Неможеш да го избегнеш, зошто намерата е голема маса да се запознае со тебе. Ако ти го исклучиш компјутерот, другите не го исклучуваат. Во тој случај другите во реалноста ти го презентираат. Со ова тужба ме насмеа, ама стварно

Тужба у МКД и крај на програмата се си решил. Не прај муабет.
Се зависи од годините и од карактерот. Јас такви пораки никогаш не сум ги доживувала како заканувачки. Ние викаме не крекај за џабе. Може предизвикува некои емоции да отидеш и ти да го одереш, али знаеме да се контролираме. Оној што крши вилици по пп, ова, она ќе направел тој само бесот си го истура зошто неможе да ти одговори. Или мисли дека ќе те спречи да пишуваш. На такви пораки ако вратиш контра, за два дена профилот го брише. Од толку што е јак нели. Мене ми се смешни, незнам можеби оти се дел од реалните реакции. И во живо кога ќе разбереш нешто велиш ќе му пукнам вилица нека се собере и такви ствари, па никад не дошло до физичка пресметка.
Ако си помлад лесно влагаш во тој круг на емоции и може да настане проблем. Или ако си емотивен и ако лично доживуваш се она што се случува на форум, твитер или фб. Некој некаде те споменал и те нарекол мисирка, крава, курва, глупа и ти земи мавни ја главата од монитор. Цели драми се прават. Па се бришат кога веќе неможат да се справат, па прават нов ник па одново почнуваат демек никој не знае кој се, детски ствари.
Неможеш да го промениш заебавањето. Оти тоа постои насекаде околу нас. Оној кој е послаб и јавно ги покажува слабостите секогаш ќе биде на удар. Тоа е дел од животот. Ако во реалноста е практика, ни виртуелниот свет неможе да биде исклучок. Тоа е тоа правило, не се сите фини и мирни и неможе да бидат сите исти. Неможе сите да те „јадат“ баш тебе секогаш. Еднаш ти се заебаваш, после тебе те заебаваат и така врти кругот. И неможе да не ги промениш нештата поради кој тебе ти се нафрлаат. Ако ги промениш, масата сфаќа дека толку е од заебанцијата и се повлекува. Никој не те заебава поради тоа што си, туку поради тоа што го правиш. Али да ги малтретираш и на улица и дома, по пријатели, по роднини тоа веќе спаѓа во малтретирање. Добро познат веќе објасни на што мислиме. И се случува. И пријави и тужби не помагаат. И незнам како незнаете ни еден случај. Најинтересно е што себе си се сметаат дека се малтретирани, не дека они малтретираат. Имаат 1001 причина да го прават тоа. И никако не сфаќа дека треба да запре.
--- надополнето: 30 декември 2013 во 09:06 ---
Би сакала вака да го поставам прашањето, дали се чувствуваш ти малтретиран од сајтчињата кои секој ден ти ставаат на насловна Кардашијан? Баш те имам прочитано и многу останати дека тоа го сметаме за тортура. Е сега овие два лика, зарем не ја прават истата тортура со години само на место кое ние си го сакаме? Нешто као Торес тип. Гледаш колку е контрадикторно кога е со пример.