Што кога ништо не ви оди во животот ?

  • Креатор на темата Креатор на темата martinCo V
  • Време на започнување Време на започнување
Депресија е многу тежок збор, не го фрлајте во муабет без везе и да го користите како замена за тага. Тоа само да кажам.
 
Моменталната депресија не е депресија, get your facts straight. Депресијата е секојдневна потешкотија да станеш од кревет да направиш било што, чувство на немоќ и неминовна тага.
Ако веќе сакаш да пропагираш прооптимистички ставови со вакви мотивациони пасосчиња, одбери ги правите термини :) Уште поважно, осигурај се дека ти е кредибилно и bulletproof тоа што го пишуваш, пошо на тој што го чита најмалце му треба празен муабет врзан со панделка.

Ок, јас сум скриен Коељо. Ме пратија овде за да пишувам мотивациони постови со панделки, пошто мене животот ми е розев, живеам во розев свет, каде нема ниту една мака, никогаш не сум имала проблем во животот. Ова што го пишувам го пишувам зошто сум Коељо, не дека знам што значи да бидеш депресивен и да имаш проблеми. Не ни знам што е тоа. Еден ден тага и нервоза не сум имала во животот.
Во секојдневниот говор сите користиме “депресивен сум“, “у некоја депресија сум“, никој не користи медицински термини.
Друго, нека не биде депресија, нека биде тага, самосожалување.
Среќата е избор, исто како што е и тагата и самосожалувањето. Доволно правилни се терминиве?
 
Од моја гледна точка животот секогаш ни носи лоши денови тоа е нешто што е непобитно, нешто што се нарекува сурова реалност, но колку и тоа да звучи сурови и безнадежно факт е дека животот ја има и онаа светла страна поточно кажано розеви бои. Бидејќи има многу фактори поради кои нашите животи стануваат лоши од самото раѓање пример: се раѓаш во сиромашна фамилија значи уште од самото раѓање си осуден на потежок живот но што тоа значи? Тоа значи дека со текот на животот ќе имаш повеќе црни денови помалку светли но добрата страна е што тогаш со самата тешкотија што ти ги задава животот ти носи лекција, со таа лекција можеш да помогнеш на останатите луѓе. Во мојот живот навистина сум поминал низ многу нешта ако почнам да пишувам ќе треба најмалку 10 поста да пишувам. Бидејќи не секој човек се раѓа под среќна ѕвезда, факт е дека секој проблем е со своја тежина и секој човек си го гледа на свој начин но пример мене ми е смешно кога луѓето ги гледам кога се нервираат кога ќе земат плата 40,000 ден. а не сфаќаат дека има луѓе кои живеат и со 8,000 ден и прехрануваат дете во семејствотот. Што нели разликата е голема. Моабетот мие што животот секогаш ќе ни задава тешки удари од кои ќе имаме и последици во наредните 4-5 години и тоа ќе влијае драстично на нашето расположение но факт е дека животот ни носи и убави моменти. Пример јас сум си напуштил работно место останав без работа на 16 години по своја волја бидејќи јас бев искористуван работев за 280 ден. од 08 до 19 часот навечер додека сите мои врсници се враќаа од школо јас се враќав од работа зошто? зошто тогаш сум имал навистина преголема мака. Но што е тука среќно? зошто јас пак се осеќав среќен? затоа што научив да заработувам сам пари, да не барам од мојата мајка. Затоа што моето срце се исполнуваше кога јас дома ќе однесев нешто за јадење од мојата дневница зарем некој ја почуствувал таа среќа? кога ќе земеш да зготвиш јадење за семејствотото? или пак утринскиот појадок пред да одиш на работа? а знаеш дека кога ќе бидеш на работа тогаш мислиш дека пропаѓа светот и едвај чекаш дома да дојдеш...сум работел на мешалица од 08 до 19 часот за 280 денари мизерни но затоа денеска на овие мои години научив дека секој 1 денар го ценам затоа што научив доста работи за животот, научив дека кога и да тие тешко направи со ситниците да бидеш самиот среќен во моментите и личностите околу тебе биди насмеан бидејќи така ќе ги победиш оние лоши мисли, и луѓето околу тебе ќе се осеќаат подобро. моабетот е што потполна среќа нема! туку има само среќни моменти во кои ние треба да уживаме во нив, и да не мислиме на лошото. бидејќи секогаш има и црно но битно има и светло нешто. Иако ова ќе звучи малце како од бајките но факт е дека секој човек посакува да биде сакан, и да сака бидејќи тогаш кога е среќно заљубен колку и да има лоши моменти работа,семејство,пријателство и др. кога ќе бидеш со саканата личност тогаш забораваш на сите работи едноставно се препушташ на убавите моменти. Затоа колку и да ви биде тешко едноставно помислете на лошото битното е да имате надеж, зошто се додека имате надеж во вас се дотогаш ќе бидете живи. Се надевам некој ќе ме разбере.
 
Депресија е многу тежок збор, не го фрлајте во муабет без везе и да го користите како замена за тага. Тоа само да кажам.

Дали ова истово им го кажуваш на сите луѓе кои го употребуваат изразов во секојдневниот говор кога мислат на потиштеност?
100000000000000 постови има каде се збори за депресија на таков начин и сега мене ми се нафрливте сите зошо го искористив.
 
Ок, јас сум скриен Коељо. Ме пратија овде за да пишувам мотивациони постови со панделки, пошто мене животот ми е розев, живеам во розев свет, каде нема ниту една мака, никогаш не сум имала проблем во животот. Ова што го пишувам го пишувам зошто сум Коељо, не дека знам што значи да бидеш депресивен и да имаш проблеми. Не ни знам што е тоа. Еден ден тага и нервоза не сум имала во животот.
Во секојдневниот говор сите користиме “депресивен сум“, “у некоја депресија сум“, никој не користи медицински термини.
Друго, нека не биде депресија, нека биде тага, самосожалување.
Среќата е избор, исто како што е и тагата и самосожалувањето. Доволно правилни се терминиве?

Доволно, не мораш да бидеш саркастична :)
Мислам дека вакви теми попрво можат да се очекуваат од депресивни луѓе него од плачковци што не знаат мрсулите да си ги избришат, па затоа мислам дека е битна правилна терминологија :)
Ако OP не е од тие лигавите него стварно си има проблем да стане насабајле и да се избори со денот, последно шо му треба е некој да му каже MAN UP никој не рече дека ќе е лесно!
Ова не е една од тие работи каде што се оди преку трње до медот.. Ме разбираш? :)
 
Тука никој не го познава човекот, тој само едно прашање постави, на кое му го дадов своето мислење. Темава кога ја отворив беше преплавена од тролови со секакви мислења, за тоа никој не се побуни.
Некогаш на човек треба да му се каже MAN UP! Го напишав тоа, затоа што навистина верувам во тоа, негово е да прочита различни мислења. Секој од нас различно се справува со лоши периоди, затоа поентата е секој да каже по некој збор. Јас си го кажав сопствениот метод, кој се покажал успешен, некој нека сподели друг начин, па човекот нека си одбере сам.

Ти ја сфаќам поентата, ама и ти треба да ја сфатиш мојата. Јас не викам дека паѓа од небо и дека само така сее ќе му биде розево, само дека мора да се труди сам за да го постигне тоа. :)
 
Дали ова истово им го кажуваш на сите луѓе кои го употребуваат изразов во секојдневниот говор кога мислат на потиштеност?
100000000000000 постови има каде се збори за депресија на таков начин и сега мене ми се нафрливте сите зошо го искористив.

Па го кажувам прилично доста бидејќи луѓето сè повеќе погрешно го кажуваат тој збор, а најмногу поради тоа што почнуваат да го романтизираат, у стилот како се тоа емотивно паметни па темниот свет околу нив не може поинаку да го осетат па се во депресија.
Не е случајот овој тука но секако е добро да се каже, бидејќи има луѓе кои ќе се осетат несреќни, ќе ја прочитаат темава и ќе донесат заклучок дека се депресивни, со тоа што би донеле многу погрешен заклучок за својата емотивна состојба.
И не се буни сеа, во право сме. :D
 
За болдираново, крив е tumblr.:icon_lol:
Значи никој ако се осеќа несреќен и ја прочита темава нема да помисли дека има психично нарушување. Терминот депресија се користи и во секојдневието за потиштеност, тоа сите го знаат. 90 посто од луѓето не мислат на психичко нарушување, туку на моментална состојба. Повеќето ме сфатија добро што сакав да кажам, ете после тоа и ја парафразирав реченицата.
Среќата е избор, исто како и поттиштеноста и тагата.
И мислам дека доста беше дискутирање за терминологија, пошто се разбравме.
 
Кога немате среќа се е против вас.. ??

Никој и ништо не е против тебе бе другар, тоа е најважно да запамтиш. Луѓето си гледаат за себе, а на светот не му е гајле за тебе.
Најпрво, чувај си го здравјето. Втори по приоритет нека ти бидат парите и понатаму се` е во најмала рака подносливо.
 
Не е така лесно да се надмине тоа, можеш малце да отстапиш од тие мисли ама еден мал лош ден и толку е, повторно се враќаш во таа истата лоша ситуација во која што си бил претходно. Ова не е игра на зборови, паметни изрази и мудри поговорки, се е тоа залудно бидејќи на ваквите луѓе тоа им е слушано милион пати но без ефект.
Колку и да звучи страшно за некои луѓе но психијатарот е вистинскиот избор за вас, многу луѓе го гледаат како страв, па добро таква и ни е денешницава кај нас, ако посетиш вакво стручно лице и да слушнат другите ќе те направат мрднат, а со тоа вас ќе ви биде уште потешко и затоа не се осмелуваат на ваков чекор.
Тоа паѓаш, стануваш, се тресеш може да делува ако паднеш на улица, но кај лица со ниска самодоверба и емоционална нестабилност нема да делува никогаш, ако делува тогаш вие немате вистинска и толку страшна стресна ситуација, туку само тежок период. Надвор е полно со идиоти кои што ја чекаат секоја можна шанса да те искористат, некои тоа го поминуваат многу лесно некои многу тешко, се зависи од поддршката што ја имаат, секој делува различно врз дадени ситуации, затоа најдобро е да се посети стручно лице кое што знае каде е проблемот во тебе, а и слободен разговор со него пола саат може многу да значи за тебе, бидејќи со никој друг тоа неможеш да го направиш, ни со фамилија, ни со пријатели, без разлика колку се добри со тебе.
 
Искрено, сите совети без разлика колку и да се добронамерни и со цел да олеснат и помогнат, мене ми звучат патетично. Па не си единствениот на светов на кој му е тешко и кој мисли дека ништо не му оди од рака, едноставно ќути, трпи и навикни се да живееш со тоа, маката и несреќата го прават човека посилен( еве и тука детектирам патетика).
 
Многу лошо.

Направи се' што можеш и бори се како никогаш до сега за да го смениш.
 
Животот е за тие што можат да поминат низ најтешкото. Најосновната форма на баланс на земјата е најсилните и најснаодливите да преживеат. Тоа ти е природна селекција.
Ако на некој му е тешко поради x причини/проблеми неможи да продолжи со животот значи веќе природата ја направила природната селекција ако пак некој несака ни да му се помогне да ги надмини проблемите и да продолжи со живот , тогаш не само што природата го елминира туку и самиот себе се елиминирал.
Ако немаше природна селекција ќе бидиме премногу што автоматски води кон самоуништување. Човечкиот инстинкт не е многу поразличен од животионсионт, кога некој ќе го загрози неговиот живот или сака да земе па и да сподели некоие од удобностите , следно се обидува да го елиминира конкурентот , без разлика дали е од истиот вид или не.

Едноставен одговор на прашањето, кога ти е тешко и имаш проблеми имаш две опции се откажуваш твојата одлука е самоуништување или да најдеш начин да поминеш низ тоа и да станиш подобар и посилен. Се зависи која е смислата на животот на еден поединец.
 
Многу лошо.

Направи се' што можеш и бори се како никогаш до сега за да го смениш.
Во право си, само што борејќи се и решавајќи го проблемот, во чекор ќе те следи раѓањето на новиот. И така до крај. Затоа човек треба да се навикне на маката и да биде спремен да му биде нешто налик на доживотен сопатник.
 
Кога немате среќа се е против вас.. ??

Тогаш си некоја важна личност, се да е против тебе.
Само немој и самиот да те обземе славата, и ти да си отидеш против себе.....се друго е ирелевантно освен ова :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom