Атеисти се разочарани христијани, евреи и други, кои читајќи ја Библијата со искрена намера да ја спознајат смислата на својот минлив живот станале атеисти, оти атеизмот стварно не дава решение за онтолошката алиенација, за која Маркс вели дека ќе се укине во крајната фаза на комунизмот, она кога сите ќе бидат браќа и ќе се сакаат и секој ќе работи колку може а ќе зема колку му треба, но не објаснува како?? Онтолошка алиенација е она отуѓување меѓу поединецот (значи секој од нас кој умира-смртен е) и родеот кој е вечен наспороти него бидејќи светот е перцепција на субјектот. Сега гледам има и атеисти кои се во рамките на исламот, но се гледа дека тоа е затоа што и исламот не е идеално спроведен никаде, останува како идеја, исто како што анархизмот/комунизмот е како идеја идеално решение но во пракса го нема никаде баш идеално. Работата е дека ако личната бесмртност не е онтолошка категорија тогаш да се помириш или еве да се послужам со еден стих на еден поет КАКО НА МОЕТО ДОСТОИНСТВО ДА МУ ЈА НАМЕТНАМ СМРТТА-Назим Хикмет турски поет инаку комунист по убедување...е стварно тешка работа. Од една страна да имаш волја да го живееш овој живот кој и не е битен бидејќи стварното јас не си ова сега ти туку секогаш некое друго јас кое се пртовлекува низ вечната опстојба на родот. Неврзувањето и сомилоста се исклучуваат тоа е јасно а Сомилоста е основа на моралот значи што да се прави???Треба инстант решение, да се излезе од таа шема на мислење и некако преку самозаборав истото да се види но без драматизирање иако пак ќе кажам лесно е да се каже. А ако имаш јака верра тоа би било најубаво, но сомнежот секогаш разјадува како да веруваш кога се е така неправедно, непоштено, умираат бебиња, стари злобници живеат долго, се продаваат внатрешни органи. човек на човек му е средство а не цел...Но атеизмот ја дотепува до крај ситуацијата, значи кај не чини ништо уште и нема правда, не да некој е во предност него нема ништо. Затоа мислам Шопенхауер е поголем нихилист од Ниче пошто он Шопенхауер рекол ОВОЈ СВЕТ Е НЕШТО ШТО БИ БИЛО ПОДОБРО ДА ГО НЕМА... затоа што не чини и поминува затоа го рекол, да е вечен и траен да нема зло сигурно не би го рекол тоа. Тој тоа и го потенцира.