Европско првенство за мажи - Данска 2014 | Франција шампион! |

Статус
Затворена за нови мислења.
нема само Скопје проблеми со маглата. :)

Еве и некој систем за магла што го поставиле во аеродром во Шпанија http://www.barcelona-girona-airport.com/anti-fog-equipment-Girona-Airport И тоа на 50 метри видливост само може да полетуваат и следуваат авиони.А како што гледам моментално видливоста е 1 километар во Скопје.
 
Прво мене не ми јасно зашто они не се таму некој ден порано. Работава е идеме денес утре одма утакмица. Можело да се отиде еден или два дена порано.

Друго, точно ништо не може да ја спречи маглата и тоа е тоа, НО можеше да се предвиди барем еден ден порано и да се склопи ефективен резервен план. Веќе месец и пол на аеродром имаат проблеми со магла и луѓево од аеродром и федерација требало тоа во обзир да го имаат.

Единствена среќа е што натпреварот во недела реално не ни е битен и ни е чисто ревијален.
Може затоа и покасно одат...
 
Ироничен сум бе, примети ваљда. :)
Истата поента ми е и мене, за претходната гарнитура на РФМ коа се дешаваа вакви пехови се бараа оставки со дисклејмер: „Они се виновниците“. Епа сеа глеаме дека не се они и дека непрофесионалноста ни е ко вродена маана.
Лошото сега е што ќе имаат алиби и одговорност нема да превземат оние кои треба да превземат...
РФМ од секогаш биле тешки непрофесионалци. Нека не ве изненадува ништо oд нив. Тешко дека некој таму знае што е одговорност.
 
Ќе биде јако утре да стигнат пред натпревар со Данска , и така не е битен барем ќе гледаме циркуз :icon_lol:
 
Еве и некој систем за магла што го поставиле во аеродром во Шпанија http://www.barcelona-girona-airport.com/anti-fog-equipment-Girona-Airport И тоа на 50 метри видливост само може да полетуваат и следуваат авиони.А како што гледам моментално видливоста е 1 километар во Скопје.

Тоа е Instrument Landing System или скретно ILS
Кај нас има ILS CAT I (категорија 1), тоа значи дозволено слетување до видливост од 400 метри, секогаш кога биделивоста ќе биде помала од 550 метри аеродромот е затворен за слетување, но не и за полетување.
На сите современи аеродроми , каков што е и нашиов нели :) има инсталирано ILS CAT III и може да се слетува со видливост не помала од 50 метри.
Ај веќе кога нема инсталирано ILS CAT III на нашиов аеродром и земено во предвид дека зимово повеќето од летовите беа откажаи поради магла, па нели можеше чартерот што ќе ги носи нашите ракометари , да биде изнајмен за 1 или 2 дена предходно , односно да пристигне порано и да седи на аеродромот а не да кружи пола ден над Скопје баш кога има магла.
И така фино денеска ќе му беше дозволено да полета :)
 
Значи, за ова нема никакво оправдување. Ова е чист непрофесионализам. Да беа професионалци, сто посто ќе направеа подобар план ако има магла, отколку да одат до Софија и од таму да одат до Данска.
 
Ај да не ја претеруваме сега. Дека требало да имаат спремна резервна варијанта и побрзо да реагираат требало, ама за друго искрено не ги обвинувам. Не е поентата само да плукаме за се и сешто колку да се плукало. Ова и на многу посериозна федерација им се случува (ако добро се сеќавам минатата година на светското првенство некоја од јаките селекции заради магла беше заглавена и доцна пристигна).

1. Ако има некој метеоролог нека ме поправи, ама магла ако не грешам не може повеќе од 24 часа порано да се предвиди. Барем не со доволно ниво на сигурност. Откако се среди маглата од пред 2 недели ок беа летовите на аеродромот. Ова ми се чини е прв ден пак да има проблеми.

2. Немојте да мислите дека на аеродром висат 24 часа играчите. Како и во сите случаи на откажани или одложени летови патниците претпоставувам дека ги сместуваат во хотел во близина на аеродромот. Тоа превозникот и аеродромот го организираат. Имаше и кај нас еден куп вакви случаи.

3. Можеби има исклучоци но вообичаено сите селекции на ракометните првенства (па и на други првенства) пристигнуваат петок вечер или сабота наутро, ако во недела почнува првенството. Порано немало зошто да заминат, не значи дека е подобро да губат време таму по хотели отколку тука да се подготвуваат. Прашање е и дали смеат да одат порано од тоа дали би имале пристап до салите...

4. Претходните "свесно" ги праќаа на 24 часовни патешевствиа со еден куп прекачувања и чекања со евтини летови. Овие со чартер лет од Скопје до најблискиот аеродром до Хернинг ги праќаат. Огромна е разлика и мислам дека е неспоредливо.

Крајната ситуација е лоша нормално, ама мене многу повеќе ме загрижуваат вчерашните "инфузии" отколку ова. Ова се случува и тоа е тоа.
 
Браво за кадетите со оваа победа денеска се ептен блиско до пласман на европско, бидејќи Грузијците се убедливо најслаби и не треба да биде проблем да ги победиме утре.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom