Соопштение за обложувачите

  • Креатор на темата Avenger99
  • Време на започнување

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.440
Кај УЧК у кладилница ќе уплаќам бе...

А инаку, би можело да се воведе некоја задолжителна давачка, која граѓаните (еве на Скопје само) би ја уплаќале преку годишниот данок. Тоа би се викало самопридонес за воздух, а тие пари би оделе во фонд, кој ќе финансира проекти за почист воздух во градот. А? :vozbud:
Кажите кај да го предложам ова? Има ли тука дежурен од власта да го прочита мојов предлог?
Така би се вовел ред во загадувањето на воздухот. Граѓаните го бараат ова, верувајте.
Друго што ги мачи граѓаните? нека кажат, ќе најдеме чаре...


Шупци невидени, пола држава им ја земаа УЧК и таму праат шо сакаат, овие за остатокот, само давачки на измислени работи избацуваат, задолжително плаќање бна услуги кои никој не им ги бара и казни сразмерни со платите како никаде во светот.

(а баш се спремав пак озбиљно да почнам да се кладам)

Џабе се буните, утре пак сите ќе дремите со билтенот и пред шалтер за уплаќање. :D
Не е тоа баш така. Има луѓе кои според својот начин на кладење, не би можеле повеќе да се кладат со овие 10% минус.

Евентуално ако останат оние од кои и живеат кладилниците. Тоа се тие кои уплаќаат по 50 денари за да фатат 600.000. Но дури и некои од нив не би сакале по претпоставената добивка да и дадат на оваквата држава 10% (што ќе бидат многу пари, во тој случај).


У целава ситуација, според мене, додава масло на огнот фактот, што кој и друг да дојде на власт нема да ги укине овие абнормални давачки, казни... што ги воведе празноглавата партија за која секогаш сум гласал. Кој и да е, нема сигурно да се откаже од пари, како и да се собрани (види општина Центар). Тоа само додава зголемување на ефектот на штета, што го има оваа власт како карактеристика.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Данок за вадење на кантата за ѓубре секој ден кога проаѓа камиончето, тие што се во згради за фрлање у контејнер секој ден
Данок за полнење на телефон еднаш дневно
Данок за одење на Водно на Крстовар
Данок за купување грчки производи
Данок за носење Најк патики
Данок за одење на одмор во Грција кај непријателот
Данок за купување кондоми
Данок за туширање еднаш дневно на лето
Данок за одење во вц повеќе од еднаш дневно
Данок за одење на приватни лекари
Данок за навивање за странски тимови
Данок за логирање на социјални мрежи...

ее голема е листата


п. с. Да се надоврзам на Леандра, кога чув дека венчавање со поп во црква е 100 евра :pos:
Ова со Грција најмногу шанси има да се оствари :icon_lol:. Си плаќаш на граница паушал од 50 евра - ем државната каса полна, ем ќе соберат гласови од патриотиве, ќе речат така им треба на предавниците, море удри им Грујо дупло повеќе,100 евра да плаќаат хехе.

Данокот за ергени да не го заборавиме, се обидуваат него полека полека да го протнат, ако се сеќавате на дедото што им појде во Влада да им го предложи тоа :icon_lol:.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Владата им излезе во пресрет на обложувалниците
Се олеснуваат процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувалниците. Владата прифати дел од барањата на Орагнизацијата на обложувалниците. Наместо на вкупната сума, данок ќе се плаќа само на остварената добивка односно на разликата меѓу уплатената сума и добивката.
На пример, ако уплатата изнесува 500 денари, а добивката 1.000 денари, данокот ќе се плаќа на сума од 500 денари, а не на 1.000 како што предвидуваше законот претходно. Тоа значи дека данокот во овој случај ќе изнесува 50, наместо сегашните 100 денари.

Измени ќе има и во делот на пријавувањето на данокот. Граѓаните веќе нема да добиваат потврди од обложувалниците за секоја добивка и нема да имаат обврска тие да ги чуваат и да поднесуваат годишна даночна пријава. Наместо тоа, обложувалницата ќе го одбива данокот од исплатата и ќе го уплаќа и ќе доставува извештај до УЈП.

- Ќе се редуцираат административните процедури. Играчите нема да треба да доставуваат ГДП, а обложувалниците нема да треба да издаваат потврда за секоја добивка туку ќе ги евидентираат добитниците во посебен формулар кој ќе го доставуваат до УЈП една во текот на месецот - објаснува портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Измените се прават по реакцијата на Организацијата на приредувачи на игри на среќа во спортските обложувалници. Тие реагираа измените во законот со кој беше предвидено данок да се плаќа на секоја добивка наместо на добивки над 10.000 денари како што беше претходно. Обложувалниците реагираа и на администативните процедури односно на обрвската да издаваат потрвди за секоја добивка.

- Одлучивме да прифатиме дел од забелешките со што ќе го надополниме системот, а законот ќе биде од интерес и за обложувалниците и за играчите - вели Ѓоргиев.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Ќе ми ги врнат ли сеа парите шо ми ги собраа арамиски од последните 3-4 дена ??

И да им ебам мајката ИМ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ .. ко кој знае шо да направиле овие од Владата .. пичка им матер ајдучка

Законот ќе биде во интересн на играчите и обложувалниците .. Шо интерес имам ја да ми зимат они мене 10% од секоја добивка ??
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ова значи дека нема да треба да ги пријавуваат овие средства на крајот од годината физичките лица кои оствариле добивка на овој начин? А дали ќе се бара лична карта при подигање на добивките и запишување на личните податоци?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Не дека се согласувам и со ова законско решение, цврсто си стојам на тоа дека данок си е данок и треба да го нема, ама сепак е напредок, барем нема од СОПСТВЕНИТЕ пари да ти даночат, што беше чиста лудост.
 
B

Blade Torch

Гостин
Алелуја , барем го направија ЛОГИЧНОТО ( само на ќарот да се зема данок)

Туку , пак ќе ме евидентираат во компјутер колку пари подигам ? :confused:
 
B

Blade Torch

Гостин
Не требало играчот да пријавува ништо на крај на година во УЈП , кладилницата го правела тоа за него .

Па кој К ти е мое име и презиме бре ? Рекет а ? Ма гонете се бе !
 
Член од
11 декември 2008
Мислења
396
Поени од реакции
212
Ова значи дека нема да треба да ги пријавуваат овие средства на крајот од годината физичките лица кои оствариле добивка на овој начин? А дали ќе се бара лична карта при подигање на добивките и запишување на личните податоци?
мене вчера ми побараа лична карта за да ме исплатат бев играл систем 3/5 мала добивка 650 ден и ми скусија 40 денари и еве сега на канал5 читам на право ливче ке се наплака 10% од добивката а ако играш систем нема да ти наплакат бидејки тоа не било чиста добивка (фала богу нешто паметно да кажат) шо значи најарно да играме систем барем мирна ке ни е главата море ке си ставам отсега по 1000 ден на систем тако ке биде најарно барем ке си у плус ;):vozbud::vozbud::vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Истата стратегија повторно што ја прават кај фирмите. Ставаат голема давачка, чекаат реакција и ја намалуваат за 50% истата бесмислена давачка, а народот вели па добро е 50% ќе плаќаме. А немаш потреба да ја плаќаш, бидејќи правниот субјект во случајов кладилница плаќа давачки и даноци кон државата. И така волкот сит, овците на број.

Тие после нив ќе бидат бетер, истово ќе го прават бидејќи е успешна статегија.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
мене вчера ми побараа лична карта за да ме исплатат бев играл систем 3/5 мала добивка 650 ден и ми скусија 40 денари и еве сега на канал5 читам на право ливче ке се наплака 10% од добивката а ако играш систем нема да ти наплакат бидејки тоа не било чиста добивка (фала богу нешто паметно да кажат) шо значи најарно да играме систем барем мирна ке ни е главата море ке си ставам отсега по 1000 ден на систем тако ке биде најарно барем ке си у плус ;):vozbud::vozbud::vozbud:
Нема врска тоа, на секој лист ќе се наплаќа данок само од добивката.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Истата стратегија повторно што ја прават кај фирмите. Ставаат голема давачка, чекаат реакција и ја намалуваат за 50% истата бесмислена давачка, а народот вели па добро е 50% ќе плаќаме. А немаш потреба да ја плаќаш, бидејќи правниот субјект во случајов кладилница плаќа давачки и даноци кон државата. И така волкот сит, овците на број.

Тие после нив ќе бидат бетер, истово ќе го прават бидејќи е успешна статегија.

Само што тука ништо немаат намалено 10% беше и сеуште си е толку :) Секој што и со овој рекет уплаќа според мене е ненормален, стрижење овци..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom