Tiveriopol
Струмичанец
ИЛИЕВСКИ ДОБИВА НАСЛЕДНИК
Струмичанец како од шега ги полни кошевите – просечно дава по 46,7 поени (ВИДЕО)
Владо Илиевски дефинитивно е најпознатото кошаркарско име излезено од Струмица, но наскоро тој би можел да добие свој наследник во Кирил Панов, 13-годишен кошаркар на младинскиот тим Ролинг 08, кој во моментов важи за еден од најталентираните во државата во својата возраст, но и за расен поентер, кој како од шега постигнува по 40 и повеќе поени на натпреварите на својот тим.

Фото: ТВ Вис
Младиот Панов има просек од 46,7 поени во досегашните шест средби на Ролинг 08, кој со скор 4-2 е лидер на табелата во групата А во конкуренција за играчи до 14 години. Неговиот личен рекорд изнесува 74 поени постигнати на мечот против Албатрос (105-84) додека забележителен поентерски учинок имаше и на дуелите против ФМП (53 поени), НБА-Чаир (45 поени) и против Струмица (44 поени).Струмичанецот игра на бековската позиција, има одлична техника, а најчесто поените ги постигнува со влезови, кои неретко имаат атрактивна завршница. Со добрата игра веќе го привлече вниманието на менаџерите, кои му предводуваат светла иднина. Ако продолжи во ист стил, Панов следното лето дефинитивно ќе биде кандидат број еден за предводник на репрезентацијата на Македонија за играчи до 14-години, која традиционално настапува на неофицијалното Европско првенство (ЕП) во Словенија.
Во продолжение можете да погледнете видео со дел од мајсторските потези и атрактивните кошеви на младиот кошаркар на Ролинг 08.
И.К