Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И во Дневник има напис во кој пишува за „ трагедијата “ која се случи во Куманово. Да ве подсетам, таму пајакот не работи.
Прочитајте ги и коментарите на „ ужалените “ читатели:
http://dnevnik.mk/?ItemID=05DD77A83CC7C041951A22D222512C3D
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466

Не приметуваш дека си досаден малку и дека ептен ја оптеретуваш темата????Пропагираш џанам ко да те плака некој. А бе да не те плакаат тоа партиите,така ми мириса мене.

Еве пред некој ден имав работа до Центар,поточно Капиштец.Паркингот под трговскиот празен.Се симнав завршив работа и платив 10 банки или едно мо**ње у јавно ВЦ.......

И сега шо праиме,а???И 10 банки ти се многу?????? Етогаш оди пешки што да ти кажам.....
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
Picture 1162.jpg Picture 1163.jpg Picture 1164.jpg
без зборови, еве денес, иди види, млади, здрави, карши Веро,............ Picture 1167.jpg Picture 1168.jpg Picture 1165.jpg
 
Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Скопјеинфо.мк е објавен опширен напис на какви понижувања и малтретирања се изложени Граѓаните поради злоупотреба на пајаците
( Да Ве подсетам - според Законот за безбедност во сообраќајот - употребата на пајак возилата е предвидена само ако возилото представува непосредна опасност или пречка за сообраќајот )
Во написот е всушност прераскажани изјави на зонашите кои се подсмеваат со граѓаните. Ни за нив сме „ глумци “. Ова е најголем доказ на какви понижувања не изложија овие лешинари и нивните подржувачи.
Ве молам прочитајте ги овие подсмевања од овие лешинари ?
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1354011787/kako-da-izbegnes-kazna-od-skopskiot-pajak

копјани често пати легнуваат врз шофершајбна, колабираат, се претставуваат како министерски братучеди, како директори, се соблекуваат по гаќи... Да се филмуваат, овие ситуации ќе можат да се искористат како инсерти во документарен филм „како да избегнеш казна од пајак“ во кој главните улоги ги толкуваат снаодливи граѓани и „пајаците“ на „Градски паркинг“ и на „Паркинзи на Општина Центар“, пишува Утрински.

„Некои се како родени за глума. Во моментот смислуваат начин како да ја одбегнат казната. Но, ништо не им помага. Секој прекршок го казнуваме, „пајакот“ е безмилосен, пред законот сите се исти“, тврдат од пајак-службите и на двете претпријатија.
Секојдневно слушаат секакви молби, но и закани и клетви од сопствениците на фатените возила. Велат дека сите, како по правило, ја почнуваат приказната со реченицата „ама паркирав само на 5 минути да купам нешто, како баш мене ме фативте“.

„Потоа љубезно молат да не им го подигаме возилото. Често се повикуваат на познанство со директорот или, пак, велат дека некој друг вработен во Пајак-службата им е добар пријател или роднина. Кога ќе видат дека се' е залудно, тогаш убавите зборови се претвораат во пцости и клетви, а има и такви што се закануваат“, раскажуваат вработените во пајак-службите. Многумина од нив се сведоци на смешни ситуации кои, како што велат, никогаш нема да ги заборават.

„Се случи да кренеме возило паркирано во трева, а во него да ти имало човек. Кутриот заспал, а бидејќи возилото однатре беше замаглено, беше зима и темница, не видовме дека во него има некој. Дури кога веќе возилото го кренавме, тогаш заспаниот се освести и ‘пајакот‘ го ослободи“, се присетува еден од вработените во Пајак-службата на „Градски паркинг“.

Додава дека често се случува кога сопственикот на возилото ќе го затекне „пајакот“ во акција да влезе во него, да ги заклучи вратите и да одбие да излезе, мислејќи дека така ќе го спаси возилото.

„Во возилото седат и додека тоа е во воздух, но, кога ќе го спуштиме на приколката, гледаат дека се' им е џабе. Ова најчесто го прават помладите“, велат од „Градски паркинг“.

Постои една шега меѓу вработените, а тоа е дека најинтересна смена е онаа што ги „лови“ автомобилите во вечерните часови, кога најчесто непрописно се паркираат младите што се излезени во град. „Младост - лудост, плус ако се поднапијат, тогаш гледаме се' и сешто“, коментираат вработените.

Биле сведоци кога момче и девојка легнале врз автомобилот за да го спасат од кревање. „Едни, пак, беа паркирани пред кафуле и во моментот кога се подготвуваме да го кренеме возилото, истрчаа пред него и почнаа да прават стриптиз за да ни одвлечат внимание. Навистина беше смешна, но и непријатна ситуација. Имаше и момчиња и девојчиња, сите до еден беа пијани“, раскажува еден од вработените во Пајак-службата.

Омилена меѓу вработените е приказната кога повозрасен господин на улица во центарот на градот застанал пред „пајакот“ и почнал да се соблекува. Откако се соблекол и останал само по гаќи, легнал пред „пајакот“ и им рекол на вработените „Подобро згазете ме мене отколку да гледам како ми го земате возилото“.

А случка со кумановец кому му бил кренат автомобилот вработените ја прераскажуваат како една од најсмешните. „Го подигнавме возилото и ’пајакот‘ отиде да го однесе на депо. Јас останав на истото место да го чекам да се врати за да подигнеме и други автомобили кои беа тука паркирани. По кусо време дојде сопственикот на возилото и на цел глас праша ‘куде ми е бре авто'. Еден случаен минувач му рече дека, најверојатно, го собрал ’пајак‘. Кумановецот мртов сериозен искоментира' па ја нисам дошја с муву, па пајак да га земе'“, се присетија во Пајак-службата.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Posto pajacite najcesto gi digaat vozilata samoinicijativno bez odobrenie od soobrakjajna policija (za propisno parkirano vozilo i nemozat dadobijat odobrenie), vo toj slucaj treba da se prijavi krazba na vozilo vo mvr i od tamu da se zeme potvrda za prijavena krazba na vozilo. Ponatamu so advokat pod ruka i e... im majkata lopovska.

Sent from my U8600 using Tapatalk 2
 
Наполно си во право. Пајаците не смеат на своја рака да дигаат возила. Мора униформиран полицаец да издаде налог. Така пишува во член 62 и член 400 од Законот за безбедност на сообраќајот
Еве ќе раскажам што ми се случи вечерва околу 20 часот
Излегов да прошетам и гледам на Улица Маркс - Енгелс, четири градски пајаци
Се намерачија да дигаат една кола. Преминав преку улица и им реков - Каде ви е полицијата, не смеете сами да дигате возила. Едниот ми вели - Не е твоја колава. Реков - Моја е ... Во тој момент дојде сопственичката на возилото И нејзе и реков дека не смеат да дигаат коли без полиција. На тоа зонашите од четирите возила почнаа да викаат по мене:
Е вампир, вампир, вампир..... ( како што знаете јас сум постар ) Викајте, им реков јас, но вие сте арамии не сум јас. И пајаците си ги собраа парталите и си отидоа
Зборот ми е да покажеме сите граѓанска солидарност и да се спротивставиме на ова угнетување. Тие дигаат возила за да директорите и швалерките на општинските лешинари земаат плата - тоа на сите да Ви е јасно. Немојте да се лажете и да мислите дека тие пари се за Градот
 
Како не ти е срам да лажеш на тие години!!!!!!

Ако толку те интересира,еден од шоферите на Пајак службата ми е зет случајно.Значи не тргаат без полицаец во возилото.Ако некогаш си одел да плакаш казна за подигнато возило,ке забележиш дека полицијата има своја канцеларија каде се пишуваат казните на лице место.....

Друг пат пази што пишуваш,не знаеш кој е позади тастатурата...Ај здраво
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како не ти е срам да лажеш на тие години!!!!!!

Ако толку те интересира,еден од шоферите на Пајак службата ми е зет случајно.Значи не тргаат без полицаец во возилото.Ако некогаш си одел да плакаш казна за подигнато возило,ке забележиш дека полицијата има своја канцеларија каде се пишуваат казните на лице место.....

Друг пат пази што пишуваш,не знаеш кој е позади тастатурата...Ај здраво
Нема врска, имам видено со мои очи како креваат возило без полицаец во близина.
Само го фотографираа возилото претходно дека е непрописно паркирано и го кренаа. Можеби полицаецот бил некаде во близина во околните кафулиња каде најчесто дремат и веќе издал налог или пак ќе му се јават на телефон и ќе го напише покасно кога ќе го соберат за враќање, ама во секој случај додека го креваа возилото беа само шоферот кој го фотографираше и еден дечко кој местеше куки на возилото..
Муабетот ми беше дека не мора да значи оти Пајакот лаже за тоа дека немало полицаец присутен.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.864
Како не ти е срам да лажеш на тие години!!!!!!

Ако толку те интересира,еден од шоферите на Пајак службата ми е зет случајно.Значи не тргаат без полицаец во возилото.Ако некогаш си одел да плакаш казна за подигнато возило,ке забележиш дека полицијата има своја канцеларија каде се пишуваат казните на лице место.....

Друг пат пази што пишуваш,не знаеш кој е позади тастатурата...Ај здраво
Ме боли уво кој ти е зет.
Ја сум ги видел на лице место, на Партизанска како дигаат коли без џандар тука присутен. Али до сеа не ни знаев дека мораат да имаат џандар со нив.
Е сега, можеби имало некој во цивилка...
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Ме боли уво кој ти е зет.
Ја сум ги видел на лице место, на Партизанска како дигаат коли без џандар тука присутен. Али до сеа не ни знаев дека мораат да имаат џандар со нив.
Е сега, можеби имало некој во цивилка...
Не се замарај со него, нема тема кај што не "прди". Живее со мотото : "Не знаеш кој е позади тастатурата". :pos:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.651
Поени од реакции
11.729
Се случи да кренеме возило паркирано во трева, а во него да ти имало човек. Кутриот заспал, а бидејќи возилото однатре беше замаглено, беше зима и темница, не видовме дека во него има некој. Дури кога веќе возилото го кренавме, тогаш заспаниот се освести и ‘пајакот‘ го ослободи“, се присетува еден од вработените во Пајак-службата на „Градски паркинг“.
тешка багра се, а на нив дозволено им е да направа зонско паркирање у тревник, да послем стоковна куќа мост земаа песокот нафрлија и ставија табли :facepalm:
на тротоар несмееме ние да се паркираме, а они земаа ги обележаа и сеа кога ке платиш смееш :facepalm:

иначе мн глупав закон имаме, у други земји доколку возилото не смета на нормално одвивање на сообраќајот не го креваат него само му лупаат казна за неправилно паркирање, додека ние мораме да плаќаме и за пајак и за неправилно паркирање :sick:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве видео за дивеењето на пајаците на Бувљакот. Видеото трае минита и пол и завршува со констатација дека градот спечалил 100 илајди денари. Тоа не е точно. Градот не само што не печали од пајаците туку ги субвенционира пајаците. Субвенциите за зонашите се помеѓу еден и два милиони евра секоја година во ќеш пари плус на други начини префрлени пари.
Можете да видите дека дигаат возила кои не се ниту на улица ниту на тротоар туку на ливада.
http://www.youtube.com/watch?v=ISvM21FJf1E
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Но еве како што има погоре луѓе се предале кон овој криминал и сега не им се дава работата зошто зетот ќе остане без пари а со тоа и сестра му. Со еден збор паразити кои сакаат да живеат од наплата на паркниг.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.038
Поени од реакции
1.121
Системот на зонското паркирање е закон како што функционира сега.Јас го -зло-употребувам една година и сум задоволен сега засега.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom