Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Депресија е многу тежок збор, не го фрлајте во муабет без везе и да го користите како замена за тага. Тоа само да кажам.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Моменталната депресија не е депресија, get your facts straight. Депресијата е секојдневна потешкотија да станеш од кревет да направиш било што, чувство на немоќ и неминовна тага.
Ако веќе сакаш да пропагираш прооптимистички ставови со вакви мотивациони пасосчиња, одбери ги правите терминиУште поважно, осигурај се дека ти е кредибилно и bulletproof тоа што го пишуваш, пошо на тој што го чита најмалце му треба празен муабет врзан со панделка.
Депресија е многу тежок збор, не го фрлајте во муабет без везе и да го користите како замена за тага. Тоа само да кажам.
Ок, јас сум скриен Коељо. Ме пратија овде за да пишувам мотивациони постови со панделки, пошто мене животот ми е розев, живеам во розев свет, каде нема ниту една мака, никогаш не сум имала проблем во животот. Ова што го пишувам го пишувам зошто сум Коељо, не дека знам што значи да бидеш депресивен и да имаш проблеми. Не ни знам што е тоа. Еден ден тага и нервоза не сум имала во животот.
Во секојдневниот говор сите користиме “депресивен сум“, “у некоја депресија сум“, никој не користи медицински термини.
Друго, нека не биде депресија, нека биде тага, самосожалување.
Среќата е избор, исто како што е и тагата и самосожалувањето. Доволно правилни се терминиве?
Доволно, не мораш да бидеш саркастична
Мислам дека вакви теми попрво можат да се очекуваат од депресивни луѓе него од плачковци што не знаат мрсулите да си ги избришат, па затоа мислам дека е битна правилна терминологија
Ако OP не е од тие лигавите него стварно си има проблем да стане насабајле и да се избори со денот, последно шо му треба е некој да му каже MAN UP никој не рече дека ќе е лесно!
Ова не е една од тие работи каде што се оди преку трње до медот.. Ме разбираш?![]()
Дали ова истово им го кажуваш на сите луѓе кои го употребуваат изразов во секојдневниот говор кога мислат на потиштеност?
100000000000000 постови има каде се збори за депресија на таков начин и сега мене ми се нафрливте сите зошо го искористив.
Па го кажувам прилично доста бидејќи луѓето сè повеќе погрешно го кажуваат тој збор, а најмногу поради тоа што почнуваат да го романтизираат, у стилот како се тоа емотивно паметни па темниот свет околу нив не може поинаку да го осетат па се во депресија.
Не е случајот овој тука но секако е добро да се каже, бидејќи има луѓе кои ќе се осетат несреќни, ќе ја прочитаат темава и ќе донесат заклучок дека се депресивни, со тоа што би донеле многу погрешен заклучок за својата емотивна состојба.
И не се буни сеа, во право сме.![]()
Кога немате среќа се е против вас.. ??
Искрено, сите совети без разлика колку и да се добронамерни и со цел да олеснат и помогнат, мене ми звучат патетично. Па не си единствениот на светов на кој му е тешко и кој мисли дека ништо не му оди од рака, едноставно ќути, трпи и навикни се да живееш со тоа, маката и несреќата го прават човека посилен( еве и тука детектирам патетика).
Во право си, само што борејќи се и решавајќи го проблемот, во чекор ќе те следи раѓањето на новиот. И така до крај. Затоа човек треба да се навикне на маката и да биде спремен да му биде нешто налик на доживотен сопатник.Многу лошо.
Направи се' што можеш и бори се како никогаш до сега за да го смениш.
Кога немате среќа се е против вас.. ??