concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
....лесно им е нив на северозападот на Македонија да закераат и условуваат.., дополнителната дејност им цвета, башка турски и саудиски енергетски додатоци у шише... , но останативе наши по франкфурт ги ловат ко зајаци....што со нив ????Дел од бизнисмените предлагаат минималец од 20.000 денари
Стопанската комора на северозападна Македонија предлага зголемување на минималната плата од 8.050 на 20.000 денари. Предлогот го образложуваат со фактот дека едно семејство не може нормално да живее со сегашниот минималец, па дури и доколку двајца родители во едно четиричлено семејство примаат плата. Поради ова бараат нивниот предлог да го разгледаат Министерството за труд и социјална политика и Владата. - Она што ние го бараме е приближување до реалноста, до реалните потреби на граѓаните. Минималната плата е толку ниска што со неа не може да се преживее. Барањето за зголемување на минималната плата на 20.000 денари е доставено до Министерството за труд и социјална политика. Свесни сме дека Министерството ќе ги земе предвид мислењата и на другите комори, како и на кластерите, па ќе биде потребно време за да ја добиеме нивната одлука - вели претседателот на комората Мендерес Кучи за Нова Македонија. Кучи, како што вели, очекува нивниот предлог од Владата да биде примен со доза скептичност, но истакнува дека за да се подигне стандардот и за да се зголеми потрошувачката во државава, треба да се почне со зголемување на платите. - Сметам дека е време нешто да се направи на ова поле, бидејќи оваа минимална плата прави нереална слика за состојбите тука. Може да се намалат непродуктивните трошења и државата да ја одреди границата до каде можат да се спуштаат платите. Доколку сме реални, ќе признаеме дека никој не може да преживее со минималецот што сега е одреден - вели Кучи. Кучи подвлекува дека став го застапуваат сите членови на Комората и сите заедно сметаат дека сумата што ја предлагаат е реална минимална плата и која всушност и самите членки им ја исплаќаат на вработените.
LINK
Е, ова е предлог што никој нема да го одобри, а е максимално потребен.

..среќна ви Нова 2014 на сите...
