Филмски желби немам. А TO DO листа за 2014 се важи? Ако да, во 2014:
-ќе ги изгледам сите серијали филмови за суперхерои за прв пат. И Супермени, и Бетмени, и Торови и Иксменови, и Спајдермени, и Авенџери...
-ќе гледам што е можно повеќе светска кинематографија, за да надоместам се што сум пропуштил
-ќе го гледам конечно фамозниот Фајкла
-ќе ги комплетирам сите филмови од Филмскиот каталог за тапчовци
-ќе гледам повеќе филмови, а помалку серии. Од серии, ќе ги чекам само продолженијата на Game of Thrones, The Walking Dead, The Killing и Downton Abbey. Не стартувам ништо ново.
-ќе присуствувам барем на 12 кино премиери/проекции
-ќе репризирам многу филмови и некои филмски серијали (Narnia, Pirates of the Caribbean, Lord of the Rings...)
-ќе ја надминам бројката од 200 spotted movies
-ќе пробам да ги изгледам сите филмови за Бонд
-ќе ја дополнам листава, по потреба...