Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте предлог за некое дизелче до 1200-300 евра , само да не е пунто

Еден другар што препродава коли пред 2-3 недели ми нудеше за слични пари Saxo 1.5 d,троши 3.5-4 литри.Но веќе возам слична кола па скокот нагоре не ќе ми е баш голем.

Ако сакаш да го прашам па да ти пишам,но се сечавам дека колата имала нешто ситници за средување
 
Дечки ми нудат Пунто 1.9 дизел (незнам кој дизел точно) од 2000 година ELX ниво на опрема за 1800 евра.Има околу 180.000 поминато купено,возено и одржувано во АутомобилеСК значи не е увезувано и слично.Што мислите? :)
 
Дајте некој совет за Пеглица од 1995та година. И околу безбедноста кажете ми ако знаете.
 
Нели Рено 4 ќе купуваше?Дете батали ги тие гомнарии и канти.За тие пари максимум некое добро Југо би можел да земеш.И ќе знаеш дека какво-такво личи на кола,и е поново и поздраво од било кое Рено 4,или пегла.
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 22:17 ---
Дечки ми нудат Пунто 1.9 дизел (незнам кој дизел точно) од 2000 година ELX ниво на опрема за 1800 евра.Има околу 180.000 поминато купено,возено и одржувано во АутомобилеСК значи не е увезувано и слично.Што мислите? :)

Слободно земи.Али да знаеш дека ќе биде тромаво како желка.За низ град и те како ќе ти брка работа,максимална брзина му е околу 150 km/h.Малку троши,нема турбина,ефтино за одржување.Мислам дека носат Лукасови пумпи.Јас да сум би го земал.ELX ниво има скоро се,освен ABS.Значи,клима,серво,електрика,радио,магленки.Види да не е скапано некаде,и ако е пасент купувај го.
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 22:19 ---
Еден другар што препродава коли пред 2-3 недели ми нудеше за слични пари Saxo 1.5 d,троши 3.5-4 литри.Но веќе возам слична кола па скокот нагоре не ќе ми е баш голем.

Ако сакаш да го прашам па да ти пишам,но се сечавам дека колата имала нешто ситници за средување

Гарант е такси возена.Или има некои сериозни поправки.Здравите Саксовци дизели одат од 2000 до 2500 евра.
 
Дајте некој совет за Пеглица од 1995та година. И околу безбедноста кажете ми ако знаете.

Си се запнал по безбедноста...
Ако сакаш безбедност купи си Волво.
Тоа се стари коли... пред времето на NCAP и сл. Разбери дека безбедност нема... Единствено крсти се, кога сме кај безбедноста да не е гнила... Знаеш, тоа се возила конструирани многу пред времето на современото сфаќање на безбедноста во смисла деформациски зони, активни системи за безбедност и сл.
Мало воздушно ладено двоцилиндрично моторче од 650 кубика... ако е БИС модел, тогаш е со водено ладење. Мало возило, многу понеконфорно према Р4. Перформансите се послаби од оние на 4-ката... Во споредба, 4-ката е сериозно возило према 126-ката.
Иако сум љубител на италијански возила, а по некоја игра на случајот возам французи, во овој случај давам предност на Р4.
 
Дајте некој совет за Пеглица од 1995та година. И околу безбедноста кажете ми ако знаете.
Хм Хм нема таква пеглеца од 1995 бидејќи прекинаа производството уште од 1989-90 година туку подобро е рено 4 сум се возел и супер и малку троши и таман има багажен простор ;)

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Дечки ми нудат Пунто 1.9 дизел (незнам кој дизел точно) од 2000 година ELX ниво на опрема за 1800 евра.Има околу 180.000 поминато купено,возено и одржувано во АутомобилеСК значи не е увезувано и слично.Што мислите? :)

Одличен избор !
 
Провери го убаво пред да го земеш, другарче така се излажа од тука земено вака така, стакло беше, е сега почна глава да го боли за него...
 
Ако не сакаш да ти боли глава иди у салон и купи си ново. А бе сите сакаме да купиме кола за 1800 еур и да трае 20 години.
Тоа Пунто е екстра избор.
 
Здраво имам голф 3 имам проблем со фаројте ептен слабо светат ми рекоја дека некој ги фарбале со нешто или му ставале некој лак не разбрав за појке да светеле некој совет да ми кажите ако има или да ги фрлам и да земам од друг голф ? сијалиците се добри сите али не светат далеку ..
 
Здраво. Имам цитроен берлинго 1.9 дизел од 1997 година. Пред некој ден престана да ми работи километражникот, пред тоа се беше во ред не заглавуваше стрелката, а и точно беше. Обртомерот ми работи без проблем. Несакам да ја носам на мајстори право бидејќи ќе треба да чекам 2-3 дена да ми каже што е проблемот, а ако каже некоја висока сума за поправка не сакам ни да го правам во моментот. Ако може некој да ми каже од прилика што би можело да е проблемот и колку од прилика би ме коштало. поздрав
 
Пред да одиш да правиш било што, оди до технички преглед да провериш дали се наштелувани. Ако не се - нека ги наштелуваат. Потоа, оди на електричар нека провери алтернатор...
Сочивата во каква состојба се? Изгорени или само нечисти?
Ако се изгорени, барај нови. Ако се нечисти, вади сијалиците и низ дупката со влажна крпа без многу стискање по фарот избриши ги... Ќе се изненадиш од ефектот.
 
Здраво имам голф 3 имам проблем со фаројте ептен слабо светат ми рекоја дека некој ги фарбале со нешто или му ставале некој лак не разбрав за појке да светеле некој совет да ми кажите ако има или да ги фрлам и да земам од друг голф ? сијалиците се добри сите али не светат далеку ..
На Астрата фаровите ми беа замаглени/испрљани и со ништо не се вадеше тоа. Ги исполираа и после тоа мислам(не сум сигурен,мајстор ги правеше) стави некој лак. Топ светат сега и не изгледаат лошо(прљави и замаглени) како претходно. :)

Да си прашам јас. Да не знае некој, судски преведувач што преведува од италијански на македонски ? Татко ми си донесе кола, па да се преведат документите. Доколку знае некој би било фино да ми пише пп со број за контакт :)
 
Ако не сакаш да ти боли глава иди у салон и купи си ново. А бе сите сакаме да купиме кола за 1800 еур и да трае 20 години.
Тоа Пунто е екстра избор.

Мене не ме боли глава воопшто, јас сум си задоволен со тоа што го имам, не кажав јас ништо лошо туку само да направи убава проверка, бидејќи некако евтино доаѓа.. колку пари толку музика нели?Ама секој со својата среќа.. :-))))
 
Здраво. Имам цитроен берлинго 1.9 дизел од 1997 година. Пред некој ден престана да ми работи километражникот, пред тоа се беше во ред не заглавуваше стрелката, а и точно беше. Обртомерот ми работи без проблем. Несакам да ја носам на мајстори право бидејќи ќе треба да чекам 2-3 дена да ми каже што е проблемот, а ако каже некоја висока сума за поправка не сакам ни да го правам во моментот. Ако може некој да ми каже од прилика што би можело да е проблемот и колку од прилика би ме коштало. поздрав

мора да е сајла за километража инаку најчест проблем кај сите француски коли.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom