Зар уште се надевате на победа против Данска?
Премија за нас е ако ја поминеме групната фаза. Австрија каков залет зема, страв ме фаќа искрено. Да не испадне на крај дека со Чешка ќе се бориме за трето место

Данска со младинци ќе не победи, кој сака нека им биде повреден, ние нема теорија да ги тепаме на нивни терен.
Тим без бекови едноставно не е тим...
За да имаш добри резултати со тим во кој има само еден бек шутер, ти треба да играш без центар.
А ние сме убер спори на тој план...
Другата опција е цврста одбрана, а видовме дека на пријателскиве одбраната баш беше најслабата точка. Србиве тргаат на влез, тројца наши ги навлекуваат, и пак нашиве немаат сила да ги сопрат противниците.
Колку голови примивме со шутеви од далеку, нашиве дур да искочат на играч, овој веќе ја искинал мрежата.
Особено интересно ќе биде ако играат фластер на Кире.
Е тогаш ќе се чудиме што ќе правиме...
Јоноски заборавил да игра во напад, нешто што беше очекувано со оглед на тоа што повеќе од 5 години нема отидено напред. Така да воопшто не треба да се коцкаме со него, ем губи сила за одбрана, ем со ништо не допринесува во нападот.
Од Стојчевски тешко дека некој побос играч играл во репрезентацијава во последниве години.
На пикер Столе се послабо и послабо игра, да дојде на ниво Димовски да има шанса да му го превземе првотимското место, тоа значи дека многу е паднат во форма, што може да се забележи по настапите во Вардар.
Голманиве истотака слабо...
Ќе видиме какви партии ќе покажат Борко и Диви на Европсково, мислам дека и од нив многу ќе зависиме на тој клучен меч со Австрија.
Прибак одлично би ни дошол во составов, и со асистенции и малце да размрда со шутеви, штета што не може да игра до втора фаза, а таму реално и немаме што да бараме
