Има навреди и различно мислење тоа е факт. Ама они го претеруваат ептен. Ако еден го критикува календарот не значи дека сите стојат зад неговото мислење, ако еден го подржува календарот не значи дека сите стојат зад неговото мислење. Си имаат проблем со тоа и никако не може да ги разграничат тие работи. Секој кој пишува пост/твит/фб коментар си го пишува врз основа на свој став и мислење.
Еве денеска прочитав дека негативните критики на затуцаниот кајгана форум биле од кујната на УМС. Секоја му чест на премиерот кој успеал да ги купи сите 40 и неколку илјади членови на форумов, па он е гениј. Мора да се сфати дека штом во јавноста излегуваш со нешто, истата таа јавност ќе те даде пофалба или критика. Секогаш тоа било така и ќе биде. Ваквите коментари делуваат глупави и еднострани. Затоа и се тие поделби. Се што правиме ние е во ред и мора да се има за истото позитивно мислење, а се што прават останатите е хејт, глупост, мизерија и идиотизам. Епа не оди тоа така.