ЕП 2014 - Група А (Македонија, Данска, Чешка, Австрија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Кое место во групата ќе го освои Македонија?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Баш напротив,ако го видиш составот на Чесите не би играл така..
Секако изненадување е можно,но сепак Чесите имаат поквалитетен тим,не знам како би победиле Австријците,па дури и со поголема разлика...
Единствена шанса им е да наметнат меч со многу голови,таа е нивната игра,брза транзиција на топка,даваат многу голоиви од контра,полуконтра,доста ги користат крилата.....
Така ги добија и Србите лани во квалификациите,успеаа да освојат 3 бод во тој двомеч,исто и со Русите,таа е нивната игра...исто продолжија и на пријателските мечеви,не знаат да играат поинаку,типичен скандинавски стил...
Немаат некои екстра бекови,најпознат играч е Силаги...
Чешка од друга страна има искусни играчи,ако ја стегнат одбраната(шо е за очекување)дека ќе одат на меч со помалку голови,тешко ќе оди за Австрија,посебно на позиционен напад...
Ако се намалат контрите немаат шанси Австријците..
При ваква игра Чесите се апсолутно во предност,имаат бекови за класа подобри од австриските,пред се Јиха....
Тежок меч во секој случај,би требало да има неизвеност,мој тип е победа на Чешка со неколку гола разлика....

Чешка е фаворит на тој меч а хендикепот е на 2.5...јас мислев на тоа Австрија да не загуби со повеќе од 2 гола разлика...
 
Очекувам пораз од Данска со 8 разлика и од Чешка со 6 разлика,со австрија ќе биде интересно ,мислам борба за влез во следната рунда :place:
 
Мислам дека нема да појдат денес за Данска... Ко што разбрав, одложени биле сите летови од скопскиот аеродром.
 
ќе се бара решение преку Охрид.
 
До некаде оправдано е ова доцнење пред заминувањето за Данска поради здраствената состојба на дел од играчите, но сепак тоа не е оправдување. Зашто мене ова ми наликува на несериозност и неозбилно сваќање на ова Европско Првенство од страна на федерацијата?
Зарем се заминува неполн ден пред натпреварот за Данска? Зарем не требаше сега играчите да бидат веќе во хотел во Данска? Иако тие тренираа константно, сепак на играчите им е потребен одмор пред натпреварот, а не директно од авион во сала.
 
Викате победа над Чешка или Австрија ни обезбедува пласман понатака , но не е така , ако имаат ист број бодови Австрија , Чешка и ние тогаш лесно може и да испаднеме.:нинџ:

Олеснително е што последниот меч го играме со Австрија и сами ќе ја решаваме судбината.
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 17:26 ---
Untitled.png
 
Ова со летовите е уште една можна причина која би ја наведувале при многу веројатниот неуспех во Данска, не знам шо ќе беше ова се што е можно се насобра...

Или пак ѓаволски сета среќа да ни се наклони во текот на првенството и да догураме подалеку:cautious:
 
Колку што знам на ракометните ЕП сите селекции горе долу пристигнуваат еден ден пред првенството, така што не мислам дека е тоа организациски проблем. Си имаа дури и чартер лет организирано. Е сега дали можело да се предвиди дека ќе има магла и со време да имаа резервен план тоа не знам...
 
Макеоднија и Австрија се сретнаа на ЕП во Србија пред две години. Тогап нашите ракометари ги совладаа Чесите со 26:21.

zakluchok od sportski napis na makedonski portal
 
Ваков малер ни Тошо Малерот не видел во животот. Како тргна, у пм...

Ова со маглава...јој туго...

Не ни се пишува арно...
 
Макеоднија и Австрија се сретнаа на ЕП во Србија пред две години. Тогап нашите ракометари ги совладаа Чесите со 26:21.

zakluchok od sportski napis na makedonski portal

Сме играле со Чехоавстрија изгледа :D
 
Уште не биле тргнати бе :eek::eek::eek:
За саат и пол ќе тргале од Софија.
 
Можно ли е да се одложат натпреварите на Македонија ?! Ако тргнат дури на Полноќ , ќе стигнат дури утре отсабајле ... Нема дури ни да можат да се прилагодат брзо ни тренинг скапан .... Изгледа ќе се одложат ... :(
 
Можно ли е да се одложат натпреварите на Македонија ?! Ако тргнат дури на Полноќ , ќе стигнат дури утре отсабајле ... Нема дури ни да можат да се прилагодат брзо ни тренинг скапан .... Изгледа ќе се одложат ... :(

Ќе се одложат? Се заебаваш или...?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom