Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
27 ноември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
e kazujte sto vi pomognalo , jas ne idam po takvi ordinacii moj drugar odese nisto ne mu pomogna, mene mnogu mi opagja so godini - imam slusnato na vichy deka e dobra kozmetikana sampon plus ampuli ama samo ampulite se 6000 den a koj ima tolku za vo mesecot da si gi treska neznam....jas koristam na biokap ampuli ama mn pocnaa da gi povlekuvaat nz zosto samo vo 1 -2 apteki gi ima i tamu krajni rezervi ...sega se prefrliv na cyclovital samponot( okolu 500 den) i kombiniram so ampuli od evolution( edna e 60 den) vo kosmo gi ima pa ke vi kazam ako ima rezultati :)) pozz
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.674

Моментално постојат само 2 лека научно докажани против косопад , тоа се Propecia и Minoxidil или попознат како Regaine или Rogaine.

Пропециата уште од почетокот не ти ја препорачувам , а Minoxidilot го имаш во форма на таблети за орално зимање ( што исто така не ти го препорачувам ) и за огромна среќа го имаш како спреј од 5 Mg кој се нанесува на местата каде што косата е поретка. Ова е случајно откриено , односно првично се користел за зголемување на притисокот кај тие што страдаат од низок крвен притисок , и забележано е дека косата почнала да расти, односно станува збор за зголемување на циркулацијата на крвта во кожата на главата и ја зголемува исхраната на фоликулот. Нормално тоа неможе одма да делува , потребно е континуирано аплицирање и резултатите доаѓаат дури после 6тиот месец.

Значи во никој случај не го зимај орално во вид на таблети , има многу други лоши ефекти ќе ти прави проблем со притисокот , но во форма на спреј немаш никаков проблем , и ако планираш да го користиш сепак прво напрај си крвна слика и консултирај се со стручен доктор , имаш на нет безброј форуми за за косопад , луѓе од цел свет што го дискутираат тој проблем , и имаш безброј решенија , нормално сето тоа зависи од колкава важност ти е косата. Јас посветив добри 2 месеци во друштво на вакви луѓе , и верувај ми не бев свесен колку решенија има.

И да , Миноксидилот највише делува во делот на круната на главата , односно на тилот ние што викаме , ама има делување и на предните делови. Треба да се аплицира еднаш дневно , резултатите се забележуваат после 5-6 месеци , и кога ќе ги постигнеш резултатите ако прекинеш да го нанесуваш , косата пак ќе се врати во првобитното стање во наредните 5-6 месеци. :)

Се надевам ти помогнав. Покасно ќе напишам подолг пост за разни превентиви , ептен многу научив за овој проблем во последните 2-3 месеци.

Еве ти резултати од Миноксидилот пред , и после 5 месеци. Типот нанесувал по 2 пати во денот.

Првата слика ти е пред да почне да нанесува.

Оваа ти е после 5тиот месец од нанесувањето.

Член од
4 август 2012
Мислења
160
Поени од реакции
57
Од пубертетот имам проблеми со косата, поточно ми паѓа, не сум ќелав (ама како што тргнала работата може и ќе бидам). Е сега многу луѓе, па дури и мојата матична докторка ми спомна дека голема е веројатноста да имам хормонално пореметување. Ме прати кај дерматолог кој немаше ни Д од дерматолог (според мене) и ни стој ни чекај уште кога му кажав дека ми паѓа косата ми препиша Пилфуд. Мене ова со хормоналното ми е пологично, затоа што на телото сеуште ми растат премногу влакна, уште на долната страна од стапалата и дланките што не ми пораслане, а на главата ми паѓаат. Би сакал доколку има некој искусен, со ваква сторија, да ми даде некој совет и по можност да ми препорача добар дерматолог во Скопје.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Отиди во 101hair во Соравиа, прегледот е 600 денари ќе ти кажат од што ти е и што треба да правиш :)
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Моментално постојат само 2 лека научно докажани против косопад , тоа се Propecia и Minoxidil или попознат како Regaine или Rogaine.

Пропециата уште од почетокот не ти ја препорачувам , а Minoxidilot го имаш во форма на таблети за орално зимање ( што исто така не ти го препорачувам ) и за огромна среќа го имаш како спреј од 5 Mg кој се нанесува на местата каде што косата е поретка. Ова е случајно откриено , односно првично се користел за зголемување на притисокот кај тие што страдаат од низок крвен притисок , и забележано е дека косата почнала да расти, односно станува збор за зголемување на циркулацијата на крвта во кожата на главата и ја зголемува исхраната на фоликулот. Нормално тоа неможе одма да делува , потребно е континуирано аплицирање и резултатите доаѓаат дури после 6тиот месец.

Значи во никој случај не го зимај орално во вид на таблети , има многу други лоши ефекти ќе ти прави проблем со притисокот , но во форма на спреј немаш никаков проблем , и ако планираш да го користиш сепак прво напрај си крвна слика и консултирај се со стручен доктор , имаш на нет безброј форуми за за косопад , луѓе од цел свет што го дискутираат тој проблем , и имаш безброј решенија , нормално сето тоа зависи од колкава важност ти е косата. Јас посветив добри 2 месеци во друштво на вакви луѓе , и верувај ми не бев свесен колку решенија има.

И да , Миноксидилот највише делува во делот на круната на главата , односно на тилот ние што викаме , ама има делување и на предните делови. Треба да се аплицира еднаш дневно , резултатите се забележуваат после 5-6 месеци , и кога ќе ги постигнеш резултатите ако прекинеш да го нанесуваш , косата пак ќе се врати во првобитното стање во наредните 5-6 месеци. :)

Се надевам ти помогнав. Покасно ќе напишам подолг пост за разни превентиви , ептен многу научив за овој проблем во последните 2-3 месеци.

Еве ти резултати од Миноксидилот пред , и после 5 месеци. Типот нанесувал по 2 пати во денот.

Првата слика ти е пред да почне да нанесува.

Оваа ти е после 5тиот месец од нанесувањето.

Па и два пати треба да се нанесува од 5 % за машки, ако ставаш од 2 ништо не прајш :)
 
Danger

Survivor
Член од
15 април 2008
Мислења
57
Поени од реакции
23
Да ви кажам нешто -
Јас го имам истиот проблем како и сите други со опаѓање на косата, постојат 2 фактори:
- дали имате наследено ГЕН од родител,дедо,чичко,вујко итн
- или е моментална ситуација поради стрес,недоволно витамини или нездрава исхрана

Ако е вториот фактор кај вас тогаш овие спрејови и шампони можат да ви завршат работа па "можеби" после година дена ќе имате ефект.
Ако имате наследено ГЕН, што сакате користете не можете да го спречите губењето на косата, сите средства и шампони кои што ќе ги користите само ќе го пролонгираат опаѓањето на косата, но ништо нема да го запре.
НО НЕ Е САМО ОВА :D - Ако си имате парички ќе отидете, ќе земат примероци од здрави влакна од вашата коса и потоа следи НАСАДУВАЊЕ :) на коса. Единствениот лек е ова, само што е премногу скап и треба да се повтори неколку пати....

Ама дали знаете како велат: Паметна глава коса не држи;)
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Dokolku e nekoj zainteresiran za minoxidil kaj mene ima ostanato 1 sise 5% minoxidil od bratuced mi (poradi zaminuvanje vo stranstvo) neka pisi vo lp.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.674
Има некој искуство со Пропециа? Ме интересира дали има некои негативни ефекти? Дали го намалува либидото?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Да ви кажам нешто -
Јас го имам истиот проблем како и сите други со опаѓање на косата, постојат 2 фактори:
- дали имате наследено ГЕН од родител,дедо,чичко,вујко итн
- или е моментална ситуација поради стрес,недоволно витамини или нездрава исхрана

Ако е вториот фактор кај вас тогаш овие спрејови и шампони можат да ви завршат работа па "можеби" после година дена ќе имате ефект.
Ако имате наследено ГЕН, што сакате користете не можете да го спречите губењето на косата, сите средства и шампони кои што ќе ги користите само ќе го пролонгираат опаѓањето на косата, но ништо нема да го запре.
НО НЕ Е САМО ОВА :D - Ако си имате парички ќе отидете, ќе земат примероци од здрави влакна од вашата коса и потоа следи НАСАДУВАЊЕ :) на коса. Единствениот лек е ова, само што е премногу скап и треба да се повтори неколку пати....

Ама дали знаете како велат: Паметна глава коса не држи;)

И мене ми се проретчува косата. Генски е кај мене случајот. Дај кажи ми повеќе за насадувањето. Што се прави со тие влакна што сега моментално ги имам? Дали ќе паднат подоцна? Или тоа се прави скроз да ти падне коса?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.674
И мене ми се проретчува косата. Генски е кај мене случајот. Дај кажи ми повеќе за насадувањето. Што се прави со тие влакна што сега моментално ги имам? Дали ќе паднат подоцна? Или тоа се прави скроз да ти падне коса?

Трансплантација. Се зависи од тоа каква ти е донорската зона , тоа е задната страна на главата и се зависи колку графти можеш да пресадиш. Моментално најдобрите доктори за трансплантација се Рахал во Канада , и Бисанга во Белгија.

Се зависи од тоа колкав број на графти треба да ти бидат пресадени за да добиеш добар резултат. Првите 1000 графти ги наплаќа по 5 евра , потоа секој следен по 3 евра. Така да ако ти требат 2000 графти , ќе те кошта 8000 евра. Зборувам за овој во Белгија , а овој во Канада мислам е поскап. Имаш и во Турција али колку е ефикасно незнам да ти кажам, поефтино е сепак.

Еве едно од ремек делата на Бисанга , а има и многу подобри резултати од овој , се зависи од бројот на графти.

Danger

Survivor
Член од
15 април 2008
Мислења
57
Поени од реакции
23
И мене ми се проретчува косата. Генски е кај мене случајот. Дај кажи ми повеќе за насадувањето. Што се прави со тие влакна што сега моментално ги имам? Дали ќе паднат подоцна? Или тоа се прави скроз да ти падне коса?
Еве ти текст, прочитај го ќе ти се разјасни се, а еве ти и илинк.
http://www.ancevski.com.mk/mk/presaduvanje-kosa/39-transplatacija-na-kosa
Постојат повеќе причини за губење на косата, но се смета дека наследниот фактор е една од најголемите. Мажите и жените го наследуваат генот за губење коса од едниот или од двата родители.
Кај мажите, хормонот тестостерон ја активира генетичката програма, предизвикувајќи загуба на фоликулите на коса и во тој момент не постои метод за запирање на губењето на косата. Одредени болести на организмот, како неухранетост или недостиг од витамини, го забрзуваат овој процес. Опаѓање на косата предизвикуваат и одредени лекови, а и болести на самото влакно на косата. Трајна боја за коса и хемиски препарати ги оштетуваат фоликулите на косата до тој степен што опаѓањето на косата може да биде постојано. Носењето капа, присуство на првут (сув или масен), недостиг од проток на крв или затнати пори од замастен скалп, исто така, може да бидат причина за губење на косата.

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА

Се зема коса од задниот дел на тилот (донорски дел) и се префрла на делот без коса (дел-примач). Влакнените (фоликуларни) единици може да бидат земени преку стрип-метод со земање на влакната со лента или преку директно пресадување фоликуларни единици една по една, уште наречен ФУЕ-метод. Пресадувањето коса во дерматолошко-естетската ординација „Д-р Анчевски“ го прави стручен тим на Бергман Корд, по технологија што се усовршува во Германија повеќе од 30 години.

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ

Постоперативната процедура зависи од придржувањето на инструкциите дадени по операцијата. Мали красти се формираат околу „калемите“ и тие исчезнуваат за 4-7 дена. Косата може да се мие 24 часа по операцијата, најдобро во ординацијата каде што се одвивало пресадувањето. Шиењето на донорската област е незабележливо, бидејќи е покриено со веќе постојната коса.
Пресадената коса паѓа за 2-4 недели, а нов раст почнува за 3-4 месеци. Должината се зголемува за 1,25 см месечно. За правилно развивање на пресадените влакна потребно е да се контактира со стручниот тим секој ден во првите две недели. Посетите и советите се одвиваат еднаш месечно, а крајниот резултат се добива по 8-10 месеци. Лекарот треба да даде совет за начинот на нега и кои препарати треба да се користат за целиот период.

ДАЛИ СЕ ЧУВСТВУВА БОЛКА

Операцијата се изведува под локална анестезија и трае неколку часа. Мал дискомфорт може да се очекува додека се инјектира анестетикот во скалпот, потоа кога кожата е под анестезија и не се чувствува ништо.
Пациентот треба да избегнува тешки физички активности најмалку пет дена по операцијата и се препорачува да земе две недели одмор.

СОВЕТ

Бидејќи со пресадувањето коса резултатите се трајни, повеќето луѓе сметаат дека е тоа добра инвестиција. Процедурата е безбедна, ефикасна и трајна ако е во рацете на професионален тим како што е тој на Бергман Корд, кој и во последователниот период од неколку месеци ќе се грижи пресадените влакна да останат витални до целосното добивање на ефектот. Трансплантацијата на коса е малку поскапа варијанта од перика или од некои алтернативни третмани, меѓутоа е единствено трајно решение со кое ќе си ја вратите самодовербата и ќе се чувствувате многу подобро.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Море ќе се ишишам ќелав да се стопли, ќе ставам тетоважа и ќе бидам како Урко. :D
 
aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
Море ќе се ишишам ќелав да се стопли, ќе ставам тетоважа и ќе бидам како Урко. :D
ако сакаш да си таков биди само немој да мислиш дека секоја ќе трча по тебе. поише трчаат кај тие со коса :) има ли шанси кога сме веќе кај трансплантација да се трансплантираат влакна и од друго место на телото на пример од брада на коса?:sneaky:
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.674
ако сакаш да си таков биди само немој да мислиш дека секоја ќе трча по тебе. поише трчаат кај тие со коса :) има ли шанси кога сме веќе кај трансплантација да се трансплантираат влакна и од друго место на телото на пример од брада на коса?:sneaky:

Мислам дека може , имаше некои од брадата си ставаа за погусти веѓи , али и да може и за коса сепак ќе биде доста ограничено.

Вчера зборував со Спенсер Стевенсон , кој не чул за него тој е дечкото што во Англија го сметаат за еден од најдобрите ментори против губење на косата , кој и тој сам го искусил и го победил. Има извршено над 10 трансплантации на коса , тоа бидејки бил неискусен и недоволно информиран од почетокот , и сега на 38 години има коса која и холивудските ѕвезди би му завидувале. :) Сепак дури и после трансплантацијата на коса треба одржување со препарати па дури и лекови. Дечкото е веќе над 10 години на Финастерид , среќа за него нема лоши ефекти , што немора да биде гаранција за секој.

Јас искрено не би се дрзнал да зимам нешто вакво , долго размислував и сепак сум млад имам само 22 години , а и косата ми е добра сеа за сеа. Моментално сум само на МЕРЦ и Биотин , тоа се витамини кои го хранат влакното со потребните состојки , а плус пробувам и да се хранам здраво. Овошје , риба , се што содржи протеини и белковини е добредојдено , плус сеа чув дека и бадемите и оревите биле многу добри за сјајот на косата па си зимам по 50 грама секојдневно и од нив.

Мислам дека треба да има една тема посебно за трансплантација на коса , деновиве ќе отворам со сите можни детали па може таму да разменуваме искуства и знаења. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom