Zdravo, dali ima nekoj upotrebuvano foli strong http://www.medobil.com.mk/health-products/hair-loss/foli-strong
e kazujte sto vi pomognalo , jas ne idam po takvi ordinacii moj drugar odese nisto ne mu pomogna, mene mnogu mi opagja so godini - imam slusnato na vichy deka e dobra kozmetikana sampon plus ampuli ama samo ampulite se 6000 den a koj ima tolku za vo mesecot da si gi treska neznam....jas koristam na biokap ampuli ama mn pocnaa da gi povlekuvaat nz zosto samo vo 1 -2 apteki gi ima i tamu krajni rezervi ...sega se prefrliv na cyclovital samponot( okolu 500 den) i kombiniram so ampuli od evolution( edna e 60 den) vo kosmo gi ima pa ke vi kazam ako ima rezultati ) pozz
Отиди во 101hair во Соравиа, прегледот е 600 денари ќе ти кажат од што ти е и што треба да правишОд пубертетот имам проблеми со косата, поточно ми паѓа, не сум ќелав (ама како што тргнала работата може и ќе бидам). Е сега многу луѓе, па дури и мојата матична докторка ми спомна дека голема е веројатноста да имам хормонално пореметување. Ме прати кај дерматолог кој немаше ни Д од дерматолог (според мене) и ни стој ни чекај уште кога му кажав дека ми паѓа косата ми препиша Пилфуд. Мене ова со хормоналното ми е пологично, затоа што на телото сеуште ми растат премногу влакна, уште на долната страна од стапалата и дланките што не ми пораслане, а на главата ми паѓаат. Би сакал доколку има некој искусен, со ваква сторија, да ми даде некој совет и по можност да ми препорача добар дерматолог во Скопје.
Па и два пати треба да се нанесува од 5 % за машки, ако ставаш од 2 ништо не прајшМоментално постојат само 2 лека научно докажани против косопад , тоа се Propecia и Minoxidil или попознат како Regaine или Rogaine.
Пропециата уште од почетокот не ти ја препорачувам , а Minoxidilot го имаш во форма на таблети за орално зимање ( што исто така не ти го препорачувам ) и за огромна среќа го имаш како спреј од 5 Mg кој се нанесува на местата каде што косата е поретка. Ова е случајно откриено , односно првично се користел за зголемување на притисокот кај тие што страдаат од низок крвен притисок , и забележано е дека косата почнала да расти, односно станува збор за зголемување на циркулацијата на крвта во кожата на главата и ја зголемува исхраната на фоликулот. Нормално тоа неможе одма да делува , потребно е континуирано аплицирање и резултатите доаѓаат дури после 6тиот месец.
Значи во никој случај не го зимај орално во вид на таблети , има многу други лоши ефекти ќе ти прави проблем со притисокот , но во форма на спреј немаш никаков проблем , и ако планираш да го користиш сепак прво напрај си крвна слика и консултирај се со стручен доктор , имаш на нет безброј форуми за за косопад , луѓе од цел свет што го дискутираат тој проблем , и имаш безброј решенија , нормално сето тоа зависи од колкава важност ти е косата. Јас посветив добри 2 месеци во друштво на вакви луѓе , и верувај ми не бев свесен колку решенија има.
И да , Миноксидилот највише делува во делот на круната на главата , односно на тилот ние што викаме , ама има делување и на предните делови. Треба да се аплицира еднаш дневно , резултатите се забележуваат после 5-6 месеци , и кога ќе ги постигнеш резултатите ако прекинеш да го нанесуваш , косата пак ќе се врати во првобитното стање во наредните 5-6 месеци.
Се надевам ти помогнав. Покасно ќе напишам подолг пост за разни превентиви , ептен многу научив за овој проблем во последните 2-3 месеци.
Еве ти резултати од Миноксидилот пред , и после 5 месеци. Типот нанесувал по 2 пати во денот.
Првата слика ти е пред да почне да нанесува.
Оваа ти е после 5тиот месец од нанесувањето.
Да ви кажам нешто -
Јас го имам истиот проблем како и сите други со опаѓање на косата, постојат 2 фактори:
- дали имате наследено ГЕН од родител,дедо,чичко,вујко итн
- или е моментална ситуација поради стрес,недоволно витамини или нездрава исхрана
Ако е вториот фактор кај вас тогаш овие спрејови и шампони можат да ви завршат работа па "можеби" после година дена ќе имате ефект.
Ако имате наследено ГЕН, што сакате користете не можете да го спречите губењето на косата, сите средства и шампони кои што ќе ги користите само ќе го пролонгираат опаѓањето на косата, но ништо нема да го запре.
НО НЕ Е САМО ОВА - Ако си имате парички ќе отидете, ќе земат примероци од здрави влакна од вашата коса и потоа следи НАСАДУВАЊЕ на коса. Единствениот лек е ова, само што е премногу скап и треба да се повтори неколку пати....
Ама дали знаете како велат: Паметна глава коса не држи
И мене ми се проретчува косата. Генски е кај мене случајот. Дај кажи ми повеќе за насадувањето. Што се прави со тие влакна што сега моментално ги имам? Дали ќе паднат подоцна? Или тоа се прави скроз да ти падне коса?
Еве ти текст, прочитај го ќе ти се разјасни се, а еве ти и илинк.И мене ми се проретчува косата. Генски е кај мене случајот. Дај кажи ми повеќе за насадувањето. Што се прави со тие влакна што сега моментално ги имам? Дали ќе паднат подоцна? Или тоа се прави скроз да ти падне коса?
ако сакаш да си таков биди само немој да мислиш дека секоја ќе трча по тебе. поише трчаат кај тие со коса има ли шанси кога сме веќе кај трансплантација да се трансплантираат влакна и од друго место на телото на пример од брада на коса?Море ќе се ишишам ќелав да се стопли, ќе ставам тетоважа и ќе бидам како Урко.
ако сакаш да си таков биди само немој да мислиш дека секоја ќе трча по тебе. поише трчаат кај тие со коса има ли шанси кога сме веќе кај трансплантација да се трансплантираат влакна и од друго место на телото на пример од брада на коса?