.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Има доста човечки особини ај така да ги наречам кои едноставно ми создаваат кај мене негативна енергија. Прво што најмногу не ми се допаѓа кај некои луѓе кои со самата нивна појава создаваат негативна енергија и поточно тие исти личности имаат и негативна перцепција за сегашноста и иднината. Кога ќе бидеш во нивна близина тие секогаш зборуваат негативно за 90% од работите, секогаш кога ќе кажеш некоја идеја тие автоматски гледаат негативно на идејата. Исто во оваа категорија на личности се оние кои се трчи-лажи кои буквално за секој трет збор им е лага,измислица. Третите пак се оние кои цел живот се жалат и плус тоа не можат да се поднесат себе си па заедно со нив ги повлекуваат и останатите личности кои се наоѓаат про крај нив па така да ваквите личности ги избегнувам се повеќе. Доста во последно време ми пречат личностите кои се квази филозофи, кои секогаш мислат дека се во право и врз тоа солат памет и својот нос секогаш знаат да го "пикаат" во туѓиот живот како свој да немаат. Тука можам да ги додадам и оние дувна ветре што ги нарекувам јас кои ќе излезат со тебе и сега ги гледаш после не или подобро кажано само што имаш излезено со нив се предомислиле и мораат да одат дома или пак на некое друго место, плус тоа секогаш не им се допаѓа нешто било тоа кафето,чашата, амбиентот со овие личности тешко се излегува на крај.