Благодарам за одговорот.
Јас и порано напишав дека Аллах е Бог преведено на Арабски. Како што на Германски е Год итн.
Но Христос не зборувал на Арабски а на АРАМЕЈСКИ. На Арамејски за Бог е Абу, или според други Јелах.
http://www.youtube.com/watch?v=anWyJ-Gd8us
http://www.pravoslavie.ru/answers/33830.htm
А на нашиот Македонски јазик е БОГ, тоа и беше борбата на Светите братќа Кирил и Методиј да можеме да ги разбираме молитвите и светите литургии а не како дотогаш да ни се пропведа нешто што не го разбираме.
.
Светите браќа Кирил и Методиј (
Бог да ги благослови во век и векови), исто како и сите други вистински евангелисти и реформатори после ними, имале една и единствена цел. Имено, онаа истата која ја имале
вистинските Апостоли: Благовеста (
Евангелието) на
Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите кои што ќе
Ја прифатат
отелотворена во Исуса Христа - што поблиску да
Ја донесат до срцето на луѓето, но во ниеден случај да го негуваат и одгледуваат индивидуалниот и колективниот егоизам, од кого национализмот, расизмот и фанатизмот (верски негативен), се најпознатите “плодови“.
За жал, низ историјата, самобендисаната грчко римската верзија на христијанството (која себеси се смета за единствена вистинска), честопати ја промашила мисијата и најсветата цел, општејќи и аранжирајќисе со националнто, а со тоа длабоко вплеткувајќисе во световното.
Самите
вистински Апостоли не
Ја проповедаа
Благовеста само на
Исусовиот (и нивниот) мајчин јазик, туку и на другите јазици, како на пример грчкиот (и латинскиот), кој во тоа време бил светски јазик, слично на англискиот денес.
Тие - за разлика од оние кои китејќисе со “туѓи перја“, самите себеси се представуваат и издигнуваат како единствените вистински - во ниеден момент не се вплеткале во телесни борби, национализми, национални нетрпенија, војни, оружје или нивното благословување, туку стоеја над таквите нешта, бидејќи беа
вистински воскреснати од смртниот сон и вистински Духовно преродени во Христа!
(Колос. .3.)
п.с. Лутер во германија, а Цвингли во швајцарија, исто така се бореа за тоа да смее на германскиот јазик да се преведе Библијата, како народот би можел без посредништво на монополот на самобендисаните, самовоздигатите и самонаречените “единствени вистински“ да го чита
Евангелиското сведоштво за Љубовта Божја. Но и таму, како и секаде во светот, без
јазиците што ги
дарува Божјата најголема каризма, настанува животонепријатната шизма!
.