, се дава погрешен одговор. Зборувам за вер(б)ата во Бога и во Неговата наука, а не за вер(б)бата во смртни луѓе и нивното мудрување. Во секој случај, еве, верувам дека сега си лоциран на вистинското место...
- На Адама му беа дадени многу нешта, пред да ја утне работата. Адам не беше створен како безумен робот со вграден софтвер, туку како разумно битие, кое може да одлучува и да одбира.
- Причината поради која само човекот има способност да фантазира е тоа што само човекот има доволно интелегенција за тоа (барем некои имаат).
- Дали твојата верба во Бога не се базира на сведоштва и книги пишувани од смртни луѓе?
- Фактот дека му било ускратено сознанието за добро и зло останува, а без него неможе да се знае дали тоа што си одбрал е добро или не.
 
- Не е само човекот интелигентен: таков е и Бог па не фантазира. Интелигентен е и демонот па фантазира, оти не може да го достигне она кое го наумил па таа немоќ ја надополнува со фантазирање.
- Мојата вер(б)а е производ од Богобарањето, довербата во авторите од книгите и во личниот духовен опит.
- Нема тука никаков факт: факт е само тоа дека на Адама многу нешта му биле дадени, а Адам пак одлучил да му верува на лукавиот е не на Бога.
 
Ако твојата верба е плод на доверба а не на факти, зошто ја прикажуваш како вистина за сметка на вербата на другите кoja ја сметаш за лажна? Како воопшто верба може да биде вистинска или лажна?! Кога и самиот ти кажа дека се базира на доверба во нечие тврдење, исказ или искуство? И од што се состои тој твој духовен опит?

Ако Адам бил создаден без критериум за добро и зло, како не е факт констатацијата дека неговиот креатор нема основа да бара одговорност од него?
 
- Нема верба без факти: факт е самата верба, која е својство на човековиот дух, а факт е и духовниот опит. Другите вери се лажни, затоа што се мешавини од малку вистини и тоа појќе лаги. Тактото на лагата одамна е познат.
- Вистинската од лажната вер(б)а се разликуваат по својата природа и содржина: ако верата е вистинска, таа точно ја дијагностицира отпаднатата човекова природа и таквата вера има чаре за таа отпсднатост Ако верата е лажна, тоа значи дека е ласкаво скроена.
- Довербата во нечие мислење е субјективна па затоа и склона кон грешки. Ако самиот верувам во лажна вера, тогаш ќе имам доверба кон припадниците од истата таа вера. Ако довербата тргнува од Бога и од Неговото објавено учење, таа и таква доверба преоѓа и на/кон верните од предметната вера.
- Духовниот опит се состои од лична проверка и споредба на своето искуство со забележаните искуства од Црквата, т.е. нејзните припадници, како и споредбата со искуствата од припадниците од другите вери.
- Адам не е создаден како „табула раза„, туку е создаден како разумен, слободно волен, облагодатен и опоменат. Така, Адам имал слобода да одбере и да одлучи, а не само да делува механички или инстинктивно. Оттаму и доаѓа неговата грешка.
 
- Вербата и фактите се дијаметрално спротивни концепти.....а не взаемно поврзани. Што ќе ти е верба, ако имаш факт кој потврдува или демантира нешто? Ако имаш факти, тогаш знаеш, нема потреба да веруваш.
- Сакам кажам незнам речам - ако верата била вистинска ја дијагностицирала отпаднатата човекова природа...а доказ за отпаднатата човекова природа што е? Верба дека човековата природа е отпадната.....Циркуларна логика.
- Како ја правиш ти таа лична проверка? Како го проверуваш твоето искуство со тоа на црквата? Постои ли метод за тоа и ако постои кој е тој метод?
- Адам имал слобода да одбере, но немал репер за тоа што е добро а што зло, така да џабе вртоломии правиш.
 
150 денови.
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 18:29 ---

Верата во Бога е надлогична-не е производ од човековото телесно мудрување, туку е од Бога објавена вистина.
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 18:36 ---

Во ред: ајде кажи ми една приказна, која има логика.

150 денови! Ајде кажи ми како може месојадни и тревопасни животни прегладнети да стојат на едно место!? Притоа сите тие животни се наразлични страни на светот т.е. во тоа време не биле достапни бидејќи немале добри транспортни средства. Пр. континетните Австралија и Америка имаат свој маршути кои ги нема во Европа, Азија или Африка.

И прашањето не го разбрав, мислиш на некоја Библиска приказна или било која???
 
Дали е дозволено човек да се ожени со разведена жена?

Не е препорачливо, но е дозволено. Треба да се разгледа конкретен случај и случајот ги запази условите кои се одредени од Црквата. Како и да е‘, потребно е советување со свештенството, кое треба да расуди, а согласно одредбите од Црквата.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 23:46 ---
150 денови! Ајде кажи ми како може месојадни и тревопасни животни прегладнети да стојат на едно место!? Притоа сите тие животни се наразлични страни на светот т.е. во тоа време не биле достапни бидејќи немале добри транспортни средства. Пр. континетните Австралија и Америка имаат свој маршути кои ги нема во Европа, Азија или Африка.

А кој вели дека животните биле прегладнети? Одредувајќи ги димензиите од арката, упатени до Ное, Бог точно промислил дека арката треба да биде толкава и толкава, за да можат и животните и Ное и неговото семејство да преживеат таква катастрофа во тек од 5 месеци.

Америка, Австралија или било кој друг континент, немаат своја форма како денешнава од секогаш, туку се оформени после Потопот.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 23:47 ---
И прашањето не го разбрав, мислиш на некоја Библиска приказна или било која???

Секако дека мислам на Библиските, а не на Снежана и 7-те џуџиња.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 23:57 ---
- Вербата и фактите се дијаметрално спротивни концепти.....а не взаемно поврзани. Што ќе ти е верба, ако имаш факт кој потврдува или демантира нешто? Ако имаш факти, тогаш знаеш, нема потреба да веруваш.
- Сакам кажам незнам речам - ако верата била вистинска ја дијагностицирала отпаднатата човекова природа...а доказ за отпаднатата човекова природа што е? Верба дека човековата природа е отпадната.....Циркуларна логика.
- Како ја правиш ти таа лична проверка? Како го проверуваш твоето искуство со тоа на црквата? Постои ли метод за тоа и ако постои кој е тој метод?
- Адам имал слобода да одбере, но немал репер за тоа што е добро а што зло, така да џабе вртоломии правиш.

- Вербата е својство на човековиот дух (и демоните веруваат, но и знаат...) и како постоечко својство, духот има свој предмет на интерес-тоа е тежнеењето кон вечноста. Фактите од материјалнитов Свет се предмет на човековиот ум, односно предмет на овосветовно знаење.
- Доказ за отпадната човекова природа се делата од таа (отпадната) природа, а тие дела се сублимираат во еден израз: грев и последично, смрт. Житовните и растенијата не се склони кон гревовно однесување и битисување.
- Провераката е проста: со споредување на состојбата од своето битие со искуствата кои се забележани/запишани од Црквата.
- Адам имал слобода и да одбере и да одлучи. Адам имал совршен репер за тоа што е добро: тоа е самиот Бог и амбиентот во кој Адам битисувал, а ја имал и Божјата опомена за последиците од непослушноста и погрешниот избор и погрешната одлука. Со својата простодушност и недоволното време поминато во „искуствено„ разликување на доброто од злото, Адам ја оплеска работата.
 
- Колку демони познаваш ти? Изнесуваш тврдење дека тие верувале и знаеле, дали си видел демон?
- Зошто да го сметам твојот критериум за отаднатост на човековата природа за адекватен? Ако последица на гревот е смртта, а животните и растенијата не се склони кон гревовно однесување, зошто не се бесмртни?
- Како ти ја проверуваш состојбата на твоето битие?
- Адам може да имал се и сешто, го немал баш тоа без кое неможе да го товариш за одговорност - сознанието за добро и зло!
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 00:15 ---
Не е препорачливо, но е дозволено. Треба да се разгледа конкретен случај и случајот ги запази условите кои се одредени од Црквата. Како и да е‘, потребно е советување со свештенството, кое треба да расуди, а согласно одредбите од Црквата.
Што е крива жената, за да не смее никој да се ожени со неа, затоа што била разведена?
Матеј 5
32 А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен за прељуба, ја прави да врши прељуба, и кој се оженува со така напуштена, врши прељуба.
 
Мики дали во стариот завед е предвидено воскресението на Исус? И ако можеш кажи ми во која книга. Фала
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom