На запад на пример...има и полоши ситуации со кои јас лично сум запознаена.
Сакаш да слушнеш?
Ајде ке бидам добра и ке ти откријам.
Го имам пишувано и во друга тема.
1:Стан ке мораш да плакаш 700 евра (освен ако не го делиш со некој цимер па ке го поделите трошокот.)Таму ке те истераат ако не платиш еден месец овде нема.
2:Ке ти се погоди некој катил газда и ке те заебава цело време и нема да ја даде целата плата,пола по пола...А ти ке рмбаш од утро до мрак и ке го молиш а тој ке си го прчи да ме извиниш к*рот.
Нема да кажам кому му се случи тоа под точка два..
Нема да откривам.
Од таа бројка која ми ја кажа ти мене,се вратиле овде многу фамилии затоа што нема работа,се случувале да седат со недели без работа и да се вратат овде со подвиткан опаш.
Запознаена или си искусила сама?
1.стан секаде е различно,не знам за тебе која земја е запад и каде е 700евра,али становите во сите држави се различна цена.во германија има и по 500евра стан и то убави станови.точно е дека таму ќе те истераат,ама и во мк мк ќе те истераат ако не платиш а си у приватен стан,никој у мк не е дужен да те остави у стан а ти да касниш 3 месеци со плаќање.точно е дека се скапи,ама на почеток ќе седиш у соба,исто ти е ко со мама,тато,баба,дедо,дада,бато у мк да седиш.а и странциве нема да цркаат и викаат по тебе ко си у купатило.домашните ќе ти тропаат на врата за побрзо да испадниш
2.у мк не си го прчат,у мк се најредовни со плаќање плата и придонеси?ете работев у мк у грчка фирма,плата за декември зимав у март и то половинка плата,а работев некогаш и по 3 смени.ми се десило да отидам у 7 сабајле,да се вратам дома у 5 сабајле наредниот ден,у мк беше тоа,ама таму нели е сјајно па вакви работи се оправдани,така?
види како работат оние по конфекции,и види колку плата зимаат и колку време работат.
ми се чини дека ти у јавна администрација работиш за то све ти е погодено и плата ти даваат редовно.
3.се вратиле дома тие што отишле да бидат директори.за градежништво и чистење станови стално има работа по странство.а и чистењето пример за у англија иде и до 10фунти/саат.за 2 дена зимаш плата ко некој у мк за цел месец.
и најверојатно се вратиле дома тие што отишле у италија.тука ни за италијаните нема работа,луѓето работат фамилијарно само за да не платат други работници.
у странство е тешко да работиш,се работи по 10-12 саати,становите у поголемите градови обично се скапи и со најниска плата нема да можеш да земеш,али ќе си изнајмиш соба на почеток.ако идеш у пар ондак со 2 плати е подруго,ќе можеш некој мал стан да најдеш.
платата е подобра и е редовна,некаде е неделна плата.може да те заебаваат само ако си на црно.
и уште една работа,у странство живееш од плата у мк живееш од кредити и за кредити.земаа сите од онај ОК кредитот и денеска плаќаат рата,утре ги вадат на банкомат.