Иако годинава повеќе не зближуваше РК Вардар, сепак ФК Вардар си е нашиот прв тим, па традиционално да си посакаме нова година во темава
СРЕЌНА НОВА 2014 ГОДИНА ВАРДАРЦИ :pukampetardi:
Во новава година првенствено да ги надминеме проблемите во групата, да го исчистиме запад од политичките пиуни, а се ова воглавно повлекува дека ни треба некој нов спонзор во Вардар кој ќе го интересира само тимот и ништо друго вон него.
Самсоненко можеби е правилниот избор, можеби не, се надеваме дека ќе имаме шанса да го оцениме, затоа со моменталново раководство уште три години ќе ни требаат за помошни игралишта (што се прават за месец дена) да правиме...
И годинава како и лани да се израдуваме на две титули и во фудбал и во ракомет, па можеби и во шампионска титула во женското ЛШ.
Што се однесува на Комитската екипа од кајгана, ви посакувам уште многу утакмици да си изнавиваме заедно, да ве служи здравјето пред се, и нормално сите желби да ви се исполнат
П.с. секоја година викам да пазите што правите вечерта на 31, ама годинава ќе кажам правете што сакате, и онака за се што ќе се случи во градот по дилфот ние ќе бидеме криви, вака барем нека имаат причина
![Не вреди... :notworthy: :notworthy:](/styles/default/xenforo/smilies/notworthy.png)