Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Имам неколку прашања...
1)Тие документи за предци или сл. се носат послем интервјуто ?
2)од кога ќе се помини интервјуто колку време се чека за да излези бројчето?
3) иначе воена книшка со која дедо служел војска бугарска три години може да заврше работа и дали да ја носам на интерјуто или нема да биде од корист?
4) како да научам бугарски има нешто онлајн нешто? фала однапред
1)направи им фотокопија земи и оригиналот за интервјуто ако не ти ги сакаат тогаш ќе им ги дадеш кога ги побараат (когато те проверјават)
3)ќе биде од корист дефинитивно
4)нема толку блиски јазици како бугарскиот и македонскиот реално биле еден јазик кој се променил и во бугарија и во македонија. Најдобро е да читаш бугарски весници или да гледаш бугарска телевизија, ако те интересира некој збор слободно може да ме прашаш
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Не и прави филмови :).не знам зашо сите очекуваат мед и млеко у лондон или било каде у странство,или па одма плата од 5000фунти.за да имаш толкава плата ти треба призната диплома,искуство,итн.и нема да почнеш со средна плата,туку најверојатно ќе почнеш со најниска плата која е околу 1200фунти месечно.а тие 5000фунти ќе ги сањаш на почеток.иначе 3500 за храна и облека се премногу,освен ако планираш да јадеш у ресторани секој ден и да купуваш секој ден брендирана скапа облека(е сеа ако сте научени и ако можете у мк така да јадите и купувате,ондак не ви треба лондон а ни бг пасош).ако може у мк со 200евра ондак може и у лондон со 1200фунти.ако знаеш како и колку да трошиш ондак и со најниската плата ќе ти останат пари.таму не ги интересира која партија си,и дали имаш вујко владика,па да те стаат у канцеларија одма.на почеток ќе чистиш станови(тоа обично работат румунци и бугари).со сонување за високи плати,само ќе потрошите пари за да отидете и ке се вратите назад разочарани.

за пасошот може да си аплицира,само не сонувајте премногу дека кога ке идете у странство ке почнете со највисоката плата.
Нормално не реков дека со 1200 не се живее, таа погоре кажа дека има братучед кој што работи Лондон и зема 5000 фунти и не му стигнувале.
И нормално за добра работа треба искуство и призната диплома. А повеќето клој што вадат Бугарски пасоши не одат таму за да работат вканцеларија туку како што кажа да фатат нешто за минималец и дури да заштедат.
А ако имаш диплома од странски универзитет и имаш 3-4 години искуство во Интернационална компанија не ти треба Бугарски пасош без проблем ќе ти дадат работна виза ако гарантира компанијата за тебе, а за стручен кадар гарантираат . Јас никогаш не извадив Бугарски пасош и без проблем најдов работа странство и ми дадоја работна виза.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Нормално не реков дека со 1200 не се живее, таа погоре кажа дека има братучед кој што работи Лондон и зема 5000 фунти и не му стигнувале.
И нормално за добра работа треба искуство и призната диплома. А повеќето клој што вадат Бугарски пасоши не одат таму за да работат вканцеларија туку како што кажа да фатат нешто за минималец и дури да заштедат.
А ако имаш диплома од странски универзитет и имаш 3-4 години искуство во Интернационална компанија не ти треба Бугарски пасош без проблем ќе ти дадат работна виза ако гарантира компанијата за тебе, а за стручен кадар гарантираат . Јас никогаш не извадив Бугарски пасош и без проблем најдов работа странство и ми дадоја работна виза.
Не се сите интелигентни на овој свет . Мора да се проба на алтернативен начин т.е со бг пасош
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Ту бе мајката, јас цело време се чудев кога Блгарите се фалеа со бројките на нивни граѓани во Македонија дека се набилдани, а тоа да ти било вистина. Денеска на виделина излегуваат потомците на бугарските окупатори ...:(
--- надополнето: 30 декември 2013 во 21:20 ---
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Бугарскиот пасош е можност, но не и гаранција за работа во ЕУ

Македонците со бугарски пасош од јануари можат да бараат работа во сите земји на ЕУ. Пазарот се отвора, но експертите не очекуваат бран иселувања од Македонија.
Не знам, ама веќе сериозно размислувам да се обидам да заминам во Лондон, каде еден мој пријател веќе подолг период работи во ресторан. Одамна ме вика таму и ми ветува дека ќе ми помогне да се вработам, но сега станува уште полесно, така што најверојатно ќе одам. Овде веќе не се издржува. Месечната плата од 20 илјади денари не стигнува. Ќе одам, па ако биде се‘ како што треба, ќе ја повлечам и жена ми и детето“, вели за Дојче веле скопјанецот Дејан, вработен во приватна фирма, кој веќе три години поседува бугарски пасош, но како што вели, досега не го искористил за ништо.
Дејан е еден од многуте македонски државјани со бугарски пасош кои од први јануари 2014. година имаат поголеми можности да се вработат во некоја од земјите членки на Европската унија. Со стартот на новата година престанува да важи привремениот договор на Брисел со Софија, потпишан во 2007. година, со кој бугарските граѓани беа ограничувани при вработувањето. Ова практично значи дека секој Македонец, кој поседува и бугарско државјанство, ќе може да конкурира за работа во Германија, Англија, Франција и останатите земји од Унијата, кои досега го ограничуваа слободното движење на работна сила. Колкав е бројот на Македонците што имаат слични планови како Дејан не може да се каже, но факт е дека станува збор за тема околу која доста се зборува во јавноста, се водат дискусии по форумите, социјалните мрежи, каде се бараат совети како полесно и побрзо да се дојде до бугарски пасош.
Бугарите и Романците не стигнуваат лесно до работа во ЕУ
Експертите се загрижени поради фактот дека иселувањето е топ тема и тоа не само кај младите, но не очекуваат дека либерализацијата на пазарот на ЕУ ќе предизвика масовен бран иселувања:
„Мислам дека состојбата во ЕУ не е толку подобрена за да може да се примат толку многу луѓе квалификувани, а особено неквалификувани од другите земји. Тие и понатаму ќе прават селекција на кадарот што ќе го вработуваат и имам некои сознанија дека сепак за Бугарите и Романците во ЕУ е тешко вработувањето, така што сметам дека не се многу реални очекувањата дека доколку се има бугарски пасош ќе се дојде многу лесно до работа. Во секој случај за дел ќе има, но голем одлив е илузорно да се очекува“, коментира за Дојче веле универзитетскиот професор Марија Зарезанкова-Потевска.
Позначаен импакт врз евентуалната миграција по овој основ не очекува ниту универзитетскиот професор Иван Дамјановски. Според него добар дел од Македонците кои зеле бугарски пасош со цел да емигрираат тоа веќе го сториле во земјите каде досега немаше ограничувања на пазарот на труд.
„Не треба да се занемари привлечната моќ на британскиот пазар, но сепак не сметам дека отворањето на овој пазар би донело до сериозни миграторни последици. Исто така, не треба да се занемари ни претпоставката дека голем број од Македонците кои зеле бугарски пасош тоа го направиле поради можноста за полесно патување во Европа, посебно во периодот кога Македонија беше на Шенгенската листа на земји на чии што граѓани им беше потребна виза за патување во ЕУ, но не и со цел да емигрираат во ЕУ“, коментира Дамјановск
--- надополнето: 30 декември 2013 во 21:31 ---
Македонците со бугарски пасош заедно со уште околу 30 милиони граѓани на Бугарија и Романија од 1 јануари ќе можат слободно да работат во земјите во ЕУ како сите останати граѓани на оваа меѓународна заедница.

Од почетокот на идната година престанува да важи забраната за граѓаните на овие две земји за вработување во земјите на ЕУ.

Тоа ќе значи дека од идната година нема да има квоти за вработување кои се актуелни во 10 членки на Унијата: Белгија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта и Холандија.

Дел од овие земји веќе најавија дека ќе ги повлечат ограничувањата, но некои од нив не се расположени за примена на законот на ЕУ, со кој една земја-членка може да ги одржи своите рестрикции на пазарот на труд пет години по ред, по пристапувањето на нова земја.

По истекот на рокот може да ги продолжи мерките уште две години, но само, ако се соочува со сериозни нарушувања и ако има објективно оправдување.

Бугарија и Романија, кои во Унијата влегоа во 2007 година, поради стравувањето на поголемиот број европски држави дека ќе има масовно иселување воведоа ограничување на работните дозволи за граѓаните од овие две земји.

Според некои податоци, околу 150.000 македонски државјани во изминатите години се стекнале со бугарски пасош. Поголемиот дел од нив пасошите ги земаат за да обезбедат работа во земјите од Европската унија
--- надополнето: 30 декември 2013 во 22:25 ---
http://dnevnik.mk/?ItemID=CD3F4A7409BF724BA7A4BFBFF92D099C


Ќустендил остана без 25.000 жители и без македонските муштерии
Некогашниот преполн пограничен град Ќустендил во соседна Бугарија, кој секојдневно беше преплавен од шопинг-туристи, најмногу Македонци, денес е полупразен и нималку не личи на она што беше само до пред две-три години. Македонските посетители се малобројни, а истовремено континуирано се намалува и бројот на ќустендилци, кои масовно се иселуваат. Еден од некогаш најголемите и најснабдени отворени пазари, полн со тезги со разновидна стока и купувачи, сега е речиси празен, а и во останатите трговски објекти ретко се среќаваат заинтересирани муштерии.

Нема ни српски муштерии

Во последно време најактуелни се продажните центри со стока од втора рака, каде што се чека ред, што зборува за опаднатиот стандард на бугарските граѓани.

- Продажбата постојано опаѓа. Цените скокаат, а потрошувачката се намалува. Ако некогаш Македонците ни беа главните муштерии, денес ретко ги има, а и ќустендилци купуваат с` помалку. Скапо е, а голем е бројот на оние што не може да ја купат стоката што ја нудиме - вели продавачка во ексклузивен бутик, која не сакаше да ~ се споменува името.

Трговците се жалат дека и оние македонски граѓани што с` уште доаѓаат да пазаруваат повеќе не носат полни торби со производи за целото семејство, туку само по неколку парчиња, кои се поевтини на бугарскиот пазар.

- Порано Македонците масовно доаѓаа и се облекуваа овде од глава до петици. Сега и тие ретките што пазаруваат доаѓаат со одредена намера и купуваат само она што е поевтино, обично обувки и облека. Најчесто тоа се жители од Kрива Паланка и од Скопје. Во Ќустендил нема ни српски шопинг-туристи, освен од пограничниот Босилеград. Kај нас не доаѓаат ниту Грци, тие одат во Сандански, таму им е блиску и поради кризата ги има во голем број - велат повеќето од ќустендилските трговци со кои разговаравме.

Тие се жалат дека ги губат како потрошувачи и сопствените жители, затоа што градот постојано с` повеќе се празни.

- Граѓаните се иселуваат во поголемите центри во Бугарија или цели семејства заминуваат во странство, најмногу во Шпанија, Италија, Шведска, Англија. Ако некогаш градот имаше околу 70.000 жители, денес се останати едвај околу 45.000 жители - вели ќустендилецот Станимир Дончев.

Се чека стока од втора рака

Тој објаснува дека минималната плата изнесува 150 евра, а пензиите во просек се околу 100 евра или дури помалку, а дека е голем бројот на оние што ги добиваат токму овие примања.

- И што може да купат со тоа? Да ги намират сметките, некои основни продукти и да крпат понатаму. Kаква облека, каков луксуз, тоа е заборавено. Тешко се живее, многу тешко. Единствена придобивка од влезот во ЕУ е што луѓето може да заминат од Бугарија и да одат на печалба во европските земји. Ама и таму не се наоѓа лесно работа и оттаму стигнуваат ограничувања за Бугарите - вели Дончев.

Поради нискиот стандард, ќустендилци се најбројни во трговските центри со стока од втора рака, а таму може да се сретнат како пазаруваат и македонските граѓани.

- Гледате дека се чека во ред. Особено кога се добива нова пратка. Граѓаните ги полнат кошниците затоа што е евтино, се продава на килограм. Затоа овде се најбројни муштериите. Има примери и лица што работат во скапи бутици да се облекуваат во секнд хенд-магацините. Има и Македонци, кои овде прават шопинг, а тие најмногу бараат скијачка опрема, особено оние што одат на зимување во ски-центрите во Бугарија - вели продавачката Десислава Рајчова.

И додека бројот на македонските шопинг-туристи во Бугарија се намалува, расте бројот на бугарските граѓани, кои с` почесто пазаруваат во Kрива Паланка. И тоа најчесто прехранбени продукти и средства за лична хигиена, кои кај нас се поевтини. Поради близината, наместо на ќустендилскиот пазар, одат преку граница во продавниците покрај пограничната зона и таму ги купуваат потребните продукти. Бугарски граѓани во голем број има и во кривопаланечките угостителски објекти, каде што веќе резервирале и за пречек на Новата 2014 година.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
http://www.mkd.mk/makedonija/dejli-mejl-povekjeto-bugari-od-makedonija-shto-imaat-bugarski-pasosh-ne-znaat-bugarski

Дејли мејл: Повеќето сопственици на бугарски пасош од Македонија не знаат бугарски, ниту имаат бугарско потекло

Голем број од апликантите за бугарски пасош од Македонија не зборуваат бугарски, немаат бугарско потекло, не знаат ништо за земјата и се мотивирани само од можноста за влегување на пазарот на труд во ЕУ, вели Дејли мејл.

Бугарија досега беше критикувана за својата лабава процедура за издавање пасоши, а некои корумпирани службеници беа обвинувани дека за поткуп од помалку од 200 фунти набрзина ги обработуваат апликациите, пишува британскиот весник Дејли мејл во текст по повод денешното укинување на работните ограничувања за жителите од ЕУ.
Бугарија прво почна лесно да дава пасоши за да ги зајакне врските со 2,5 милиони припадници на бугарското етничко малцинство во соседните земји - таа одамна тврди дека Македонија, порано дел од Југославија, е бугарска, пишува весникот.
Сепак, голем број апликанти не зборуваат бугарски, немаат бугарско потекло, не знаат ништо за земјата и се мотивирани само од можноста за влегување на пазарот на труд во ЕУ, вели Дејли мејл.
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 22:34 ---
http://www.mkd.mk/svet/vesti/rasprodadeno-avionite-i-avtobusite-prepolni-romancite-i-bugarite-navalija-vo-eu-fotovideo

-------------------------------------

Распродадено! Авионите и автобусите преполни: Романците и Бугарите навалија во ЕУ (ФОТО+ВИДЕО)


Бугарите и Романците последниве денови се подготвувале да отпатуваат во Британија, по денешното укинување на ограничувањата за работа. Речиси сите летови од Романија до Англија се полни – дури една авиокомпанија морала да го удвои бројот за да ја исполни побарувачката – продавајќи билети во еден правец и за 3.000 фунти по карта. А сите билети за автобуси од Софија до 9 јануари се распродадени.
Стотици илјади луѓе и од надвор од ЕУ од денес ќе можат да работат низ целата Европска Унија, поради тоа што Бугарија и Романија им даваат пасоши, пишува британски Дејли мејл.
Тоа ќе им даде на некои од најсиромашните во Европа право да живеат и да работат во ЕУ.
Бугарија и Романија им нудат национален статус на малцинските или етнички групи што живеат во земји што не се членки на ЕУ, вклучувајќи ги Молдавија, Македонија, Србија, Украина и Турција, пишува весникот.

Бугарските власти веќе им имаат издадено 90.000 пасоши на Македонци, додека Романија им нуди на сите 4 милиони жители на Молдавија шанса да добијат романска националност. Уште 300.000 од Турција може да аплицираат за бугарски пасош.
И Унгарија им дава европски пасоши на своите соседи. Има само два услови – директен предок што е Унгарец и основно познавање на јазикот. Веќе аплицирале 100.000 Срби. Во меѓувреме Малта објавила дека од денеска им продава ЕУ-пасоши на странци за 650.000 евра.
Илјадници мигранти и досега ги користеа своите бугарски или романски пасоши за да се преселат во некоја од ЕУ-земјите откако двете држави пред 7 години се приклучија во Унијата. Од денеска тие ќе можат истото тоа да го прават и во Британија, зашто работните ограничувања за оние со бугарски и романски пасоши се укинати.
Додека некои од оние што одат во ЕУ изразуваат желба да најдат „каква било работа“, пораките на интернет-форумите покажуваат дека има и такви што се распрашуваат за бенефициите.
Една корисничка на популарен веб-сајт напишала: „Мојот сопруг и јас сакаме да родам дете во Велика Британија. Сакаме да знаеме за какви бенефиции може да аплицираме. Заинтересирани сме за добивање социјален стан.“
Една мајка напишала дека се надева дека ќе се пресели со своето семејство во Велика Британија во надеж дека ќе добива помош во пари за повеќедетно семејство - додека друг човек зборува за својата желба да добие куќа.
Една бремена Романка вели: „Прочитав на овој веб-сајт дека може да добивам 190 фунти неделно од британската влада од 25-тата недела од бременоста. Би можел ли некој да ми помогне со документите?“
Други пишуваат дека се надеваат дека ќе се породат во британска болница.
Туристичките агенции во Софија, исто како и оние во романскиот главен град Букурешт, известуваат за голема побарувачка по билети. Во централната автобуска станица во Софија, туристичката работничка Светланка Боучева вели: „Сè е распродадено до четврток, 9 јануари. Нема веќе место.“
Шеснаесет воза со повеќе од 50 патници по воз ќе отпатуваат од Софија во Лондон следниот месец. Цените се качиле до небо поради високата побарувачка. Бројките на оние што патуваат од Софија во Велика Британија следната година ќе се зголемат двојно - до 70.000.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.417
Поени од реакции
38.961
А шо е финтата со Лондон? Сите од уста не го вадете , а има еден куп подобри дестинации кај што може да се заработи подобро , пример во Швајцарија. Не сте свесни каков град е Лондон , ќе ве убие во поим особено тие што немаат образование.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.216
Поени од реакции
8.317
Вадел ли некој овде кај нас во Бугарскава амбасада, што документи треба и колку време се чека?
 
Член од
4 септември 2012
Мислења
180
Поени од реакции
105
Засега нема бран од мигранти кон Велика Британиа. Веројатно ке има, но не од 1-ви и 2-ри јануари. Не е сериозно, но веке има дефицит на лекари - околу 7000, а ке има и уште.

http://www.vlastta.com/displaynews/64685

http://btvnews.bg/video/video/news/britanskite-medii-sledyat-pristigashtite-samoleti-ot-balgariya-i-rumaniya.html

Еве и официалниот портал за работа во ЕУ

https://ec.europa.eu/eures/main.jsp?acro=job&lang=bg&catId=52&parentId=0
 
S

simpleman

Гостин
Дали има некој некоја релевантна информација со бројчињава на дополнителна што ќе биде?
 
S

simpleman

Гостин
а однесе ти дополнителни документи?
Изводи само.Но тоа што го бараат е документ каде има доказ за предок бугарин.Но се носат исто и изводи од татко и дедо легализирани и преведени.Останува да чекаме да видиме што ќе биде!?Никој нема официјална информација,се е на шпекулации и претпоставки што ќе биде.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
18
Поени од реакции
2
Изводи само.Но тоа што го бараат е документ каде има доказ за предок бугарин.Но се носат исто и изводи од татко и дедо легализирани и преведени.Останува да чекаме да видиме што ќе биде!?Никој нема официјална информација,се е на шпекулации и претпоставки што ќе биде.
па да и јас сега ке носам само изводи, немам друго, па ке видиме.
Колку те чинеше ова со изводиве?
 
Член од
11 јуни 2013
Мислења
56
Поени од реакции
22
Изводи само.Но тоа што го бараат е документ каде има доказ за предок бугарин.Но се носат исто и изводи од татко и дедо легализирани и преведени.Останува да чекаме да видиме што ќе биде!?Никој нема официјална информација,се е на шпекулации и претпоставки што ќе биде.
Кога аплицираше ти? Да знам дали да аплицирам или не, немам и јас ништо како доказ, освен ако се шпекулации само.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom